Заби Девојки нова сум на сајтот али имам еден проблем..... Секогаш ги миам забите редовно на контроли одам али пак здивот ми е катастрофа ...нон стоп мастики џвакам...али некогаш ми е дојдено и преку глава и од тоа....дај кажете некој лек...
Од мене, стручен совет: не треба само забите да се мијат, треба и јазикот да се мие. А ако и покрај редовното миење на забите и јазикот, со употреба на забен конец, повторно имаш проблем, прво оди на забар да видиш каква ти е ситуацијата со кариес, со пародонтопатија (парадентоза по народски кажано) - дали постојат џебови, отвори и слично во кои се задржува храна, па таа се распаѓа, затоа што нив не можеш да ги исчистиш со обично миење со четка. Ако пак се е во ред со устата и забите, тогаш би ти препорачала да припазиш на видот на храната што ја внесуваш, посебно ако јадеш многу кромид и лук (што баш и не верувам дека е така). Тука и друго би ти рекла - крајниците - тие знаат понекогаш да бидат местата од кои се шири непријатниот здив од устата, а тоа е така поради тоа што тие имаат крипти - места како ниши, вдлабнатини во кои исто така може да се задржува храна и да се распаѓа под дејство на бактериите кои се присутни таму. Исто така, ако имаш проблеми со стомакот, конкретно варењето на храната, и тоа може да предизвика непријатен здив од устата. Така најдобро е да се провериш на лекар. Поздрав!
Ako nemas nekoj rasipan zab togas e problemot vo zeludnikot - nekade sum taka procitala, sepak konsultiraj se so tvojot zabolekar toj najubavo ke ti kaze pozz
Поттикната од тоа што често добивам пораки од членките на форумот за проблеми со устата и забите, решив да ја отворам оваа тема. Тука ќе се потрудам да и дадам добри совети за вашите проблеми доколку ги имате. Ако можам да ви помогнам вака без преглед, ќе го сторам тоа. Па девојки, слободно пишете!
леле еве јас одма се пронајдов во темава па да си пишам вака значи. долг период (околу 3 години) имам лош здив од устата. најпрво бев на заболекар секако. и тоа не на еден. Првиот ми рече да сум ги триела непцата на забите со лимон и портокал бидејќи сум имала недостаток на плунка.. немаше никакви резултати.. потоа отидов на друг забар. тој ми рече да ја плакнам устата со хидроген 3% и бета каротен... имаше подобрување извесен период додека го правев тоа . кога престанав се врати и миризбата. а ми рекоа дека постојана употрба ќе ја оштети глеѓта на забите.. третиот заболекар ми кажа само да употребувам помека четкичка за заби за да не ги раздразнувам непцата, да употребувам Lacalut и да мачкам непца со Gingival.. и повторно имам проблеми. и веќе навистина не знам што да направам. Најтрагичното е што забите ми се сосема здрави.. и непцата исто така.. се случува да имам недостаток на плунка. и тоа исто направив анализи . докторот ми кажа дека се ми е во ред (и мокрача и крвни анализи) јас навистина повеќе не знам што може да е причината за лош здив испобав се можно и се ми личи ко да нема решение за мојот проблем...
Јас не се разбирам многу ама може да ти е од крајниците , обично ако се е во ред со забите и непцето , може крајниците да ти предизвикаат лош здив. Јас имам проблем со крајниците и сум приметила дека ако нешто не е во ред со нив, значи ако имаш црвено грло или ако често гнојат, може многу лошо да мириса устата. Особено ако си пушач миризбата се задржува, и од кафето исто така.
