1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со срцето

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од meri-d, 10 јуни 2011.

  1. p3p3-ru.ka

    p3p3-ru.ka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво...нова сум на форумов...ве молам ако моЖето некако да ми помогнете...имам болки како пецкање кај срцето и навечер неможам да спијам на левата страна затоа што ме пецка...при вдишување не ама при издишување осеќам болка...ова ми трае веќе три дена ама е се помала и помала...незнам дали треба да посетам матичен лекар...вознемирена сум и навечер неможам да заспијам од страв...дли би можело ова да биде некој знак за срцев удар или е прелада на срцев мускул или сл...се надевам дека ке ме посоветовате што да правам.а не осеќам никаков замор или несвестица и некој сл работи...само болка кај срцето и одзади на грбот.
     
  2. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Од пред некое време заприметив дека ми се случува од обично стоење срцево да почни забрзано да ми чука и кога и да го измерам пулсот ми е околу 120-130. Нели е тоа малце претерано? И се чувствувам како изморено а ништо не сум правела,онака ќе станам од седење и чувствувам како забрзано чука. Дали бил некој во слична ситуација и од што би можело да биде?
     
  3. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Да не пушиш случајно? Или пак да претеруваш со кафето? Не е знак за срцев удар, може да се работи за некоја иритација на нервите или некоја блага инфекција на срцевата обвивка(перикардиумот), ако си загрижена може да одиш на лекар. Но во случај да пушиш и/или пиеш доста кафе, најверојатно е од тоа, и треба да намалиш малку.

    Извини ќе редактирам, не забележав дека си пишала и болка, болката може да биде некоја инфекција или нешто поврзано со срцето, но може да биде поврзано и со гастро-интестиналниот тракт, посебно нешто поврзано со желудникот или хранопроводот. Езофагитис/гастритис или пак езогастрофагијален рефлукс. Да немаш киселини или пак да не ждригаш често?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Низок притисок најверојатно, и јас имам нешто слично. При низок притисок срцето чука забрзано ,а пак кога ќе станеме(ако претходно сме биле во седечка/лежечка положба) и посебно ако го направиме тоа нагло пулсот додатно се забрзува а притисокот паѓа. Многу течности и измери си го притисокот.
     
  5. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски

    Самата појава се нарекува тахикардија или забрзана срцева работа, може да се појави при зголемено конзумирање на кафе, цигари или црни газирани сокови. Доколку употребуваш нешто од ова, ти препорачувам да ги намалиш и да посетиш доктор, бидејќи со ЕКГ ќе се открие причината, евентуално да постои некакво заболување, како на пример шум, но да не мислиме на најлошото, посети доктор и ќе се открие причината.
     
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски

    Не се грижи истата болка сум ја почувствувала и јас многупати и е од измрзнатост, ќе помине за неколку дена.
     
  7. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    n1k0la и viki-dete ви благодарам. Како и да е најдобро би било да посетам доктор.
     
  8. p3p3-ru.ka

    p3p3-ru.ka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    страв не страв отидов денес на доктор...ме прегледа и ми рече дека нема причини за страв ми препиша витамини...сепак фала на одговорите :)
     
  9. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски

    и јас мислам дека е од измрзнатост таквата болка... веќе два дена исто осеќам... бодежи во грбот и како да ми се пресекува здивот... се надевам не е ништо сериозно. пред 3 месеци праев ЕКГ на срцето и се беше во ред. :)
     
  10. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    Срце

    imam problem so srceto koga ke stanam,sednam naednas ,vdisam silno,skoknam se vozbudaam srceto mi bie silno kako od gradi ke mi skokne. toa trea 5 10 min i potoa se smiruva vo toj momen cela grada mi skoka i siata se tresam sto moze da e toa?
     
  11. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Веројатно имаш тахикардија или аритмија. Тоа може да се појави од повеќе причини, од стрес, зголемено конзумирање на кафе или црн сок (кои исто така содржат кофеин), цигари, проблеми со тироидната жлезда и ред други заболувања. Најважно е да го откажеш кафето и цигарите (доколку конзумираш) и на лекар, ЕКГ и ехо на срце, и ништо да не е, добро е редовно да се испитува.
     
