Ефридол и Вентор е едно исто, само името на производот различно, а составот ист. Само антибиотик, нема друго чаре.
Доведува до лудило. Ставам ладна облога и некако успат со испиен волтарен ме смирува. 3 дена сум без спиење.
Ми препиша амоксиклав, ама прво почнав со вибрамицин доксициклин као и да се викаат пошо појаки се. Ама не се трпи болкава, ај преку ден ке се занимавам со нешто и шишето камен смрзнато ладно го држам на образ ама навечер.. Мајками особено ... неможе више да ме трпи, вика господ у пижами го глеам со тебе. Синоќа особено, од мука сум задремала нишајќи се, она ми ставала облога ракија на образот видела не помага облога мешан оцет со вода, и ко сум зрипала у три лепе ни крива ни дужна сум ја отерала.Ама пуста болка
Вибрамицин не помага, послаб е од амоксиклавот. Тој не е баш за загноени заби. Земи амоксиклав, раат да бидеш.
Незнаев каде да пишам, можеби и не е баш за овде ама ајде.. Во последно време ми се случува после тренинг, поточно кардио тренинг, особено после трчање да ми се јави болка во забите, посебно во тие што ми се пломбирани. Зборувам за страшна неподнослива болка, обично после 15тина минути поминува, ама додека да помине.. мислам дека некој ми ги корне забите со клешта, без анестезија .. Имам слушнато дека може да е од што се расипани(крвта повеќе циркулира итн) , исто така и дека може да е поврзано со срцевата работа нешто. Знае некој да ми објасни што поточно се случува и зошто? И ако може некако да се спречи, или барем да се намали таа болка.?
Оди да си ги провериш забите. Следен пат кога ќе трчаш, обрни внимание на тоа дали ги стегаш вилиците несвесно? Дали болката е ограничена само на забите или те болат и мускулите и виличниот зглоб? Ако се само забите, тогаш не е лоше една проверка да направиш. Ако болат и мускулите и зглобот, тогаш најверојатно е од стегање на вилиците при физичкиот напор, нешто што несвесно го правиш.
Јас после една недела пиење вибрамицин за оток не можев да ја отворам устата ни да јадам. Воопшто не помогна, а отокот си напредуваше. Отидов кај орален хирург и прво нешто што ме праша е дали сум алергична на пеницилин, па пијам вибрамицин. Ми рече да не пијам вибрамицин за заби, бил сосема бескорисен и не помагал, особено ако се работи за оток/загноени заби. Амоксиклав пиј, вибрамицинот им се најлесни на стоматолозите за препишување, на многу места и без рецепта ги даваат, а нема да ти помогнат за забот, може само желудникот да ти го надразнат
Благодарам за помошта. Всушност, заборавив да напоменам, токму забите кои ме болат се пломбирани, можеби не се направени како што треба, или?
Не мора да значи. Може да било се' како што треба, па ете, од некоја причина некој од нив да е расипан.
Decki dali nekoj imal problem so sinusite vo gorna vilica? Snimav 8ca i imam gnoj vo sinusot. Nekoj sovet?
Јас имам ама со 7ци... Кај мене конкретно мал кариес ми направи проблем како мигрена да имав.... Инхалации 10дена или црвена лампа за зрачење 10дена да исфрлиш гној. Не знам колку е паметно да вадиш 8ци, ако ти се поврзани со синус не ти препорачувам. Здрави се?
Ednata e izrasnata so malku karies, a drugata ne.. so antibiotik ne moze da se sredi? Utre odam na odmor ne znam sto da pravam da ne napravam nekoj problem
Ако има некој стоматолог или некој што имал искуство со ставање ламинати на забите, може да ми објасни како оди тоа, колку би чинело и сл?
Денес вадев корен на 6ка. Беше загноен ми правеа киретажа. Ми помина анестезијата но чувстувам како некое пулсирање на местото. Можно ли е пак да загнои иако е чистено?
Мислам дека е можно... За ова баш разговарав пред некој ден со мојот стоматолог. Една лушпичка =) е околу 250 евра некаде... Убав изглед даваат и ги користат јавните фаци, понекогаш дури и само за снимање , гостување на ТВ и слично... Сетоа тоа поради фактот дека ламинатите се многу лесно кршливи. Не дозволуваат јадење на тврда храна зашто многу лесно се оштетуваат. Ако имаш пари, секако, лесни се за одржување... Ама ќе мора да ги менуваш често. Не се баш трајно решение, како што би биле коронките, на пример. Инаку, јас сакам да прашам нешто во врска со мостови - коронки. Дали постојано ќе го имам чувството дека забите не се мои, или ќе се навикнам?
За што мислиш? Тоа се луминати, lumineers или венери мислам дека ги викаат тука исто така. Како лушпи се буквално, се лепат врз твоите заби за да дадат поубав изглед на насмевката.
Ако ти се добро изработени нема воопшто да чувствуваш дека ги носиш. Јас имам мост, за многу кратко време се навикнав, џвакам секаква храна без проблем, дури заборавам и дека нешто е направено на забите.
Да, јас ги имам точно една недела... Веќе почнувам да се привикнувам на се, освен на местата кај шо немав заби и сега ми е тотално чудно, јазикот ми е само таму ))))) На почетокот мислев дека имам камења во устата, па ми беа високи, па ми беше страв да џвакам... Комедии!