И јас носев лек некое време и тогаш не ме болеше, а сега откако ми го пломбира не можам да јадам на таа страна d
И јас не можам да јадам на таа страна...сеа ме боли повеќе отколку што ме болеше пред да го поправам...сега ќе чекам некое време да помине. Ако не ќе го умртвува.Ама се надевам дека нема да има потреба. Докторот рече во пракса 90% било успешно. Тоа е мојот случај,а дали е исто и кај тебе не знам. Поздравче
Здраво, Дали има некој искуство со парадентозно лечење на непцата, како ви било искуството и кои интервенции сте ги презеле? (Јас веќе одам на клиника, со игличка ми ги третираат два пати неделно и антибиотици пијам, ми предложија и некоја интервенција со плазма или со регенерирање на коската за која се двоумам дали да ја спроведуваме, околу 6000 ден била, не сум сигурна дали ми е потребна сега во моментов. Исто така и сама ги третирам со гингивал и четкање со лакалут и убава четка, конец, плакнења со с-ва..) Благодарам однапред, поздрав
Здраво, деновиве ми излегоа како бели брунчиња на внатрешната страна на образите, имам 2 и јазикот цело време ми е кај нив ми сметаат. Знае ли некој што е тоа и што да ставам да се повлечат?
На која основа ти дадоа таква дијагноза? Сите имаме периодични проблеми со непца кои се решаваат на разни начини, али твојава метода е преинвазивна.
Здраво,имам умртвена седмица,во понеделник ми рекоа дека треба да ми се чистат каналите на ,,живо`` бидејќи имав добиено инфекција и ми го лечеше забот.Докторката не можела со анестезија да ми работи зошто не можеле убаво да се исчистат каналите.Многу ми е страв.Може некој да ми го каже процесот како иде и дали боли?
Мене пред 2-3 недели ми излезе едно такво топче од десната страна.Незнам со што може побрзо да се повлече но мене за неколку дена ми го снема.
Епа имам неколку џеба поточно 4ри, кои достигнуваат должина од 2-3мм а на еден заб ми е и 7мм (тоа е дожината на игличето кое влегува во џебот http://www.drlolin.com/paradentoza/razvoj-paradentoze/ овде зирни ќе ти биде појасно). Плус направив и панорама снимка на која се гледа губење на коска, според нив. А немам кварење кога се четкам, не ме ни боли како што било случај кај некој со парадетоза.
може некој/а да ми кажи зошто кај некои луѓе се појавува склоност на кариес а да не е од наследен фактор? еве јас го иам проблемов уште од дете, плус единствена сум во целата фамилија со ваков проблем редовно ги мијам забите се трудам почесто да ја менвам четката за заби ама кариесот се појавува. е сеа не знам на колку време се јавува кај мене оти то е индивидуално кај секој, закажана сум на преглед по месец-месец и пол. иначе можи некој да одговори на прашањето шо го поставив погоре?
пред еден месец вадев заб со операција зато шо беше деликатно местото и ми стави неколку конци, по една неделаа бев и ми ги извади конците ама пред два дена видов дека еден конец ми има забораено и на то место ми собра гној и ми напрај како топче и не ми зарасти местото и ме боли ко ке јадам ми ја трга устата од конецот, ме интересира да не е некој друг проблем освен конецот да ми кажи некој да не имал сличен проблем моментално пијам антибиотик за гнојот ама не ми се намалва топчето некако..
Едно прашање треба да ги вадам 6 и 7,но и после две анестезии имаше огромна болка и ме пратија во државна.како е со докторите таму и што би можеле тие да направат
Vaka znaci gore mi se izvadeni petkite.So tek na vreme zabite si se razmestija i sega kecovite mi se razdeleni i toa ubavo.Sto intervencija moze da se napravi za pak da bidat zalepeni ili doblizani .Dali nekoj imal vakvo iskustvo?
Има ли пилот во авионов?! Пред неколку денови ми се укочи долната вилица, од десната страна, ме боли и не можам да џвакам храна. Вчера ми беше подобро, ама денеска бетер. Амоксиклав не ми помага, кажете што да земам друго?! Расипан заб немам. Бев на стоматолог пред 2 недели. Ми расте 8ка.. можно ли е да имам некое воспаление?! Додуша и претходно ми се дешавало да имам расипан корен, а забот да е бел.. ама не можам да отворам доволно уста за некој да ми провери. Некој со сличен проблем да сподели некое лекарство колку да ми се пушти вилицава па да одам на снимање?! Стоматолог некој на форумов?!
Да се самоцититам.. приметив дека тебе те тагнуваат најчесто @Annath ако имаш 5 секунди вишак да споделиш мислење би ти била бескрајно благодарна.
Колку време го пиеш Амоксиклавот? Мене најчесто за болки ми даваа и Ампилицин или Вибрамицин, ама сега и двата се на рецепти. Од одма амоксиклавот нема ефект може после 2-3 таблетки.
Мора дијагноза на забар. Не знам од што може да биде, а причини има многу. Може од прелада, од преголемо отворање на устата, растење на осмица поретко, ама не е исклучено. Преглед, и евентуално снимка би требало да помогнат за побрзо одредување на причината за укочувањето.
Го пијам 4-5 дена и нема апсолутно никаков ефект.. ампицилинот е послаб. Не знам што да праам.. паника ме фаќа. Болка немам цело време, само кога пробувам да отворам уста повеќе од она што ми е укочено и кога стискам вилица.. Не можам да јадам.. @Annath проблем не ми е одењето на забар.. проблем е што не можам да отворам уста доволно за да ме прегледаат и да се процени што го предизвикало ова. Ми треба некое јако средство да ми се пушти вилицава.. за да можам после да ја снимам... иначе вака нема шанси.. Забарката ми даде амоксиклав ама не ми помага..
Можеш да ја снимиш, панорамска снимка може да се направи. Да не ти е изместен зглобот? Убаво затвораш, до крај?