Проблеми со срцето

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од meri-d, 10 јуни 2011.

  1. meri-d

    meri-d Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво,имам 20 години и од пред две години имам проблеми со срцето.
    направив ЕХО коментар:
    уредни димензии на срцевите кавитети,
    елонгиран похеоген преден митрален куспис,без класицен ехокардиографски знаци за пролапс на истиот,регистриран лесен регургитантен јет.Останатиот вал. апарат морфолошки уреден.Лесно истенцување на ИАС во регион на фосса овалис.
    перикард:без раслојување
    лекарот не ми напиша никаква терапија и смета дека не е нешто страшно,јас сепак
    и ден денес чуствувам некои вознемирувања во срцето: стегање,особено при спортување и замор,аритмија, хипертензија при употреба на кофеитн, и сл.
    Сево ова многу ме вознемирува зато ве молам за помош!!!!
    поздрав!
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    796
    проблеми со срцето

    па ако ти кажале дека нее ништо страшно не гледам причина за да не му веруваш....па ако не побарај второ мислење од друг доктор инаку и јас се пронајдов во твојата здраствена состојба ама не се плашам и да ти кажам искрено не ни планирам да одам да се проверам хаххахах ајде уживај нее ништо страшно ;) ;)
     
  3. alma23

    alma23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Zdravo za da bides 100% sigurna ke odis vo Atik Kor kaj d-r Josif Naumovski (toa se naoga kaj grcka ambasada kaj sedmica) i tamu ke napravis eho na srce. Sto ke ti kaze toj toa e . i jas od pred 2-3 godini gi imav istite problemi steganje vo gradite , gusenje, aritmija, tahikardija itn , kaj ne odev na razlicni doktori i site razlicno mi kazuvaa, veruvaj mi odi kaj dr. Naumovski toj ke ti napravi kompleten pregled eho na teroidna zlezda, srce , se... sto ke ti kaze toj toa e . pozdrav
     
    На sanjaeva и meri-d им се допаѓа ова.
  4. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    95

    a на кого бе момиче му е поинаку ?
    нормално е кога кесе измориш да имаш тахикардија а ако си стегаш кафенце башка и цигарче неможеш баш ништо поинаку да очекуваш . ајде несе паничи немаш ничто
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    100.237
    Пол:
    Женски
    И јас, од поодамна имам проблеми со такихардија, особено по спортување, а некогаш ми се јавува и из чиста мира, без нервози, без стимуланси, без ништо....
    Кај мене бар, не беше поврзана со кафе или цигари, бидејќи нит бев пушач, нит пиев кафе, кога се појави.
    Во студентските денови втора година почнав да пијам кафе и тогаш ми се засили ептем.
    Така да, ако озбилно пиеш кафе, намали... и не пиј многу силно кафе.
    Контролирај си го дишењето кога ти се појавува, не паничи, што е најбитно.
    Не е ништо страшно, се додека не си некоја личност со страшно бурен живот, алхохол, кафе, цигари во изобилие, неспиење итн.
    Јас пијам кафе, некогаш претерувам, многу малку спијам, дополнителен проблем... но ок сум. Функционирам, вежбам, кога не ме мрзи :D
    Така да не се сеќирај.
     
    На meri-d му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    730
    Вака гледано ова е уреден наод, само треба да продолжиш со контроли. Ај да пробам лаички да ти објаснам што значи. Срцето е мускул и има 4 празнини, 2 комори и 2 предкомори. Десно се десна предкомора горе, под неа десна комора. Одделени се со валвула тоа ти е нешто како порта која се отвара само во еден правец поточно само од предкомора кон комора. На десна страна се наоѓа трикуспидална валвула (така се вика) и е изградена од 3 ливчиња. На лева страна имаш горе лева преткомора и под неа лева комора. Измеѓу нив е митрална валвула која е изградена од две ливчиња. Е сега кај тебе едното од тие ливчињата кои ја градат валвулата ти е малце поголемо, така што не може добро да се затвори портата, т.е кога ќе се стегни комората, малце крв се враќа назад во предкомората. Ова може да предизвика да се зголеми предкомората, но кај тебе си пишува дека кавитетите (празнините) на срцето се нормални, т.е ова враќање на крвта не предизвикува оштетување. ИСА е интраатриален септум - преградата која ги дели лева предкомора и десна предкомора. Таа преграда кај тебе е малце истенчена. Оваа преграда пред раѓање во фетален период има отвор кој се вика форамен овале, и сам се затвара после 2-3 дена по раѓањето. Како и да е истенчувањето е лесно, и најверојатно го имаш цел живот и не претставува проблем ( само должност е на лекарот да го наведе во наодот). Перикардот или обвивката на срцето е нормална (без раслојување). За ова не се дава терапија, овој наод нема сериозна патологија. Единствено, не знам дали ти препорачал лекарот, треба да се контролира состојбата со цел да се види дали прогредира (се влошува) или пак е константна. За ова доволно е едно ехо годишно.
    Значи проблемите кои ги имаш не се од морфологијата на срцевиот мускул. Срцето како мускул тебе ти е нормално. За аритмиите (претпоставувам тахикардија), треба да се види спроводниот систем на срцето, што најдобро и најбрзо може да се види на екг. Ако ти штети кофеин не употребувај, избегнувај. Со овој наод на ехо, и овие симптоми јас прво би те пуштила да испиташ тироидеа за секој случај, а ако тоа е во ред, добро е да се направи стрес-тест на срце (се прави екг, се мери притисок и работа на срце во состојба на замор, при вежбање), па за понатаму зависи од тестовите како ќе испаднат. :)
     
    На meri-d му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Leticija-petrolicka

