Не се работи за чист порцелан, туку основата е различна, 3 пати поскапа и каде каде има поголема естетика. Меѓутоа и обичните коронки, чија основа е метал, можат да имаат добар естетски ефект, ако си го трефнал правиот доктор.
Јас имам 6 коронки ставено,не се ни познава дека не се мои бојата ми е иста не ги ни чуствувам како туѓи,така да ако имаш потреба,нема гајле со тоа,јас веќе 5год.ги имам јадам се и тврдо и меко,фала богу до сега ниту ми се скршило ни оштетило нешто.
Да, да, јасно ми е... Само, ми беше прашањето дали имаш ставено на бочните или на предните заби Зашто знам дека е скапо... Јас на бочните ставив микс, а на предните ќе ставам чист порцелан.
Не сум ставила јас, иначе цирконијата може да се изработи и за бочни и за предни, сепак зависно од финансии, би било пожелно барем за предните да се изработи цирконијa. Еве чиста споредба на сликата.
Да, и јас така планирам. За предните цирконија, а бочните ми се од поевтините =) Сепак, премногу пари е тоа.........
Знам, ама вреди, кој со своите можности, за жал, нашиот стандард е таков каков што е, не дека се тие скапи, кај нас е најефтино да се направат заби.
Треба да вадам неколку заби и се одлучив за забни импланти. Некоја од вас да ставала, да ми каже искуство и отприлика која цена се.
20.000 се во Санте плус,а на други места по 30.000 мислам дека се,иначе како што имам слушано не се баш удобни и рок на траење им е околу 10 год.
Мајка ми ставаше пред некој месец. Беше во клиниката на Европски Универзитет. Плативме 21.500 или 23.500, на жалост не се сеќавам точно. Околу 15 минути беше зафатот, штраф ми се чини ставаат во коската при првата посета. 5 дена пиеше антибиотици но немаше апсолутно никакви компликации. За неколку недели треба да отиде за да го стават и забот.
Апсолутно никаква болка не чуствуваше. Соодветна опојка и немало болки. Дури и после тоа, наредните денови, само 1-2 дали се напи апче. Одлично помина без болки.
Го заборавив името на конкретниот доктор, знам само дека беше многу искусен и професор на факултетот. По препорака од задоволни пациенти отидовме кај него. За време на зафатот имало и неколку студенти кои гледале и "учеле".
Имам прашање до @Annath Ми се скрши мртов заб од страна кај јазикот при лижење лижавче. Е сега мојата докторка е на специјализација, дали можам да одам кај неа или не е дозволено? Која е превенцијата за кршење на мртов заб, навлака или?
Можеш да одиш кај докторката, оти да не е дозволено? Таа не може да биде матичен стоматолог, ама може да работи се'. Навлаките се одлично решение за мртви заби, да се спречи кршењето. Докторката ќе си процени дали е добра опција тоа.
@Annath I jas kje ti upatam edno prashanje.. Dali moze gingivitis da se pojavi samo na odredeni zabi, primer kaj mene celo vreme se vospaluvaat od levata strana I gore I dole, a od desno nikogas sum nemala problem?