    На eleonoramardzieva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    zdravo imam problem sega neznam dali e golem ili ne.porano srceto silno ke me stegnese toa bese negde pred 2-3 meseci i mi se smiri no pred okolu edna nedela-dve pak pocnaa da me bolat a i pocnaa racete da me cesaat i toa preterano i nesto mi se pokazuva na rakata kako podignato(mene mi izgleda ko da me kasnalo nesto no ne e toa toa) sto moze da e? fala odnapred :)
     
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Јас веќе две години имам проблеми со тахикардии кои ми се случуваат при мирување. Пропратени се со болка и стегање во градите, вртоглавици, недостаток на кислород, слабост во рацете а некогаш болката ми се шири кон левата рака, рамото и плешката. Моиве ми зборат демек од пубертетот ти е (15 год сум) нормално е. Еднаш цели два саати имав тахикардии и едвај се смирив :( , дури морав да се напијам диазепам а и матичната ми рече. Последниве денови пулсот под 60 почна да ми паѓа и понекогаш осеќам аритмии додека си мерам пулс. Инаку да кажам - не пушам. Има потреба да праам детален преглед со ехо екг?
     
  14. mommy##

    mommy## Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2015
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali nekoj moze da mi objasni sto e kornografija na srce, dali nekoj ima iskustvo, bolno li e, i moze li da ima posledici ?!
     
  15. Ivana0505

    Ivana0505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    15
    Здраво дечки. Проблемов кој го имам го имам подолго време (во прашање се 7-8 години). Се работи за срцето ( барем јас така мислам). Одвреме-навреме во пределот на градите, баш каде што се наоѓа срцето - ме стега и неможам да земам воздух. Всушност можам, ама до одредена граница и повеќе неможам, бидејќи како што пробувам да вдишам повеќе воздух така осеќам дека нешто ќе ми прсне во тој предел од градите. И некоја минута морам да вдишувам помалце воздух, се додека не ми престане таа болка за да можам да земам воздух колку што ми е потребно и да се издишам како што треба. Сум приметила дека овој проблем најчесто ми се јавува кога лежам на левата страна или пак кога подолго време седам погрбавена. Бев лани на лекар и и се пожалив на докторката и таа ми кажа дека немам проблем со срцето, пошто ако ме боли срцето болките ке ги осеќам на грбот и ми кажа дека можно е да имам искривување на грбот и затоа да ме болело :^) е сега мене баш тој дел не ми е јасен. Како и зашто ако имам искривување на грбот ќе неможам да се издишувам и да осеќам болки во градите. Ве молам некој да ми ја објасни ситуацијава и дали некој/а го имал/а истиот проблем
     
  16. femi1234

    femi1234 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    zdravo imam edno prasanje imam 18 godini i pred okolu nedela dena pocna da me boli levada strana na gradniot kos no i desnata povekje imam bol vrz zeludnikot me boli i grbot i rakata bez dvapati na doktor i mi velat deka mi e od spienje po klima promaja dali nekoj od vas imal takvo nesto dali moze da e nesto drugo vo prasanje jas mislam deka do sega ako trebalo da se sluci nesto kje se slucelo imam i mali poteskotiii pri disenje na momenti fala za sekakov komentar odnapred
     
  17. blueberry23

    blueberry23 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Пак јас и моите боцкања кај срцето. Испитав тироидната ок е. Екг имам правено 5 пати, ок е. Дали со екг може да се види доколку има проблем или мора ехо? Не знам од што е боцкањево.
     
  18. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    5.290
    Пол:
    Женски
    Da ne e vo prasanje muskulna bolka pod srceto, kaj rebrata?
     
  19. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    @blueberry23 јас го имав истиот проблем со честите боцкања од левата страна, не баш точно на левата страна туку баш на делот каде што е позиционирано срцето. Случајно на систематски преглед ме посоветуваа да направам ЕКГ повторно, искрено не знаев поради која причина. Отидов на матичен доктор направив ЕКГ. И подоцна дознав дека имам проблем со клапите на срцето и поради тоа се појавувале тие боцкања, искрено не разбрав поточно за какви проблеми се работи ама искрено не ме ни интересираше. Затоа најдобро е да се посоветуваш со матичниот доктор и да ти каже што понатака и какви испитувања треба да направиш , се со цел побрзо да откриеш доколку имаш некој здравствен проблем. Ти посакувам се да помине во најдобар ред, да ти олесни конечно и да можеш да спиеш мирно.
     
  20. Jaigo

    Jaigo Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам ако некој знае да ми каже зошто на кардиолог термин во април има дури. Вака пред 3 Дена зборувајќи со комшивка осетив затемнување на очи и силна болка во главата од што наеднаш срцето ќе ми излезеше од гради мислев. Прво седнав па по 5 мин меривме притисок и срцев такт каде притисокот ми беше 150 со 100 а срцето 197 откуцај. Се подзасмирив после пола saat srceto ko bese 147 otkucaj so pritisok 130 so 90. Za 1 saat se normalizirase se. Inaku pritisok za mene normalen e 100 so 60 cel zivot sum so toj pritisok a srceto od 70 do 80 mi odi . Sega ovie 3 dena me stega srceto ili muskul neznam sto e