Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    12
    дали знаете дали има во штип за сликање на заби ?
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Има, во здравен дом, кога ќе влезеш внатре од десна страна, спроти аптеката. Ама ти треба упат од лекар, плаво картонче и околу 100 ден.

    Ај и јас да прашам.
    Си имам проблем со здивот. Редовно ги мијам забите, ги чистам понекогаш и со конец за заби, а обавезно секогаш после јадење си имам чачкалица во уста.Стоматологот ми кажа дека немам расипани заби, а сепак кога ќе ставам нешто во уста, одма после тоа ми замирисува непријатно здивот. Затоа и морам постојано да сум со мастики или со лентички за освежување на здивот.
    Има некој лек за ова ? И што е причината ???
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Не само забите и јазикот го четкај,има четки кој од другата стр имаат и за јазик,ама немој кружно да не ги разнесеш бактериите ,туку од грлото надолу ,само во тој правец,никако и наназад
    Mоже непријатниот здив да не доаѓа од забите,туку и од желудникот ако имаш некакви проблеми,исто и од синусите каде има многу бактерии .може немаш кариес но дали имаш џебови или проблеми со непцето-да ти крвари при четкање?
    Освен забен конец користи и флуоридна водичка за плакнење,или пробај со пероксид прави гаргара,за га ги убие бактериите-предизвикувачи на непријатниот здив
     
  4. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Непријатната миризбата на здивот може да ти доаѓа од желудникот. На дечко ми му се има ова случено и 10 пати да ги измие забите се осеќа непријатна миризба по некој период ја снемува и знам дека на времето пиел некој сируп и дека проблемот со миризбата бил од желудникот. Прашај го матичниот види што ќе ти каже.
    И јас имам едно прашање. Многу ми се осетливи непцата околу забите, многу често ми се раскрваруваат особено при миење заби и често кога гризам цели јаболки забележувам крв на нив ;( . Заболекарот ми даде една паста(го заборавив името во моментов) ама ништо не ми помогна. Дали знаете некоја маст или паста што може да ми помогне?
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Појди на стоматолог,најверојатно имаш џебови и доста воспалени непца,,,нека ти ги искеретира-исчисти џебовите,каде е потребно ќе ти стави дрен-лек во самите џебови,стоматидин ,хидроген...тој најубаво ќе ти каже вака не пробувај сама,ич не е болно појди си ;)
     
  6. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Бев на стоматолог тој ми кажа дека немам ништо дека непцата ми се осетливи и ми ја даде таа пастата. Ја потрошив цела и ефект никаков немаше. Не дека цело време ми крварат. Него кога ги мијам, значи најмалку 2 пати на ден и понекогаш кога јадам нешто, ете на јаболки имам приметено крв. Си купив и од најмеката четка што постои и пак ми се раскрваруваат, а најнежно ги мијам.
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Тогаш користи паста за осетливи непца-еве lacalut е добра,користи вода за плакнење на устата,прави гаргара со хидроген,внесувај витамин Цзошто може ти крварат од недостаток на овој витамин,убаво и редовно одржувај орална хигиена и правилно ги мiј забите со користење на конец за заби :!: миј ги нежно без притисок.
    [​IMG][​IMG]
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.165
    Ана,ова не е баш проблем врзан конкретно за забите (фала му на господ,гордо да кажам,немам ниту еден расипан,ниту ме боли :D ),туку сакам да те прашам,затоа што си стоматолог,претпоставувам дека имаш и некоја информација,чисто професионално,каде освен Круна АС во гтц,прават ламинати на заби и по која цена?!
    Човече лудница,400 евра за еден заб...па не се нормални.
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Во етерна дент исто прават на ул орце николов е,а цените се тука отприлика секаде
     
  10. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Maca фала многу на советите. Епа таа маста Lacalut ја користев и ништо :) . Ги мијам без притисок и користев конец за чистење баш како на сликава ама толку ми се раскрваруваа што нема шанси со конец да ги чистам. Пијам витамин Ц, пред некој ден правев крвна слика и се е ок. Затоа и ми е чудно, а неможам да ја откријам причината зошто непцата така лесно и често ми се раскрваруваат, а не ме болат ниту непцата ниту забите. Ова се случува последниов месец, месец и пол, не било отсекогаш така.

    П.С. Lilit почекај за некоја година ќе измислат нешто ново и ќе паднат цените на ламинатите :). И јас сакав да ставам, се распрашував цените се толку од прилика и мислам дека е прескапа инвестиција :?:
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Лилит, навистина немам информации каде се прават ламинати, дури мислев дека никој во Македонија не прави. Ама ете, тука дознавам дека Круна и Етерна Дент правеле... а за цената - па скапи се секаде, не само кај нас, само што нашиот стандард е низок. А отприлика имаат иста цена (можеби малку повисока) со класичните протетски изработки, кои кај нас одат од 40 евра по заб па нагоре (а сметај дека тие се уште поскапи на запад - затоа нашите доаѓаат тука да си прават заби). Сепак, ламинатите се најновиот изум, и можеби најисплатливиот досега, исто и без несакани последици, бидејќи твоите заби воопшто не ги чепкаш, само врз нив се ставаат порцелански лушпи со кои се добива подобар естетски изглед, но истовремено не пречат на функцијата. А тоа што кај нас имаат толку висока цена веројатно е поради тоа што нема голема конкуренција, а се работи за релативно нова понуда на нашиот пазар. А со овој наш напатен стандард, 400 евра ( :o ) од заб ретко кој може да си дозволи (секоја чест на исклучоците ако ги има).

