Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    И кај мене цел јазик ми е таков од како знам ,имам одено и на лекар и ништо не ми е, не чувствувам ни пецкање ни ништо.
    Нормална појава е тоа, не може да биде кај сите ист, исто како што двете гради не се кај секого исти по големина и форма така и јазикот кај секого различно.
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Можеби е само недостаток на некој витамин... :?:
     
  3. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Annath ме интересира колку често треба да се менува четката за заби?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски


    April, имало процес на забот, тоа е точно, ама не ми е јасно - ти го лечел живецот?! :^) Штом има процес, живецот по правило е неповратно оштетен и коренските канали се чистат и лекуваат од процесот, забот се пломбира и секако, потемнува, поради тоа што нервот кој го исхранувал повеќе го нема. А тоа што те вие, како што велиш, е реакција на ткивото, можеби има некој џеб тука, па се воспалува од време на време, иако не многу, доволно за да ти предизвика непријатни чувства.
    Тоа што забите те болат на благо - едноставно имаш осетливи заби. Инаку, не мора да значи дека ако се пломбирани не се расипани, може да се јави кариес и под пломба. Ако се јават болки при топло или ладно, тогаш дефинитивно има нешто.


    Препорачливо е да се менува на секои два месеци ;)
     
  5. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Најверојатно сакал да каже дека каналот од живецот го лечел или така нешто. А за тоа со благото, има неколку месеци како ме болат, порано не ми се десило, а на топло или ладно не.
     
  6. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Ти напишав за мојата ситуација со кариес под пломба погоре... оди на забар и провери се најдобро.
     
  7. sara1973

    sara1973 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    здраво.имам еден проблем па ме интересира дали и на некој друг му се случило истото.проблемот е со мојот јазик.целиот ми е испукан,како да ми е исечен.а чудно ми е што не ме боли,така ми е подолго време.дали некој би знаел одсто би можело да ми е така.фала многу.
     
  8. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Јас имам проблеми со забниот камен.Цело време ми се појавува.Одам еднаш на 6 месеци на стоматолог да ми го вадат ама пак ми се појавува.
    Сакам да прашам дали некој има користено некој од овие производи, и дали има ефект од нив?
    [​IMG]
    http://businesshouse.com.mk/doctorsmanual/index.php?option=com_content&task=view&id=120&Itemid=123
     
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Неколку дена имам загубено чуство за вкус на јазикот и бели наслаги. Не сум болна, немам проблем со забите (имам 26 коронки веке неколку години). Единствено различно е што правев гастроскопија пред една недела, но немаше никаков наод. Незнам дали може да се поврзе наслагата со гастроскопијата или нешто друго е во прашање. Дали наслагава се отстранува со некое лекарство, чај и сл или поминува сама? Непријатно ми е бидејки не правам разлика помеѓу јаболко и компир :(
    Благодарам
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Shana, тоа што го опишуваш обично се јавува после некоја настинка или инфекција придружена со висока температура поради дехидрацијата. Ама кај тебе немало ништо такво, но најверојатно е од гастроскопијата, ама не е ништо страшно. Четкај го јазикот за побрзо да се исчистат наслагите и плакни ја устата со чај од жалфија. Ако не поминува, може да се работи за орална кандидијаза, па тогаш и ќе биде потребно да се земе брис за точна дијагноза, па да се користи некое средство како Дактарин или Нистатин - зависно што ќе ти препише стоматологот.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Сакав да прашам дали некој од вас има поставено мост доколку фали некој заб ,( мене ми фалат 2 на горната вилица и непријатно ми е зашто кога се смеам ми се познава ) доколку некој има познавање од оваа тема нека пише , поздрав
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ставиш мост? Штом ти недостигаат два заби, решението е протетска надоградба, најчесто мост. Може да се направат и импланти, што е далеку подобра опција од мост, затоа што нема стружење на здрави соседни заби кои ќе имаат улога на носачи на мостот. Меѓутоа, постои можност за отфрлање на имплантите од страна на организмот, но тоа во денешно време е сведено на минимум. Сепак, за наши услови и стандард, имплантите се доста поскапи, а процедурата ја прави специјалист орален хирург имплантолог, за разлика од мостот кој може да ти го направи и општ стоматолог.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Пред една недела ми падна пломбата на предниот заб, 2ката значи и се открши и ивицата на запчето со неа. :(
    Така си бев штрбаво детенце два дена, потоа отидов и увидовме со мојот стоматолог дека нема нерв кој реагира на забов.
    Ми рече - ама малку ти е модар, ајде ќе го пломбираме за да не шеташ баба рога, и го сликаше потоа, чисто за да види нешто во врска со корените, не знам, не се разбирам ама ич, за да види дали може да се лечи и да се спаси.
    Затоа што е преден заб, во рок од една година, два пати ми е пломбиран истиот.
    Пломбите просто не држат повеќе. :(

    И втора работа, над забот во внатрешноста на устата, се појавија две мали бели точки, кои ужасно ме болат.
    Веројатно некоја инфекција при поправањето, ама недела дена ни дај - ни придај, ја премивам усната шуплина со чај од жалфија и го поминувам местото со мешавина од мед и сода бикарбона.
    не поминува.