Причини за лош, непријатен здив од устата има повеќе. Обично се работи за расипани, кариозни заби, или пак присуство на тн. џебови околу забите во кои се задржува храна и се распаѓа. Присуството на туѓи тела - протези, мостови, вилици - сето тоа може да биде причина за непријатен здив. Меѓутоа, како што велиш, си била дури кај тројца стоматолози, секој од нив се фокусирал на непцата и никој од нив не те посоветувал да испиташ дали можеби имаш некој друг проблем. Некогаш непријатниот здив од устата може да се јави и од крајниците. Крајниците имаат бројни вдлабнатини како ниши, во кои исто така се собира храна и се распаѓа. Мирисот зависи од бактериите кои се присутни во устата - кај сите луѓе постои одредена бактериска флора во усната празнина (различни бактерии се застапени во различен процент, некои бактерии ги има кај поединци, кај други ги нема) и тоа може да дава некој карактеристичен мирис. Освен тоа, непријатниот здив може да потекнува и од желудникот. Ако имаш проблеми со варењето, ако ти се враќа храната, ако често имаш потреба да подригнуваш - може да се јави непријатен здив од устата. Ако ниеден од овие проблеми не е присутен кај тебе, тогаш, покрај редовното четкање на устата и забите и користење на забен конец, можеш да ја плакнеш устата со водичките кои се продаваат во секој супермаркет, мислам дека може да се подобри ситуацијата Се надевам дека ти помогнав P.S. А тоа што велиш дека имаш недостаток на плунка, веројатно не внесуваш доволно течности. Пиј повеќе вода, секогаш со тебе имај си шишенце.
Браво Annath , а бе кој си ја знае работата , знае и убаво да објасни . Јас сум чула, ама не сум дочула. Фала за објаснувањето, јас не го поставив прашањето , ама добро ми дојде одговорот.
немам крајници оперирана сум како мала немам проблеми ни со желудник ни со ништо фала Богу... така едноставно само од себе.. чудо некое.
Јас пак да пишам за мојот проблем кога веке има тема.Вака веке 1 месец мака мачам со забоболка,поточно кажано ме болат умниците долни имам дупки,бев на забар ми рече дека корените биле лошо поставени и ме прати на орална,но пусти страв до сега не сум имала ни расипан заб нити сум вадела,и сега дирекно клиника,страв ми е што ке ми прават кога ке ја видам реакцијата на лугето кога ке им кажам се вадам од памет.А од време на време болките се јаки,неиздржливи знам дека мора да ги вадам ама како да соберам храброст,и кај кој доктор ако имате слицно искуство пишете.
Nenuske, немој да ги слушаш другите луѓе кога ќе им спомнеш за интервенцијата. Сечие искуство е различно, ама во принцип луѓето мислат дека кој знае колку е комплицирано вадењето на умниците. Кога го изведува стручен доктор, не би требало да има проблем, како и да се поставени. Не требало да чекаш толку долго, во принцип во лето се избегнува вадењето на заби, поради високите температури и проблемите со крварењето кои можат да се јават поради тоа. Но јас мислам дека кај тебе нема да биде проблем, бидејќи си млада и здрава. Затоа најдобро е да одиш на клиниката за орална хирургија на стоматолошка клиника, и кога ќе се решиш конечно да одиш, пиши ми ЛП, да ти препорачам доктор. За приватниве не знам многу, не знам кој специјалист по орална хирургија работи приватно и какви му се условите тука во Скопје, а за на клиника можам да ти кажам многу повеќе. Ако одиш на клиника, веројатно зафатот ќе биде одложен за крај на август - почеток на септември, ама најдобро е да одиш сега за консултација, да видиш дали е итно вадењето или не е. Штом ти рекле дека ти се лошо поставени и имаш силни болки, претпоставувам дека ги притискаат соседните заби и тешко им е да излезат. А можеби ако ти се до половина излезени, ти се формирале џебови под непцето во кои ти се собира храна и тешко се чисти, па предизвикува болна инфекција, некогаш знае и да загнои. Ама вака не можам да нагаѓам каква е ситуацијата кај тебе, затоа кога ќе се решиш, пиши ЛП. И не се секирај, со локална анестезија се работи, нема да чувствуваш болка.
