Правев панорамска пред 2 години и устата требаше да ми биде скроз отворена.. Ако може и вака одма одам по упат утре. Можам да ја затворам убаво до крај ама многу ме боли кога ги спојувам забите.. а многу малку можам да ја отворам.. само за да зборам е доволно..
Најверојатно ти е изместен зглобот, или пак осмица расте на лошо место. Панорамска снимка или ортопантомограм се прави со затворена уста, ова што си го правела е друг тип снимка.
Треба да вадам заб и да ми стават мост, а исто и едниот умник треба да ми го извадат. Што антибиотици обично се даваат после тоа ?
Скоро ги извадив фиксните протези и носам пластичен позиционер. На левава страна горе имам умник за кој што за кој што има кнап место ама и можда не баш. Многу ме притиска од таа страна и ме боли кога ќе јадам. Долу извадив два умници со операција немаше место за нив од кои едниот ми растеше на криво....сеа се мислам ДАЛИ да го вадам и овај. Оралниот хирург рече дека немало шанса да ги искриви забите ради позиционерот ама пак ми е шубе... седмицата до него ми е убаво лечен а 6ката пред скоро го поправавме, а уште ме боли. Матичниот прво стави лек па го затвори рече да чекаме да помине инфекцијата. Ако не ќе мора да се лечи и тој. Да го вадам умникот или не?
Имам едно коренче што ми е за вадење, почна многу да ме боли пред неколку дена и од него не можам да јадам нормално. Морам да одам да го извадам, ама гледам дека е отечено непцето над него. Проблем ли е да се вади кога е така отечен или не?
Ми ставаа лек на еден заб и ми рекоа после 14 дена да дојдам за да се извади тој лек,еве после 3 дена таа страна од забот ја чуствувам како кога ставаат анестезија здрвена а кога ќе ја допрам ме боли не до толку многу,ама болии што да правам?тој ми рече ќе ми реагира лекот ,ама вака ли реагира знае ли некој?
На снимкава убаво не гледам, велиш дека седмицава е лечена. Ако не е ИДЕАЛНО излечена, мој совет не ја вади осмицата, ако случајно се јави некој проблем со седмицата и ја извадиш, умникот ти има убав правец и ќе ти се најде некогаш.
Седмницата е идеално излечена сигурно....и јас мислам дека можда ќе ми се најде умникот ама пак да не ми паднат во вода 4 години фиксна протеза. Страв ми е да не ми се искриват пак напред.
Супер. Во секој случај, осмицата не пречи и не би требало да ги искриви забите. Најлесно е да се извади.
Ми е страв дека долу ми беа идеално прави забите од двата умници ми се искривија ..разликата е во тоа што едниот долу растеше во погрешен правец а за дригиот немаше место. Цела доверба треба да ја имам во пластичниов позиционер кој е направен од формата на забите кога ги извадив протезите. Сепак гледам некои мали промени..и плус пукнатини на самата пластика. Ексик значит.
Денес ми го отворија забот и пломбата ми е извадена, па така ми стои моментално, па заборавив да си прашам дали можам нормално да јадам секаква храна . Некој да знае овде ?
Како така ти го оставиле? Што ти рекоа да јадеш? Мислам ќе има процес ќе се полни со храна и тоа доведува до губење на забот односно краен процес вадење. Во врска со вадење умник пошто јас извадив пред неколку недели за болки аналгин, во крајни случаеви амоксиклав.