    Leticija-petrolicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    11
    Здраво јас имам слицен таков проблем;мене ми писува вака:Митрална валвула-елогиран помобилен преден митрален залисток,не се следат јасни знаци за пролапс на залистокот.Се регицтрира незнацајна митрална регургитација,трикуспидна валвула-се следи физиолоска трикуспидна регургитација.
    Истенцен аинтератријален септум на ниво на фоса овалис,се следи мал колор сант кој не прави хемодинамски репрекусии.Перикардот без раздвојуванје.
    Дг.тацхѕцардиа.Елогиран ПМК.Препорака-да се направи Л-Д сан на институт за патофизиологија.
    Само усте да казам дека имам боцканје во пределот на срцето кај дијафрагмата потоцно и обицно тоа ми се слуцува пред да ми дојде менс.А инаце пијам аспирин 100 затоа сто сум голема паницарка па навистина незнам сто да правам. :(
     
  8. meri-d

    meri-d Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Јас меѓу другото сакам да ве прашам дали сум ограничена на спортување, дали да си трчам или оак да си одам редовно на фитнес?? пошто имам малце вишок килограми па сакам да си ги симнам, а знам дека најздрав начин да се симнат килограми е со спортување, ама сепак ако немозам сто друго би можела да си направам ???
     
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    2.034
    Оперирана сум од Срце пред 8 год во Бугарија.... таму се случуваа големи работи... имав многу компликации ми откажаа бубрезите, па бев во кома 20 дена, при менување на дренови докторите несакајќи ми го испукале белиот дроб кога се завршила таа операција кога го средиле белиот дроб виделе дека белиот дроб и дијафрагмата ми ги споиле повторно ме сечеле па ги разделувале... па чекале дали ќе се разбудам воошто кога сум се разбудила се плашеле дека ментално ќе се уништам... но се беше како што треба од 28кг. во рок од 3 дена паднав на 7кг. Денес сум Супер само што морам да пијам лекови и да одам на редовни контроли... а да заборавив инаку срцето ми е на десната страна и не само срцето туку и се останато....
     
  10. slonka

    slonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    problemi so aritmija i ekstrasistoli

    jas imam golem problem so ekstrasistolite koj ima ist problem ako sakate moze da porazgovarame da gi spodeleme mislenjata i iskustata
     
    На meri-d му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.738
    Кандидијаза

    Може ли некој да ми објасни за фиброза на срце? :worried:
     
  12. slonka

    slonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Ќе ве молам кој има проблем со екстрасистоли да размениме искуства и размислувања, јас го имам многу и не можам нормално да функционирам.
     
  13. Smaack

    Smaack Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Znam deka forumov e proZhenski ali ne znam nekoj mashki sajt kaj shto mozham da pobaram pomosh okolu ovakvi situacii :D
    Znachi vaka neodamna osetiv taka ne mnogu jaki bolki vo predelot kaj srceto i od desnata strana paralelno so srceto.
    ne se nekoi jaki i dolgi bolki no me zagrizhuvaat,ednostavno mnogu mi e tapa so i mislite mi se poremeteni imam 16 godini ne pusham retko se nachukuvam epten za nekoi rodendeni so kafeto prekinav 4 dena neam pieno.
    Koa ke legnam da spijam nekako kao osekjam steganje vo gradite.
    Pred 5-6 meseci imam praveno eho na srceto dobro beshe i togash imav nekoi slichni bolki.
    Kazhuajte sho mozhe da bide ?
     
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    Истите симптоми ги имав и јас и бев во „Атиккор“ на преглед кај доктор Наумовски. Тој ми откри дека имам хипотиреоза и дека всушност тироидната жлезда рефлектирала болки и грчења на срцевиот мускул.
    Штом си правел ехо на срце и истото е во ред, не е лошо да направиш дополнителни анализи и да видиш да не е нешто друго во прашање.Честопати болките во грбот и р’бетот, знаат да ја пренесат болката во предниот дел на градниот кош, при што се добива впечаток дека имаме проблеми со срцето.
     
  15. Smaack

    Smaack Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Kako i da e nedelava ke idam povtorno na kontrola da vidam sho kako...Znachi ova ne e neshto mn seriozno ?
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Јас такви болки како што опишуваш имав кога добив воспаление на рскавицата што ги држи ребрата едно со друго.
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    Штом срцето не е во прашање, не би требало да биде нешто посериозно.Но сепак би требало да направиш уште анализи и да добиеш конечен одговор.А понекогаш тие такви болки можат да бидат и психосоматски.Сепак лекарот најубаво ќе ти каже ;)
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mallecko

    mallecko Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    срце и проблеми со срцето

    дали некогаш ви се има случено пецкање на страната на срцето не трае долго по неколку секунди имам правено ехг добро било ама некако страв ми е дали мози да е од цигарите или кафето а и многу се заморувам од што мози да биди и дали има некој ваков проблем
     
  19. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    149
    срце и проблеми со срцето

    ^
    Се што кажа за цигарите и кафето е точно.
    Можно е да предизвикаат такви симптоми.
    Намали со кафето, цигарите и со алкохол (доколку пиеш).

    Стресни ситуации, напнатост физички замор исто може да доведат до овие симптоми.
    Можно е да имаш и премногу подвижен залисток па да ти ги предизвикува симптомите.
    Не е страшно тоа но избегнувај ги кафето и цигарите и онака знаеме дека не се корисни. :)

    За да не се мислиш дали е поради ова или некоја, не дај Боже органска болест направи и ЕХО на срце.
    Инаку можеш да пиеш Б-комплекс таблети кога ќе почувствуваш симптоми.
    Позз.
     
  20. blue-sky

    blue-sky Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    може ли некој да ми објасни што е суспектна белодробна трромбемболија????????