Драга Annath, мојот проблем е следниот. Јас шеските ги извадив одамна, сите 4. Умниците ми никнаа многу рано бидејки имаше место за нив. Сите си никнаа убаво и без болка. Е сега овој последниов ми прави проблеми. Толку е голем што како девети заб да ми расте. Како да објаснам??? Нели секој катник е како на четири делчиња поделен. Е овој мојот има седум и тоа еден ми расте накај образот(ми го продупчи) другите две нагоре. Немаш појма колку е голем. Пред една недела кога се фаќав овде под ушето каде ги проверуваме крајниците имав нешто многу тврдо како коска и ме болеше. Сега веќе не. Не сум била на заболекар бидејки не осетив којзнае каква болка. Сега сакам да те прашам дали има шанса уште да расте???? Фала однапред
Лолипоп, како прво ќе ти кажам дека умниците се многу варијабилни заби. Тоа значи дека можат да имаат различни форми и големини - да личат на обични катници, а може и да бидат многу, многу поголеми. Твојот умник е веројатно некој таков облик, личи како два катници да се комбинирани. Верувам дека имаш место во вилицата, дека останатите заби ти се правилно поставени, ама ете овој ти прави проблеми. Ако е сосем израснат - значи во ниво на другите заби, не е покриен со непце на ниедно место, не верувам дека ќе расте уште. А тоа што си го напипала како тврдо и болно - можело да биде жлезда - жлездите доста често се воспалуваат, зголемуваат и стануваат тврди кога растат умниците - обично затоа што тие заби тешко пробиваат поради недостатокот од простор и често се јавуваат воспаленија на местото каде што излегуваат. Како што кажав, не мислам дека ќе расте уште - но, ако ти прави проблем со образот, ако не можеш да ја затвориш устата како што треба поради тој еден заб (се случува и тоа) - ти советувам да одиш барем да направиш снимка, да се види каков е, како е поставен во коската. Бидејќи ги немаш шестките, веројатно седмиците се поместиле према напред да го затворат празниот простор, па има доволно место за умниците. Ако овој заб не прави проблеми на соседните заби - може да се намали неговата големина, со стружење. Тогаш ќе мора навлака да се стави, затоа што истружен заб не може така да стои, многу е осетлив, ама барем ќе има нормална големина. Се надевам дека барем малку помогнав
I jas imam problem, samo sto kaj mene ne e so zabite tuku so jazikot. Edno 3-4 godini imam afti na jazikot, ponekogas koga sum nervozna i od stranite na jazikot mi se pojavuvaat i uzasno me boli i zavisi ako jadam neso mnogu soleno, kiselo i togas me boli. Sum pravela sekakvi ispituvanja nisto nemam i nikoj neznae da mi kaze zosto ne mi se povlekuvaat, a tolku dolgo vreme go imam ovoj problem. pls help
Srekicka, вистинската причина за појава на афтите не е точно утврдена. Се јавуваат при различни состојби како што се анемии, дијабет, заболувања на системот за варење; можат да бидат наследни, да се јават поради инфекција, алергија, нарушувања на жлездите со внатрешно лачење, но и на психичка база. Бидејќи си направила испитувања и нема ништо, верувам дека кај тебе е ова последново. Мораш помалку да се нервираш, помалку да се изложуваш на стресови и да работиш на подобрување на имунитетот. Конкретен лек - нема, за жал. Може да помогнат симптоматски лекови - лекови кои ги ублажуваат симптомите - има доста такви по аптеките, Проафтол, Афтизол и сл. Ако ги имаш цело време тие афти, значи ако воопшто не поминуваат - тогаш не би било лошо да направиш биопсија.
Проблеми со непцата во устата Zdravo, Me interesira dali ima nekoj so ist problem kako mene.Imam porcelanski zabi napred i sega, posle 2 godini, nepcata nad tie zabi mi se potemneti i veke se cuvstvuva neprijatna mirizba, megutoa samo od toa mesto, kade sto se locirano porcelanskite zabi. Inaku se e vo red, dosega sum nemala problemi i duri ne mi se poznavaat deka ne se moi i izgledaat mnogu ubavo. Strav mi e pak da odam na zabolekar, od pomislata deka ke treba da se menuva nesto. Vi blagodaram za sekoj odgovor, Pozz
најдобро е да отидеш на стоматолог, затоа што не верувам дека некој тука има искуство со порцелански заби, дали чувствуваш некоја болка или само го забележа тоа и миризбата? мене еднаш ми беа многу потемни непцата и како со подуени топчиња,ама тогаш бев болна со температура па ми поминаа за некои неполни 20 ден. незнам што конкретно да ти одговорам мислам дека ти треба стручно лице. поздрав
најобично афтите се јавуваат при покачена телесна температура ,а аво секојдневието и од нечиста храна, внесување на не чист зеленчук и овошје, мора да се внимава на тоа, освен ако не енекој проблем навистина голем како со кажа погоре Анатх