Нема проблем. Ако не кажал кога да се вади, тогаш и веројатно не треба да го вади ако било кафено по боја, ќе си се ресорбира самото на местото.
Синоќа ми кажа кога се прибравме .. Жива е, не ја боли веќе, а и ништо не видела во уста за вадење, изгледа од тоа ..нештото што го спомнуваш е смешна ми е кога објаснува, да ја слуша човек од некоја страна. "Зема едно такво, па со тоа шпицастото го пикна таму ..ваму.. па со тоа сплоснатото не знам што, па па па...пааа итн". А јас како што имам уплав, смешно ми е
Ми го пломбира и ми рече дека нема да ме боли. Единствено ако имам болка ќе биде од умникот кој ми е во фаза на растење од истата страна.А болка чувствувам кога ќе јадам нешто од таа страна, и цела вилица почнува да ме боли. Исто кога пијам ладно ме боли уште повеќе од порано ама кратка болка. Се мислам дали да го вадам умникот како и другите два долу што ги извадив на орална хирургија. А 7цата ми е лечен. Носам позиционер или пластичен ритајнер па докторот рече дека немало шанса да ми ги искриви забите.
Може да е и џебот на забот, да треба да се чисти. И ова од умниците е хорор, не знам како ги издржав сите 4. Ако е на забоболка само, добра си. Помини со забен конец за секој случај и измиј ги, ако не поминува провери си ги џебовите обавезно. Умртвени ти се живците на забот?
Горе лево имам умник во фаза на растење до него седмица со умртвен живец, а до него 6ка сега што го поправив не мине умртвен живецот. А на снимката докторот рече дека можно е да има џеб па после рече не нема погрешно видов.
Епа може и 6ка да е, во меѓувреме да се создрал процес па рефлектира. Пробај со железен предмет (лажиче) чукни на 6ката, ако осеќаш силна болка до него е. Исто провери на таа страна сите заби во кои се сомневаш. Ако нема болка додека го чукнуваш забот, умникот е .
Дентисимо имаат решение за секој проблем и многу добар квалитет, јас сум кај докторка Марие, пломби не мрдаат цените се од 600 до 1200.
Проверив со лажичка како што ми кажа ама нема некоја посебна болка...на сите други пробав болката е минимална и иста како и на здравите заби. Би требало да е од умникот ама ми е чудно што ме боли на ладно (кога пијам ладна вода).
Јас пред една недела вадев умник. Капа и симнувам на хирургот, таков однос неам видено од никој лекар до сега, без разлика која и да е струка. Прво го лечевме еден цел месец, и антибиотици и инекции затоа што беше полуимпактиран и имав страшен перикоронитис од кој буквално ни устата не можев да ја отворам, а воспалението беше токму на местото кај што требаше да е резот. Конечно претходниот понеделник се одлучивме да го вадиме. Беше брзо, безболно, и на крај излезе дека немаше потреба ни да се шие. На крај, што е најбитно, немав болка ни потоа. Утредента без проблем се вратив на работа, со минимален оток, и веќе после 3-4 дена бев способна целосно да ја отворам устата и да јадам било што. Пазам, не јадам работи со ситни семина, не сум грицкала чипсови ниту јадела нешто претерано тегаво и тврдо се уште, ама поминав целосно безболно, не се напив апсолутно ништо против болка, се наспав убаво и таа вечер, а бога ми и цела недела после тоа. Плус, не знам, ем не верувам воопшто на доктори, ама таква сигурност даваше хирургот, и со тоа што се интересира, те охрабрува да поминеш ако имаш пробем, сака да види како напредува лекувањето, се гледа дека се грижи. ПРЕЗАДОВОЛНА сум. Не дај боже, ама ако некогаш пак имам потреба за орален хирург, не му се ни мислам, веднаш кај нејзе.
Kako odi procesot na vadenje na nerv??dali boli so anestezija?konkretno se raboti za dole 7mica,otvoren mi e zabot i staven lek za umrtvuvanje na zivec,e sega nedelava mi go izvadi toj lek go strugna uste malku i povtorno mi stavi od istiot lek.Kolku trae toj proces na vadenje na zivecot i kako se odviva podetalno???
Ако живецот е успешно умртвен, процесот на негово вадење нема ич да те боли , пошто нели, природно - забот е веќе мртов (освен ако останал мал дел од живецот кој преживеал ). Процесот е таков што нервчињата ти ги вадат со едни инструментчиња )) кои наликуваат на интердентални четки - тенки и долги како иглички. Тие допираат до дното на забот и на нив се закачува или целиот живец, или на делчиња , постепено (така најчесто се случува). Ако живецот не е умртвен, нека ти работат со анестезија и нема да осетиш ништо. Леле, ич не е страшно, без паника! Јас ова го објаснив лаички, од искуство. На мноооооогу заби ми ги имаат извадено нервите. Уживај, се ќе биде во ред.
Мртов заб, горе 6-ка, значи со умртвен нерв и сите тие работи, затворен ко божемски, последниве 2-3 недели ме приболнува кога џвакам на него. Дали е можно да се развива процес кај што не е дочистен каналот или е непце?
@Alcon Можно е да се развива процес. Една снимка направи и ќе покаже дали има процес или не. А од пред колку време ти е затворен?
Консултирај се со докторот, ако сметаш дека не е доволно исчистен и затворен направете снимка, со упат од докторот на клиника направи снимка само на тој заб. Меѓутоа ако е мртов не треба да имаш процес, може да се работи за друг заб па да мислиш ти дека те боли мртвиот.
Мртов заб може да има процес доколку не е доволно исчистен и излечен пред дефинитивно да се затвори. Штом е затворен 5 месеци не би требало да боли, а ако боли значи има нешто. Снимај го и ќе видите.
Можно е од миење заби со сода бикарбона да се разјадат непцата и да станат почуствителни, и што е чаре?