1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.466
    Пол:
    Женски
    Во последно време забележувам промени во здивот, некако чудно почна да ми мириса, како да имам нешто расипано во устата. Што се однесува до забите, не ме боли ништо, така да не верувам дека имам расипан заб. Од што би можело да е?
     
  2. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Прво секако провери ги забите, потоа важна улога има исхраната и во краен случаен проблеми со желудник....
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.466
    Пол:
    Женски
    @sunshine96
    Ке одам на забно деновиве секако.
    А во однос на храната, како мислиш? Каква храна би можела да го предизвика тоа?
     
  4. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    82
    @Annath извини што сум досадна, ама немам каде да се обратам за помош ☹
    Која е подобра паста и која е разликата меѓу пародонтакс класик (црвената) и пародонтакс со флуор (зелената)?
    Имам проблеми со џебови (на 2 месеци чистам зошто болат многу), имам чувствителни заби и почетна фаза на пародонтоза. Ја користам црвената, ама ако е подобра зелената да ја земам таа. На забар ми рекоа пародонтакс паста (не кажа која), листерин сензитив и по потреба гингивал за непца и чистење камен и полирање на 5-6 месеци...
    И добри совети ми дадоа според тебе?
    Фала ти многу однапред!
     
  5. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    ,
    Често сувата уста доведува до лош здив, чија појава е последица од консумирање на кафе, алкохол, преработено месо или млечни производи...Пиј повеќе вода, консумирај повеќе свежи намирници, јаболки, морков, зелена салата.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Добри совети ти дале, послушај ги. Парадонтакс црвената е мислам ако имаш крварење од непца, зелената со флуор е дополнителна заштита од кариес. Ама најбитно е правилно миење на забите, имаш видеа на youtube како треба.
     
  7. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    82
    Не ми тече крв во последно време, порано ми течеше. Ја користам црвената 5-6 месеци, да пробам со зелената? Нема да има нешто лошо ако пробам само може да добијам плус заштита, така?
    Ги слушам советите, редовно одам на 2 месеци на чистење џебови...ме уплашија доста
    Фала на одговорот!
     
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    @referentka и @Annath не можам да ви пишам порака, а соодветна тема изгледа дека нема. Прашањето ми е што се дава кај мали деца (под 2 години) кај кои се развил циркуларен кариес на предни горни заби? Дали смее флуор, или има нешто друго што е ефикасно? И дали поголема доза на Д витамин би имала ефект, или некој друг суплемент?
    Додека да добијам мислење од соодветно стручно лице, секое ваше искуство ми е од голема помош.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Само tooth mousse на таа возраст, а може и повремено премачкување со флуор доколку стоматолог процени дека мора. Убаво е да се поправат забите и после да се превенира понатамошно расипување, ама дете под две години тешко е за соработка. Нема штета ако се проба со тоа, секако мора навиката да се создава со време.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. neo

    neo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    163
    Имам проблем се 4-та, сеуште не сум се видел со мојот стоматолог но сигурен сум дека нема да може да ми помогне. Изгледа се скрши забов(или тоа што остана од него), се клати целиот.
    И до сега беше во многу лоша состојба, го пазев максимално, но сепак му дојде крајот.

    Најверојатно забот ќе го изгубам, коронка тешко затоа што и коренот е отиден. Предпоставувам дека ќе мора мост како најефтина варијанта, но ова не е за мене, не сакам соседните заби да ми ги стругаат, башка тоа се предни заби најмалку што сакам е нив да ми ги оштетат.

    Значи останува имплант како варијанта, знам дека е скапа и комплицирана процедура и далеку од идеална, но ќе мора да одам на оваа варијанта колку и да кошта.

    Какде во СК се најдобри за вградување на импланти и колку може да кошта целата постапка?
     
  11. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.355
    Допаѓања:
    278.817
    Пол:
    Женски
    @Annath ако случајно видиш вечерва:утре треба да одам да ми ги извадат конците од осумката извадена,ама сеуште имам малу оток па и болка ,дали да почекам уште еден ден барем или сепак да појдам?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Појди, нека те видат. Ако не можеш да отвориш убаво, нема ни да ти ги вадат, ама контрола не е на одмет, да се види дали убаво зараснува.
     
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.355
    Допаѓања:
    278.817
    Пол:
    Женски
    Благодарам ,Ана ќе појдам :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Во средам одам да вадам умник горе не е целосно испаднат но стоматологот ми рече дека тргнал да ми расте во образ и затоа да го вадиме со време. Имам закажано кај др. Алберто Бенедети. Искуства некој со него добар ли е што како ? И многу ли боли после тоа ?
     
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    5.616
    Пред неколку часа ми отече гингивата помеