Види може мостот да ти сочинува и два заба, да ти се струга 4ката и во продолжение на неа да оди 3ката, што значи немора да ја струга и двојката. На сликата подоле е покажано како изгледа тој мост (прикажани се бочни заби, меѓутоа тоа е тој принцип), во смисла на едниот заб лебди а другиот се цементира. Целта е што помалце заби да се стругаат, али па поголем ќар има докторот ако струга 3 заба отколку 2. Побарај да ти направи крилен мост. На почетокот ќе имаш можеби ситни болки, но за недела дена, доколку правилно се истругани, лекувани или сл. ќе можеш слободно да функционираш. Мој совет, не барај мислење само од еден стоматолог, или пак прашај какви се решенија има и немој никогаш да штедиш доколку правиш заби, верувај многу значи тоа.
За крилни мостови треба добро да се процени ситуацијата, не секогаш е изводливо да се направат. Не гарантираат добра стабилност како класичните мостови. Не е за парите, туку важно е да се изработи добар мост кој ќе задоволува естетски, а пред се' функционално. А тоа не е секогаш изводливо со крилен мост.
Можеби не гарантираат стабилност за бочна регија, меѓутоа за фронт не би имало никаков проблем. А естетски, мост на три предни заба да се прави посебно метал-керамика, никако. По некое време се приметува металниот раб и изгледа одвратно, од авион се гледа кој има природни кој има вештачки заби. Дури и мериленд е подобро решение од цел мост, ама кој како сака нека си прави, грев е стругање на здрави заби, а притоа да има и други решенија. Дури и имплант е уште подобра варијанта.
Здраво Ме боли заб постојано како пулсирачка болка. На топло-ладно, и кога ќе го чукнам забот се зголемува болката. Непцето над забот како да е подпукнато малку и како да е рапаво. (сабајле не беше такво) Бидејќи имам проблем и со џебови мачкав со гингивал ама не помага ич Дали постои можност да ми отече забот? Што доколку отече? Или не може да отече со ваква болка? Уште 3-4 дена нема шанси да одам на забар. Ако може некој нека помага ако имал ваква болка или @Annath како доктор нека помага Фала ви однапред!
Не сум стоматолог, но од сопствено искуство веројатно воспален ти е нервот и треба да се умртви. Јас не би чекала 3-4 дена. Има голема веројатност да ти се зголеми болката и да ти отече местото. Одложувањето може да доведе до гангрена на забот, која многу тешко се лекува.
На забар уште утре да го отвори забот, загноен ти е, ќе се намали болката со отворањето. Може да отече ако пробие гнојот во меките ткива, ама тогаш ќе престане да боли. Таа болак не е од џебови, особено штом реагира на температурни промени. Теорија е едно, пракса е друго. Порано многу повеќе се практикуваше ставање на крилни мостови, ама некако со тек на време се увиде дека не е баш најдобро решение. Нејсе, секако дека имплант е подобро, дури и најдобро решение, ама нема 100% гаранција дека ќе биде успешно.
Подобро е од стругање на здрави заби. Јас сум повеќе против да се стругаат непотребно 2 заба, отколку еден, како што е горе случајот. И да трае мостот 5 години и помалку, пак е подобро отколку да се уништуваат забите. Напротив теоретски таквиот крилен мост не се препорачува, но во пракса е многу честа појава. Цели циркуларци се прават со по 1 или 2 висечки членови и траат со години. Пак ќе потенцирам, се работи за фронт, каде е возможна било која опција, а во бочна регија каде силите на џвакопритисокот се поголеми може да настане проблем. Дури и да постои коренски зачеток кај тројката подобро е решението со коронка врз леана надоградба отколку мост.
Задолжително ли се става мост на изваден заб? Не ми се верува Мојот забар ништо не ми спомна после вадењето на 6ка Ми се плаче веќе од неспособноста на човеков.
