Ќе се самоцитирам затоа што го редактирав мислењето. Ако не ти е тешко да ми одговориш и на вториот дел од постот. Фала ти
@Avery со било која паста што ја користиш слободно можеш да ги миеш забите кои се под навлаки/коронки. Не делуваат пастите на порцеланот како што делуваат на глеѓта
Да, тоа се забите, не непцата. И мене ми се вратовите осетливи, а пастава на Колгејт не ми помогна. Ми носат на работа промотивни пакувања, зедов да пробам, го тестирав подолго време, немаше таков ефект како Сензодин пастата на пример. Сепак, веројатно е индивидуално како некој организам ќе реагира на одреден продукт
Здраво Знам дека не можете да ми помогнете тука, но да ми кажете што може да биде ако знаете. Значи до пред 2-3 месеци си ги средив забите, значи немав ниту еден расипан.Ми кажа да дојдам на контрола.И денес ми текна викам да одам на контрола па се замислив што ќе одам и така ми се океј ама ај да погледнам, и тогаш што да видам долни 5 заба покварени.Значи не можев да поверувам, не е можно.Немав приметемо, редовно ги мијам и се најнормално.Не е можно во толку краток период да се случи тоа.Ќе одам утре одма, но не ми е јасно од што е. Многу ми е страв, имала ли некоја сличен случај.
Ако може едно прашање до @Annath зошто мислам највеќе се разбира Имам осетливи заби (ме болат на топло/ладно/благо), ми дадоа на забар colgate pro relief и листерин сензитив, не ми помогна воопшто. Дали мислите дека би имало некој ефект од лакалут сензитив паста и течност? Поефикасна да не е? И која е разлика меѓу лакалут сензитив и лакалут екстра сензитив? И како би можел освен со паста и течност да ги направам забите да не се чувствителни? Има некое друго решение?
Како забележа дека ти се расипани, или на контролата ти кажа стоматологот? Инаку се' е можно, а постои и опција да не ти биле доисчистени, па продолжиле да се расипуваат. А можеби се работи и за потемнети бели пломби, и мислиш дека ти се расипани забите. Индивидуално е тоа, на сите ист лек не им помага. Пробај со Лакалут екстра сензитив да видиш, а продолжи со Листерин сензитив. Ако не помогне, тогаш земи Sensodyne total repair, таа паста мене лично најмногу ми помогна. Осетливоста може да се намали понекогаш и со премачкување со флуор во ординација на периоди, ама колку би имало ефект не знам баш. Тоа твојот стоматолог ќе процени.
Од неодамна ми извадија заб и непцето кај што бев шиена ми стана ептен тврдо и грубо. Се мислев да пробам да го мачкам со кантарионово масло од оние купечките што се , но не знам дали може да се користи за ова / за внатрешна употреба? Или кажете нешто друго што би имало ефект???
Отиди на контрола кај стоматологот. Ти ги извадија конците? Во меѓувреме прави гаргара со солена вода.
Имам користено еден гел Гингивал Ц,составот е камилица,алое вера ама после вадење на заб демек за побрзо зараснување на раната.Сега кај тебе не знам каков ефект би имал,најдобро да си одиш на контрола.
^ Забот ми е изваден уште пред неколку недели(некаде почетокот на јуни мислам дека беше), конците веќе извадени, раната убаво зарасната... и сега после толку време почна да ми станува непцето како тврдо / грубо на тоа место кај што бев шиена, така не е приметливо или видливо само кога ќе го напипаш се осеќа дека е.
Како што пиша и членката погоре, можеш и Гингивал гел да мачкаш. Има еден зелен и еден бело со бордо кој е поскап, но многу подобар. Сепак, најдобро ти е да отидеш на контрола. Мене по вадење на 8-ца ми се направи како израсточе, па мораше да ми прават киретажа ( не грижи се, безболно е )
Па не може да биде меко, коска има под него, почнува да се пополнува коскениот дефект што настанал со вадењето на забот. Ако ти е на мисла и имаш болки, оди на контрола, ќе ти кажат што е и како е. Ако вадењето било комплицирано (а претпоставувам дека било, штом е шиено) дефектот е поголем и ќе му треба подолго време да се пополни и израмни местото.
Осмица ми е вадена, а конци имав се до 5/6ката. Болки немам никакви, освен што непцето таму ми е тврдо и грубо долж вилицата.
Ве молам феминки, ќе може ли да ми ги опишите симптомите за циста на заб? Како ја приметивте, што чувствувавте и слично?
После нова година правев заб ми умртвуваше живец докторот и сега почна да ми реагира тој заб. Ме фаќа страв. Ми реагира забот при топло, или пак при ладно како на пр. сладолед. Дали може да е нешто страшно? За жал докторот беше мн. непрофесионален, во книшката нема ништо внесено сега не ги правам кај него,како и да е имам страшни трауми и незнам што ќе правам
Не може да реагира заб со умртвен живец,барем така е со моиве заби,освен ако не си ја завршил работата до крај докторот.Оди си кај друг Др.што се плашиш нема што да ти е страв,сигурно не е ништо страшно