Здраво девојки Дајте некој лек за непцињата на долна вилица пукнав од болка се сними не е умници имам само чепчиња изгорев од болка. Се мачкам со Гингивал гел и испирам со течност. Среда треба да патувам леб во уста немам ставено !!!
@Nuny да не имаш случајно забен камен и од тоа да ти се воспалени непцата? Појди кај стоматологот пак, нека ти исчисти камен ако имаш и продолжи да се мачкаш со гингивал, ќе ти помине.
Девојки ќе може ли некоја да ми одговори итно ми е.. Може ли да има некаков проблем ако конците ги држиш ден повеќе од назначеното време за вадење?
Јас мислам дека нема врска,знам на другарка и рекоа да ги извади за една недела да дојде,а она не можеше и после еден месец отиде па ништо.
Вообичаено нема проблеми, ама ако не можеш да отидеш на закажаниот термин, гледај што побрзо да одиш, не е само вадењето на конците, туку и контрола на заздравувањето на раната.
Девојки веќе 2 дена имам чудно чувство во долната вилица, најмногу кај 3ката на левата страна, некоја чудна болка. Не сум во можност да одам на стоматолог во моментов, имате ли искуство со такво нешто. Што да правам?
Не знаев кај да го поставам прашањето.. Ја има ли некој користено пастава и дали е за секојдневна уѕпотреба? Ме збуни малку упатството..па затоа прашувам.
Дали сте имале искуство да лекувате заб кој има процес, но да се трудите да го спасите забот некако за да не се вади? Ве молам мислења, неколку заболекари различно ме советуваат...
@lavinija28 пробај со лечење. Ако не се лечи секако на крај ќе мора да се вади, ама барем прво пробај. Ништо не губиш.
Здраво... Прашањето не е за тука, но можеби некој знај... Искуство со доктор Наумовски од максилофацијална клиника и проблеми со хронични лимфни жлезди. Фала
Да, за секојдневна употреба е. Што те буни во упатството? Секој заб може да се спаси со соодветен третман, а дали ќе биде конзерватива или хируршка терапија, зависи од ситуацијата. Конзервативата ако е направена како што треба по протокол има одлични резултати. Ама не секој ја работи така.
Ме збуни тоа што во упатството пишуваше дека се употребува на тој начин што малку од неа на врвот од прстот се нанесува на забот кој те боли и ја олеснува болката моментално . Па ова Ме збуни тоа што пишува дека се употребува на тој начин што малку паста колку на врвот од прстот се нанесува на забот и болката ја олеснува моментално.
Тоа е за оние кои имаат проблеми со осетливи заби, за да се смири болката која ја чувствуваат моментално. Значи, кога забите се осетливи на температурни промени (ладно-топло) може да има силна болка која оваа паста ја смирува (јас лично не видов таков бенефит од неа, а имам осетливи заби). Инаку е за секојдневна употреба како било која паста за заби, а ова со мачкањето е еден вид прва помош.
Во ред, ти благодарам за одговорот. А да не знаеш дали на Лакалут има некоја таква паста што ќе биде истовремено за осетливи заби и за белеење ?
Нема на Лакалут, тие имаат посебно Lacalut White&Repair, посебно Lacalut Extra Sensitive. Различни им се активните состојки.
@Annath имаш ли користено користено некоја паста за чуствителни заби која ти помогнала? Мислев да ја купам Lacalut extra sensitive. И каква паста би препорачала за миење на заби со коронки? Дали би пречело ако и нив ги мијам со сензитив паста?
Оваа сум ја користела, презадоволна сум. Сега немам толку голема осетливост (одамна не сум користела ваква паста).
Мене многу ми помага оваа на Колегејт што ја спомнавте,мислам дека за два дена ми ги смирува непцата.Од Лакалут немав некое подобрување. @Annath едно стручно прашање како да се намали осетливоста на забите (ако воопшто може)? Јас имам длабок загриз и многу проблеми посебно со левата страна од вилицата,фиксната не помогна многу.