Ако имат ваква тема може да ја избришете... Реков да ја отворам оваа тема и да споделиме со вашите мислења или од некој искуство. За еден возрасен човек се работи, кој вози секој ден ноќе и после тоа како што е уморен и неможе да заспие и ако заспие само некој сат и се разбудува ради некој кучиња што лае или маче што мјаука или некој ќе влезе в соба и тука одма се разбудува. Буквално човекот неможе да се наспие барем 8-9 сати, иако напротив тој нема за нешто да се мисли или слично, со организмот си немат проблеми и си оди на теретана значи се е океј но освен спиењето.. Дали имат некој ваков сличен со спиењето, како се справувате и повеќе информации? Благодарам однапред.
Јас, години наназад веќе Комбинација од недоволна физичка активност + стрес + нездрава исхрана + social media.
Зависи дали си се наспал 8ч,да не си анемичен итн. За луѓе со апоеми ова е честа појава. Апоема е паузата што се правиш при рчење.За време на оваа пауза заспаниот не дише и не добива доволно кислород во мозокот.Од тоа се чуствува без сила и се осеќа не наспан. Затоа апоемите се причина за многу психички болести ,како и болести на срцето.За луѓе што рчат се даваат маски. Мораш да посетиш доктор и да го најдете проблемот.Не знам дали во Мк има доктори за спиење.
Пред спиење ако се напијам олиговит витамини и минерали, ми помага посвежо да се чувствувам насабајле, секако под претпоставка дека спијам приближно 7-8 часа. Ако се истуширам пред спиење, исто ми помага.
-Фаќање телефон веднаш после спиење и скролање пред спиење. -Недоволна физичка активност. -Пореметен биолошки саат (мене ми се деси од НГ кога заглавив до 6 сабајле до сега не можам да се вратам во колосек со спиењето). -Недостаток на некои витамини.
Пред да бидам секојдневно и редовно физички активна се будев ненаспана и бев како овенато цвеќе. Сега откако редовно вежбам сум како росно кокиче, свежа во лице, наспана, расположена, освен ако не легнам многу касно па сум поспана преку ден, па морам да дремнам попладне за да надокнадам. И да помалку по соц. мрежи, тоа нуди поквалитетен сон.