Сигурно до сега го имаш извадено, но под оток никој не се нафаќа да вади ќе ти препишат нешто за оток.
Не се сеќавам баш добро јас кога правев зафат, мислам дека течна храна не многу тврда. Ладна претежно.
Единицата напред ми е умртвена т.е. иваден живецот и сега на млако или ладно кога пијам сеќавам како ме наболува, некој слично искуство да имал? Решение за ова
Mozeli nekoj da spodeli iskustvo so ortodontite vo drzavna bolnica vo skopje i kolku cinat mobilnite protezi za +18 godini?
Немам искуство со ортодонтите, бидејќи не знам кој работи таму сега, а цена на мобилен апарат за 18+ е околу 6000 денари. Во најголем број случаи мобилните апарати не помагаат во местењето на забите кај 18+ лица, бидејќи е завршен растот на вилиците и забите (не се сметаат тука умниците). Мобилните апарати се ефективни во периодот на раст и развој бидејќи ги насочуваат забите како да се наместат додека растат и да си заземат свое место во вилицата.
пред еден месец ми правеа горна десна 6ка,ми ставија лек за умртвување на живец и после некое време го извадија ми ги наполни каналите и го пломбира забот арно ама во едниот канал сеуште имаше малку крв безразлика на тоа докторот ми го пломбира првата недела дена немав никаков проблем со забот потоа почнав да осеќам дека е високо и тапа болка само на одреден дел од забот,севратив кај докторот ми рече дека забот е истрауматизиран и дека наводно не сум осетил дека е висока пломбата тогаш ми ја стругна пломбата и повторно беше високо ми рече дека небива веке да струга као ке пукнела пломбата и рече дека осеќам високо поради тоа што забот се спуштил поради повреда ми даде терапија со антибиотик од кој осетив големо подобрување високото чуство го снема ептен кога силно ке стиснам се осеќа малце високо а тапата болка при чукање на забот е намалена ама сеуште постои. Annath ако имаш време твоето мислење би ми значело имали некако чаре или само вадење му е спасот,например ме интересира дали има можност за ревизија кај орален хирург.
@kikoz тоа што си осеќал болка, дека е забот повисоко и тоа што антибиотикот помогнал да се подобри ситуацијата, укажува дека имало инфекција. Почекај уште два-три месеци, па направи снимка. Можеби е само реакција на лекувањето и полнењето, а можеби е „разбуден“ постоечки процес. Не би брзала со вадење. @sanushka прати во ЛП.
Поради воспалените непца заболекарката ми советуваше да ги четкам со средно мека четка,значи малку по аресивно и директно на непцата,да потече крв.Имали пробано некој,страв ми е да не направам полошо?
Случајно налетав на темата и ќе го поставам прашањето: Се работи за лош мирис на предните заби. Патем, на речиси секој од нив имам по мал дел со пломба. Здивот не ми мириса, но, кога ќе го допрам забот - мириса лошо. Прво приметив со испуштање на воздух измеѓу забите (многу ми се споени забите инаку, мнооогу тесен простор имам помеѓу два соседни заба и таму кај што има малку простор кога ќе мине воздух и се испушти - лошо мириса). Не знам колку добро ова го објаснив, се надевам некој ќе разбере. Потоа пробав со интердентални четкички - на првите неколку чистења секогаш има лош мирис кој потоа ќе исчезне, ама утредента пак ќе се појави. Дали е ова проблем поради тесниот простор помеѓу забите во кој можеби се собира храна и слично па почнува да мириса лошо? Јас некако целам на тоа дека е до пломбите. Има ли шанси некои пломби или нешто лошо да мирисаат?
Пред неколку дена почна да ме боли долната тројка од лева страна, се напив еден аналгин и ми помина. Ден потоа почна да ме боли цела лева страна од долната вилица и забележав дека ми расте осмица. Немам некои огромни болки, ама забите ми се ептен осетливи и имам болки при јадење и мрдање на устата, што страшно ме нервира. Колку време отприлика ќе ме боли вака?
Здраво,јас сум доилка и ме советуваа да не ги снимам забите , да почекам,ама не можам да чекам година дена ,а имам отворен заб ,и многу лошо мириса,докторката ми го затвори ама многу ме болеше и мораше пак да го отвори инаку се работи за преден заб,исто така имам и многу јака болка на ппследните 7 или 8 незнам точно пд кој заб е болката но ме боли цела страна дури и слепоочница,дали е опасно,
Кога се чистат непцата,џебовите,не знамм како се вика таа процедура,се става анестезија или не?јас кога одам во Мк.без анестезија ми чисти но овде некој ми спомна дека се ставало анестезија?
Редовно чистење и контроли на стоматолог, соодветна орална хигиена. Доколку има потреба од нешто плус, ќе препорача стоматологот. Можеш да снимаш, со соодветна заштита. Приватниците сигурно имаат заштитни престилки. Не се става анестезија, бидејќи не е толку болно, но сепак колку ќе боли, зависи и од прагот на толеранција на болка кај пациентот. Во секој случај, анестезија не се практикува при оваа процедура.
Никако агресивно четкање. Така ќе доаѓа до се поголемо повлекување на гингивата. Воспалението може да се реши со редовно чистење на забен камен и меки наслаги и секако редовна орална хигиена. Освен вообичаеното четкање пробај и со секојдневно чистење на меѓузабните простори со забен конец или интердентални четкички.Ти ги препорачувам четките на CURAPROX и пастите на Parodontax. Можеби се малку поскапи, но вреди секој денар.