Знае некој каде може да се најдат четки од Oral B за менување на електрична четка? И која цена се отприлика?
Луѓе ќе може ли некој што разбира да ми помогне ? На непцето од горната вилица ми искочи нешто како бубуличка , и ставав метиленско плаво неколку дена и малку беше се повлекла, но сега пак се врати во првобитната состојба и ставив пак метиленско но веќе не делува. ;/ Осеќам блага болка на допир.. Што може да е ова и што друго да ставам??
Немаше да прашам овде ако беше така. Ако некој се разбира да ми каже ако не друго со што можам да го премачкам освен со метиленско , што има иста функција???
Ова мене ми личи на фистула што значи имаш некаков процес па гној си тече од тука и затоа се појавува и повлекува. Ќе мораш да си одиш на стоматолог да се отвори забот и да се препише антибиотик.
Имам 7ка со лек, и заприметив од неодамна непцето околу забот ми е зацрвенето и од него како да тече крв. Непцето исто ми е зацрвенето и околу 6ката но натака сите заби ми се поправени и здрави па ме загрижува зошто и околу нив е така. Го прашав стоматологот ми рече дека тоа поради што 7ката е расипана и треба да се прави, лекот ми стои 2 месеци рече дека ќе остави да видиме дали ќе почне забот да боли. Досега нема ништо но ме загрижува тоа што е црвено и тече крв. Од што може да биде? Загрижена сум ме фаќа паника
Имам голема забоболка долна вилица измеѓу двата последни заба, вака неможе да се види ништо, нема некои надворешни видливи промени на забот но ме боли, ги усчеткав убаво, со чај од жалфија испирање на устата, го користев и гелот гингивал, колку што видов непцата се црвени како воспалени, дали има некој забен џеб што ќе е незнам, некој совет, чаре не ми се иде на дежурен во поликлиникиве, а вака до понеделник неможам да издржам, некој совет дајте ве молам
здраво.. ме интересира што мислите за фасетите ламинати за заби.... кој е најдоар за нивна изработкаљ во прилеп и секако цената колкава им е? читав дека со неколку посети настоматолог се средувала насмевката... мене ми се искривени 2 заби би сакала ако може со оваа постапка да се среди
Баш поради ваков сељацизам не ми се отвара фемина. Не знам кој треба да олади и да припази на говорот. Страшно е и срамота е за девојче како тебе,не те личи. Мислам дека ова што ми го препорача си го препорача самата на себе си. Веќе се ми е појасно. Убав ден и полека ќе рипнеш ќе ме тепаш.
Zalna vistina e toa sto NEMA DOKTORI vo ova vreme,sekoja cest od cel svet sto edvaj eden ili dvajca stv moze da se narecat doktori drugo se e nula dzabe im se diplomi!
Благодарам за мислењето/советот, пиев аналгин поминува неколку часа па пак малце боли и така си игра мајтап со мене
Луѓе дај ве молам помагајте веќе неколку месеци сум со овој проблем. Забен камен имам исчистено, поправив расипани заби. Непцата секогаш ми реагирале на студено, но не како сега откако ги направив сите. Премногу реагираат дури и водата да не е студена и не можам да ја издржам некогаш таа остра болка. Користам органско кокосово масло 20 минути на ден пред да легнам, но ништо не помага. На стоматолог ми рекоа од надвор се е добро значи проблемот е некаде внатре. Не знам веќе каде да се обратам.
Ај сеа ако некој знае да ми каже, или пак @Annath .. На мајка ми и вадеа заб денес ама стоматологот и рекол дека и ставил памук со некаков лек на него Епа еве ја писка по дома, кога треба да го извади?
Не..некое мало топче ( не знам што ама ситно) натопено во нешто..ама каде како зошто ми остана енигма.. Газата ја фрли уште кога излеговме, после пола саат.. Така објасни медицинсково лице дома Во секој случај, фала
Нема проблем. Ако не кажал кога да се вади, тогаш и веројатно не треба да го вади ако било кафено по боја, ќе си се ресорбира самото на местото.
Синоќа ми кажа кога се прибравме .. Жива е, не ја боли веќе, а и ништо не видела во уста за вадење, изгледа од тоа ..нештото што го спомнуваш е смешна ми е кога објаснува, да ја слуша човек од некоја страна. "Зема едно такво, па со тоа шпицастото го пикна таму ..ваму.. па со тоа сплоснатото не знам што, па па па...пааа итн". А јас како што имам уплав, смешно ми е