@Annath Ако може да ми одговори. Пред неколку год ми се скрши катник и го извадив. Сега осеќам некоја фантомска болка таму на тоа место. Можно ли е после толку време да почне да ме боле или е од околните заби? Што мислеш?
Боли ако има заостанати делчиња од забот. А некогаш и од соседните заби знае да боли. Оди на стоматолог, нека те ѕирне, да види да не е болката од некој друг заб, често знае да се проектира од друго место. Здравје кога ќе се породиш, ако уште те боли, направи си снимче за секој случај. Со синусите како стоиш, дали имаш проблеми со нив? Прашувам, бидејќи спомна бочен заб, корените најчесто им се во близина на максиларниот синус, па болката може да биде од него.
Немам проблем со синусите. Имам приметено кога јадам нешто тврдо, дури и благо таму ме боли. Можно е и да е заостанато делче. Ќе одам на стоматолог да ме ѕирне. Фала ти.
Ако боли на благо или тврдо, можно е од соседен заб да се проектира болката, можеби има кариозна лезија што не можеш да ја видиш самата.
Можеби ќе звучи смешно прашањево, ми расте осмица од едната страна на долната вилица. Забот е веќе пробиен но околу него има насобрана вишок кожичка и ужасно боли. Значи не боли забот туку местото околу него од тоа што пробива најверојатно. Што да ставам за да помине, има ли нешто специјално или пак некој домашен лек? Не е пријатно воопшто...
Нели 8мици раснат после 18та година? Ја за 2 дена праам 16, а ми никнала една 8ца убаво се гледа заб, отечено ми е непцето и ме боли вилицата при отварање... не е малку прерано?
Јас веќе две години имам проблеми со устата поточно со вилицата.Преку есен и зима ми се кочи при отварање и затварање на устата и ме боли понекогаш,ова не се случува во пролет и лето па затоа мислам дека е од ниските температури.Има некој сличен проблем?
Ги гребам забите додека спијам, вилица со вилица, мислам ме разбирате, не знам како поточно сте вика. Спас?
Бруксизам тоа се вика. Има помагало кое се става на забите за време на спиење. Во спротивно, ако ова е зачестено, може да дојде до оштетување на глеѓта на забот...
Здраво. Забележав дека помеѓу 7цата и ма крајот празниот дел долу (местото на кое треба да излезе умник) имам како дупка и ми се полни со јадење. Сега гледам странично дека има нешто како белко кое гребе. Можно ли е да е умник? Се преплашив да не е коската
Oк. Дали и обичен стоматолог може тоа да лекува за почеток или ќе мора директно да ме испрати на специјалист за тоа ?
Зависи за што се работи во случајот. Во принцип, прво секако мора да одиш кај матичен стоматолог, да процени дали ситуацијата е за специјалист или не.
Пред неколку месеци на предната единица горе ми се појави темно сива точка. Отидов на забар ми рекоа пигментација, ми ги исполира и немаше ништо. Од пред неколку дена пак имам темно сива точка. Од што се појавува? Некое решение? Или да одам на полирање на секои 2 месеци? Фала!
Zdravo. Sakam da prasam dali imate iskustva so pravenje mostovi vo bliznak dent vo tetovo. Ili da mi pofalite kaj so bi bilo kvalitetno pravenjeto most. Ako moze i sliki ako nekoj prael na kecot. Pozz i fala
Здраво... Имам прашање до оние коишто имаат ставено мост. Имено, едната горна тројка ми е извадена и сега сакам да ставам мост, како што ми кажа стоматологот мостот ќе биде на двојката, тројката и четворката. Ако сака некој да ми објасни како оди целата постапка и дали е болна? Односно дали боли самото стругање на забите, местењето на мостот и ме интересира дали од како ќе го истружат забот го умртвуваат нервот? Јас веќе бев кај забар но кога влегов од страв заборавив се што сакам да прашам? Сумирано прашањето ми е како оди постапката и дали е болна (посебно ме интересира делот околу болката) затоа што многу ми е страв еве веќе пет години се убедувам самаа себе да појадам да го решам тој проблем заради естетика Поздрав до сите