Може. Причини може да бидат остри рабови од коронки, протези, пломби... присуство на длабоки џебови исто така, како и лоша хигиена на тоа место.
Веке 2 месеци ми поминаа од операцијата на заб а во последните 2 недели почесто на сабајле ме боли местото кај операцијата дали тоа е некаков проблем или само со времето ?
Редовно чистење и обработка на стоматолог, користење на интердентални четки за чистење на џебовите после секое јадење. Трајно решение нема, за жал. Само да се одржуваат мирни, да не се продлабочуваат и да не се воспалуваат.
На ладно ме боли 6ката горе десно значи си јадам и немам никаков проблем не е расипан и незнам зошто на ладно се случува да ме заболи неколку секунди , а со 6ката или 5ката горе десно ми беше расипан и ојдов пред 5-6 месеци на забар ми стави лек и ми рече по 3 дена пак да појдам отидов и ми го направи забот пломбиран е а се случува кога го стегам да ме боли значи допирам со раце не ме боли кога јадам и пијам не ме боли ама кога ја стискам вилицата ме боли и малце како да се помрдне на едниот дел од забот ке одам на забар за 2-3 дена ај некој со искуство да ми помогне ... фала однапред
5ката или 6ката горе лево сум згрешил значи 5ката или 6ката горе лево едната половина од забот чуствувам како да ми се заминува како да ќе падне така е веќе 5-6 дена кажете и дали ке боли кога ке ми го поправа проблемот ..
Имам едно прашање до @Annath . Уште од помала ми се јавува кариес, т.е. склона сум на забен камен кој брзо ми се јавува (на 3 месеци). Дали би можела во покасни години да добијам парадонтопатија и колкав ми е ризикот? И уште едно завчера после ручек ги чистев забите со чечкалица, но откако го исчистив местото меѓу 5ката и 6ката горе од двете страни чечкалицата беше црвена, малце повеќе од десната страна. Дали се во прашање осетливи непца или нешто друго?
Јас мислам некоја појака четка земи....и мене исто така ми е ..и со непцата.пастата сменија пробај некоја друга....редовно на чистење забен камен и тоа..
Секојдневно употребувам интердентални четкици, а сега и уште повеќе , откако имам мостови. Меѓутоа, и покрај навиката, постојано ме следи некој страв дека нешто ќе се случи )))) Се плашам да не убијам нешто. хахахаха Можно ли е ? Инаку, ги користам најтенките интердентални четки.
има ли некој одговор за тоа дека пломбираната 6ка или 5ка горе незнам точно кој заб ми се ниша едното делче од забот тоест кога го нишам со прст чуствувам како да се занишува знам дека е нормално да е потемнет онака али врска немам дали е нормално ова , плус све можам да јадам да пијам све живо топло ладно цврсто али малце се поодалечени 2 заби не се споени како што треба со непцето некое решение има ме подзаболува само кога ке ја стегнам вилицата и кога чепкам одозгора на непцето како да чувствувам да ме потпецнува , ај помош ве молам итно е пред скоро време ја сменив четката дали е можно до тоа да е ? @Annath
Скршен ти е забот, оди да ти го извадат делчето и да се пломбира да не стои отворен, ама да се лекува претходно. До четката не може да биде. А штом боли кога ја стегаш вилицата и кога пипаш на непцето, можно е да има некој процес што мора да се отстрани, ама вака дијагноза не можам да ти дадам преку екран. @sj *O* забен камен и кариес се два различни поими, две различни работи, не е исто. Кариес е расипување на забите (најпросто кажано), а забен камен се калцифицирани забни наслаги кои ако не се чистат водат до воспалување на непцата, крварење, повлекување на коската и расклатување на забите. За да се спречи тоа, пожелно е да се чисти забниот камен на секои шест месеци, а може и еднаш годишно, зависно од брзината на создавање на истиот. Пародонтопатија настанува ако не го чистиш забниот камен и не ги обработуваш џебовите за кои што спомна дека ги имаш (црвеното на чепкалката е крв од непцата, т.е џебовите присутни меѓу забите). Многу е важно правилното и темелно четкање на забите барем два пати дневно, најмалце три минути. Дали ќе добиеш пародонтопатија или не, зависи и од генетиката, ако некој од родителите има такви проблеми, многу е веројатно дека и ти би се соочила со сличен проблем порано или подоцна, а не мора да значи дека ќе биде со ист интензитет. Ако одржуваш добра орална хигиена, редовно одиш на стоматолог на чистење и проверки, не би требало да имаш проблеми со пародонтопатија. Ама тоа се само два фактори - како што спомнав погоре, генетиката, влијанијата на околината, имунитетот, плус хигиената и редовните контроли се она што одредува дали ќе имаш пародонтопатија или не. @theunforgiven ако ти се мостовите во ред, и ако одржуваш добра орална хигиена, не би требало да имаш проблеми. Немаш причина за страв.
А ќе боли ли тоа ваѓање на делот,пломбирањето ке има многу стружење со одвратната машина ? иначе не верувам да е скршен пошо ипак од ден на ден како да не ме боли кузнае си колку
Во мојата фамилија само јас сум единствената со ваков проблем (така знам барем), арно ама забниот камен мн брзо ми се појавува и шири. Забите редовно ги мијам а одам кај стоматологот еднаш месечно. Колкав ми е сега ризикот? Иначе стоматологот ми нема досега кажано дали имам џебови или не, тогаш само ги исчистив забите со чепкалка за заби, ама со оглед на тоа дека имаше домати со ручекот, се мислам дали чепкалката ми беше црвена поради нив или сепак имам џебови. Ќе видам денес ќе ги исчистам пак забите па ако има крв значи ств имам џебови.
Не знам, не сум видовита за да ти кажам што ќе се прави кај тебе и колку ќе се струга Штом се клати дел од забот, може пломбата да се олабавила, а може и дел од забот да е скршен. Дали ќе боли вадењето на делчето, не знам, зависи за што се работи. Делчиња од заб сами по себе не е нормално да се клатат. Не може никој точно да ти каже колкав ти е ризикот, бидејќи никој не знае што те чека утре во животот. Продолжи си со редовна хигиена и контроли, а сигурна сум дека стоматологот ќе ти укаже на време ако не дај Боже има некој проблем.
Дали би можеле да ми препорачате добро средство за плакнење на усната шуплина. И исто така сакам да кажам дека под шестката доле лево кај непцето премногу ме боли на допир и кога ќе притиснам врз забот,што би можело да биде воспаленије некое или?
@Annath неколку вечери по ред, значи само навечер, имам некоја болка во единицата горе, не многу јака, само неколку секунди трае и поминува. Од што може да е болката? Не ми е расипана колку што можам да видам.
Не би знаела вака да ти кажам. Дали е провоцирана од нешто таа болка или сама од себе се појавува? Дали првпат е ова, дали боли кога ќе ги стегнеш забите? Може да не е ништо, ама не е лошо еден преглед да си направиш да се види дали коренот е во ред.
@Annath не е провоцирана болка, сама се јавува. На 15 сум закажана за друг заб, па ќе видиме. Не е силна болката, само чудна , баш кај коренот горе. Другите заби што ги имам правено, кога биле за умртвување секогаш навечер ме болело, ама не вака. Фала ти.