    Што се однесува до проблемите со непријатен здив, може да бидат од јазикот (редовно мора да се четка), крајниците (ако се задржува храната во нишите) и желудникот (проблеми со варење, враќање на храната од устата и слично). Освен тоа, многу зависи и од бактериската флоар во устата - сите имаме различен состав на таа флора, и може понекогаш конкретни бактерии да бидат причина за непријатниот здив.

    За крварење од непцата - локално Ц витамин, или мачкање со Генгигел или Гингивал Ц, редовно користење на забен конец и плакнење на устата со водички за уста кои содржат хибитан (пишува во составот).
     
    На GiaMarie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Гиа и јас имам проблеми со непцата и ја користам Лакалут сензитив и ја плакнам устата со чај од жалфија . :)
     
  13. selena-s

    selena-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Annath имам уште едно прашање за истиот заб за кој зборувавме претходно. Забот ми беше скршен од едната страна и на снимката се покажа дека има процес на коренот меѓутоа сепак успеавме после лекувањето да ги наполниме каналите и остана усте пломбирањето за кое стоматологот каде првпат одам (приватен комплетно) ми рече дека ќе стави колче и амалгамска пломба кое се на се би чинело 1200 ден. Ме интересира дали е вообичаено пломбирањето во вакви случаи да биде со колче и дали цената е разумна бидејќи искрено немаат истакнато ценовник никаде а исто така и не ми даваат фискална сметка под разни изговори (дефинитивно не одам повеќе таму) сакам да го завршам овој заб па ќе одам уште сега но она што би сакала да чујам претходно е второ мислење од Вас.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Кога дел од забот е сочуван и се става мало колче во скршениот дел за подобра ретенција, поточно за да држи пломбата, во тие случаи ретко се користат амалгамски пломби, почесто се оди на композитни полнења. Меѓутоа, најверојатно се работи за молар (катник), па затоа се става амалгам, како поцврста и посигурна варијанта. Според цената, ми изгледа дека се планира колче за ретенција на пломба. Но јас сметам дека е подобро случајов да се реши со поставување на коренско колче и навлака, кое е нешто поскапо (зависи каде се прави), бидејќи подолго би траело. А за цената од 1200 ден. можам да речам дека е очекувана за првата варијанта, а што се однесува за тоа дали е разумна или не, треба да се има предвид дека повеќето приватни стоматолози си ставаат цени какви што им одговараат.
     
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Дали на некоја од вас Феминки, јазикот и е испукан,и како ренде?
    Мене ми е таков,и еднаш бев на лекар,ми рече од кашлање.Ама веројатно мислела дека ми е само тие денови,од настинката.
    Многу лошо изгледа... :(
    Ај ако има некоја Феминка со вакво искуство,или некоја која знае за што се работи,и како да го оправам јазичево,нека пише...
    Merci.
    П.С Го пишав прашањево и во Општи здравствени проблеми и во СДП,ама никој не одговара.. :?:
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Колку време ти е така и дали имаш симптоми, пецкање, болки, чешање, сува уста?
    Обично таков јазик се јавува при дефицит на Б витамини, анемија или пак дијабетес (ова последново не верувам дека е случај кај тебе). Види како стоиш со крвта, направи целосна крвна слика, па ако има потреба земи некој препарат на железо, Б витамини во било каква форма, и внесувај повеќе здрава храна. Може да се плакнеш со 3% хидроген (не голтај), превентивно, да спречиш инфицирање. Можеш и Стоматидин да земеш (раствор е, го има во аптеки), но мислам дека не мора, посебно ако немаш симптоми како печење, чешање и слично. Можеш и чај од жалфија да користиш за плакнење (свежо припремен).
     
    На infinity му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јазикот ми е ваков цел живот,а пецкање чувствувам само кога јадам луто...Крвна слика имам направено,и се е во ред...Немам ни сува уста.Едноставно јазикот е таков....
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Па штом ти е таков јазикот, најверојатно кај тебе е генетски, можеби некој од твоите има ист таков јазик. Се' додека немаш сериозни симптоми и проблеми, немаш причина за грижа ;)
     
  19. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Annath најпрво едно големо БРАВО за сите одговори на феминките.

    Инаку, имам еден мал проблем. Единицата ми беше пломбирана од порано, и се си беше ок, меѓутоа, случајно целата потеков во тој предел (дури и фацата ми се смени). На заболекар ми рекоа дека имало процес (можело да биде од тоа што долната едниница вршела притисок штом загризам) и со антибиотик па после го исчисти. Кога прашав дали е умртвен забот ми рече, не, само дека го лечел живецот, но, по некое време ми отемна забот. Па по некое време одгоре ми го истружи и ми го направи и колку толку сега е добар. Но ме нервира понекогаш ме вие и ми доаѓа да го удирам.

    И имам уште едно прашање. Кога јадам благо, особено чоколадо, ме болат забите (од двете страни кај 4ките и 5ките) но пломбирани ми се и не ми се расипани. Што може да биде проблемот?

    Поздрав и благодарам однапред
     
  20. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Нема врска што имаш пломба забот може да ти биде расипан под пломбата. Мене ми се случи истото претходниот месец. Неубаво исчистен заб од кариес, пломбиран и си продолжил да си работи, а од пломбата не се приметува. Кога ми ја иструга пломбата имаше што да се види :worried: Се осети и миризба дури, леле кога се сетам... страшно. А можно е и да е убаво исчистен заб повторно да се расипе.....