Јас си мака мачам со таа парадентоза,се таму ми е паметот,има ли некој искуство со ласерско лечење,мојата заболекарка во Мк. кажа демек не било ефикасно... @Annath ако имаш инфо да кажеш зјор два,и треба да пијам витамин ц ама не разбрав едно или 2 на ден,од 500мг се моите,колку беше дневната потреба?
Да јадеш лимони и др.природни раб кои содржат витамин ц,четкај ги забите со тврда четка и користи parodontax,внимавај на хигиената, доста помага и четкава waterproof toothbrush за хигиена на забите, го има во Солун или на алиехпрес можеш да го порачаш, многу ги чисти забите.
Не е тоа нешто скапо, што се вика скоро и беспари го прават, но мора да постои некаква основа да се изработи, значи доколку забот е изваден со се корен неможе да се изработи таква надоградба. Поточно кажано се практикуваат доколку 90% од забот е уништен, а постои корен. Не ти го разбирам првото прашање. Нема ограничување никакво, ти ако сакаш шетај со пола заб со години и после прави, никому ништо.
Знам дека кај циркуларци се пушта по еден или два висечки членови, ама циркуларец е друга приказна. Јас само ќе кажам дека секој случај е ситуација за себе, треба да се земат многу работи во предвид. Да е до мене, ич не би стругала заби за мост, директно идам на импланти, ама финансиски кај нас луѓето не се моќни ни за цирконија, камоли за импланти. А за леана надградба се сложувам, ама услов е да има добар корен. Не мора да се стави задолжително. Зависи од забот, кога е изваден и на која возраст. Може на пример, ако се работи за помлади (тинејџери и адолесценти) со фиксен апарат да се наредат забите да се пополни празниот простор, ама ако пред вадењето имало индикација за поставување на таков апарат. А да се постави само за затворање на празен простор не, кај нас не се практикува. Не знам до кој степен е твојата пародонтопатија, ама четките на Курапрокс се идеални за такви состојби. Редовно четкање, flossing или чистење со интердентални четки, редовни контроли на забар би требало да ја одржуваат ситуацијата под контрола. Витамин Ц смееш до 100мг дневно, ама кога не е акутна состојба, доволно е и 500 мг, со тоа што оставаш таблетата да се растопи во уста. Ласерскиот третман може да биде успешен, зошто не би бил? Има случаи на успешно ласерско третирање на пародонтопатија кога е голем дел од коската (и забите) е изгубена, се надоместува со вештачка коска, па се ставаат дури и импланти.
Имам едно прашање... Денес бев на забар заради болка на скоро пломбиран заб.. Испадна дека непцата ми биле многу воспалени и ми ги воспалувале и корењата. Забарката ми препорача ултразвучно чистење на непцата.. Ме интересира дали од вас некој го правел тоа до сеа и колку го чинело ( мене ми рече 1500, некако многу ми изгледа а работи со фондот.)
Од сношти имам огромни болки на забот.Утрово правев снимка и ми рекоа дека мора да се вади живецот.Колку е болен тој процес? Многу ми е страв...
Мене ми вадеа живец, е сега јас не се разбирам баш и избегнувам да го прашувам докторот за процесите што ми ги прави бидејќи сум паничар.. Седнувам на столче смирено и тоа е тоа. Исто и јас имав огромни неиздржливи болки (горна 6ка) со плачки отидов, два пати ми стави лек, потоа со едно како малечко чепкалче го гореше местото во забот и на крај со едни како иглички чепкаше (мислам дека тоа е тоа вадење на живецот) и верувај ако звучи како хорор не осетив ама апсолутно ништо и тоа без анестезија.. Штом јас ги преживеав сите тортури на овој заб на кој судбината му висеше на конец за да се изваде и ниту еднаш не осетив ниту најмала болка верувај дека не е воопшто ништо страшно.
1200 е приватно, 800 со фонд, ако е истото. Ако мислела на друго нешто, тогаш не знам. Ниеден забар нема да ти работи на живо, т.е нерв да ти вади на живо. Постои анестезија, постои лек за умртвување на нервот. Едно од тие двете ќе се употреби, при чистењето на забот ти нема да осетиш апсолутно ништо.