Здраво девојјки , сакам да ве прашам нешто. Имав мала повреда во устата и докторот ми рече дека е од забите бидејќи ми се малку како шиласти па ќе мора да се истругаат. Дали може некој да ми каже како се вика оваа процедура , дали боли, има ли крв итн??? Мислам оти рече дека ќе биде нешто како полирање.
Сношти кога чистев заби со конец ми заглави конецот помеѓу 4ка и 5ка долу десно. Го извлеков на сила и утрово кога станав бев и уште сум потечена. Болки немам но отеченово страшно ме нервира. Што да земам за да ми пројде? На забар ќе одам денес после пладне па до тогаш да не шетам како тепана низ град...
Не боли воопшто , само на долната ивица од забот ти поминува за да ги израмни и измазни. Мааалку ке се скрати забот , зависи колку ке струга
Moze nekoj da mi kaze into mi e Kade e naj evtino vo Skopje da se naprai panoramska snimka na zabi, panoramska snimka na vilici i panoramska snimka lice od dvete strani prasuvam za cena?
Со упат само на Битпазар, инаку може по приватниве, Ендомак, Пикасо, Африм, 600-800 денари е. Како да слушнав дека во Пикасо е 600 ден. Ама не ме држи за збор. Инаку тоа е една снимка што ја бараш.
Да. Ама се чека најмалку месец дена, да знаеш. Утрово баш гледав, првиот слободен термин беше на почетокот на октомври.
Dali ortodontot moze da gi namesti krivite usni i asimetrijata na liceto neednakvata na obrazite i pod bradokot koi visi? Kako moze da se namesti to se vo normalna polozba?
Меките ткива само на пластика. А коската и забите може да се средат и наместат со соодветна апаратура.
Не боли,а и да боли треба да се издржи болката,сакате се на готово направено без жртва,епа нема лесно во животот,анестезија ставаат кога ги стругаат околу 30мин мене ми стругаа еден заб.а местењето не боли
Еве овде http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=1249CF868FD35040AE26AFD905F3569B Овие се основните, а мојот ценовник брои 63 стоматолошки услуги, ова се десетината најчести.
Леле луѓе се тресам од болкаЦело лето идам по заболекари и уште имам мака. Сега ме болат сите заби значи не некој заб конкретно ама многу ме болат и апче(вентор) не помага. Мислам ќе ми излезат сите заби особено предните(кец,двојка,тројка). Еве ги измив сега и цела се тресам не знам што да правам. Кај докторката бев во четвртокот ми рече осмиците дека ми се расипани и треба да се вадат но треба термин со докторот кој ја прави таа операција да направам и така оставивме за наредната недела. Сите осмици ми се испаднати освен доле лево. Други заби ми правеше летово, со ласер непцата ми ги смируваше, јас имав друга болка доле лево но немаше расипан заб таму и дури ја најдеме причината за болката пиев вентор(значи секојдневно). Ова сега болка на сите заби ми се јавува навечер и исто осетливи ми се премногу забите на топло и ладно. Не знам дали да пијам вентор бидејќи минатиот пат не ми помогна а друго што да правам не ми текнува? @Annath можеби некој совет?
Непца, џебови имаш,проверено? Може и од 8ца рефлектира болката или ти ги турка сите заби ако нема простор да избие. Пробај со лакалут паста и било кое средство за испирање. Ако не помага, тогаш 8ца е. Полека со Вентор, штетен е. Пробај аналгин.
Првото што ми паѓа на памет е дека ноќе во сон шкрипиш со забите. Бруксизам се вика тоа, и не е така ретка појава, а може да резултира со силна болка во забите, мускулите на лицето и зглобовите. Се изработуваат штитници по мерка кои го спречуваат тоа, а се препорачува избегнување на стрес колку што е можно, и нешто за смирување пред спиење, на природна база (б6 и магнезиум, чај од маточина и сл.). Ако се работи само за осетливост на забите, се решава со секојдневно користење на пасти за осетливи заби (конкретно ја препорачувам Sensodyne total repair), потоа премачкување (во домашни услови) со Tooth mousse и периодично премачкување на забите со средства на база на флуор (на стоматолог). Осмиците може да предизвикуваат проблеми ако немаат доволно место да изникнат, па ги притискаат другите заби и со тоа можеби предизвикуваат исхемија (недоволна циркулација на крв) што може да биде причина за болката. Освен тоа присуството на џебови и насобирање на храна во истите може да предизвика воспаление на непцата и јаки болки. Ако ништо од ова не е причината, да се направи испитување за невралгија. Вентор не препорачувам за подолготрајно користење, само инцидентно. Имаш подобри аналгетици, секако не аналгин кој што е забранет на светско ниво, само кај нас со вентор се број еден аналгетици, а се најштетни. Подобро пиј нешто на база на бруфен, Рапидол С конкретно ги препорачувам за забоболка, ама секако, и тие не се препорачливи долго време.