    Дали може тој заб да се спаси, и да не ставам уште отсега порцеланско запче, иако нервот веќе не е жив и што да направам со беливе точки?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    А што ти кажа стоматологот од снимката, дали е се во ред со коренот? Ако е се во ред, односно ако нема процес, може да се отвори, да се исчисти каналот и да се наполни, па да се иструга за порцеланска навлака, бидејќи со тек на време мртвите заби повеќе потемнуваат, но освен тоа и се поподложни на напукнување и кршење (а 2 се можеби и најкревките заби во устата - најлесно се кршат). Ќе треба некое време да се среди коренот за да не прави проблеми понатаму, но во твојов случај тоа е најдобра опција. Ако е добар коренот, нема потреба да го вадиш. А пломбите паѓаат бидејќи најверојатно нема добра основа за нив, т.е не е добро иструган забот. Но и нема многу место за стружење на предните заби поради тоа што се помали од останатите, особено двојките.
    Точно си претпоставила дека точките се некоја инфекција, може и да се работи за гнојни ќесички кои потекнуваат од инфекцијата на самиот корен на забот, а тука нема да ти помогне чајот, медот и содата. Тука помага чистењето на коренот. Значи дефинитивно, ендодонтска терапија и потоа стружење за порцеланска навлака.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Феминки помош Баба Рога станав... :hai: Пред месец дена ги извадив 6ката и 7мицата..катастрофа сега да не ја ширам многу зошто како што ,али вечерва се појави чудна работа наместотот на 6ката ми излезе рокче некое не знам како да го наречам од нигде никаде се појави никна така преку нок кога ке го притиснам со прстот ме боли уште како да не ми излегло од кожата,али се гледа убаво баш и на оледало заприметив и дечко ми виде рокче од непцето ми излегло странично, прво си помислив да не не ми ги доизвадил корените но доизвадени се сигурно и рекочето не е кај забот него страничо горе кај непцата..стварно не свакам што е работава..Како изродче се осекам.. :worried:
     
  16. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    девојко да ти е некоја гнојна кеса или незз шо друго ств, а сакам да помогнам така да или јави му се на докторот или иди на забар пак кај него да ти каже шо како позз :)
     
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^ појди на стоматолог за да се види убаво што е.вака како што кажуваш сигурно е некој оток,гној...појди најбрзо што можеш да не погодуваме вака,и тебе да ти биде полесно и да не се замараш :)
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Охх кузнај што е али не верувам да е гнојна кеса, рокче е некое , ке треба да почекам дури да си одам дома заболекарот ми е во родениот град... :(
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.165
    Ана деновиве ме боли глава цело време.Сите 4 умници почнаа да ми растат речиси паралелно.3 од нив целосно пробија,но не се пораснати во целост,туку некои 2 мм над површината се,а другиот ми се само три колчиња од четири,значи не е целосен.Повремено ми се случува(еве на пример деновиве,денес особено,не се трпи) кога ќе стиснам со забите,да чувствувам болка,притисок и тоа огромен.Дали можеби затоа што сеуште растат или друг е проблемот?! На стоматолог ништо не ми рекоа за нивно вадење или нешто такво,но страв ми е да не требало да се извадат,па сега прават проблем.Многу е непријатно,дури слепоочницата ме боли од левата страна,а баш седмицата лево горе денес ме растури од болење.Вака од надвор ги гледам,немаат ништо,а и кога мијам заби многу им посветувам внимание,имам страв дека на крај да не ги запоставам,па да почнат да се расипуваат,а незгодни се.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Сето ова што го опишуваш е многу карактеристично за периодот кога избиваат умниците, правилно си заклучила дека болките и непријатностите ти се од нив. Не затоа што се расипани, туку поради самата положба, но и местото на кое што никнуваат - создаваат поголем притисок отколку останатите заби, па се случува болката да се проектира како главоболка, увоболка и непријатно чувство на притисок и стегање на забите. Ако ти се правилно поставени и имаат доволно место, не мора да се вадат, но ако ти прават проблеми обично се препорачува нивно вадење. За да се намали болката можеш да земеш некој аналгетик (оној кој обично го пиеш), а ако не ти помага, консултирај се со орален хирург, може ќе треба да се вадат.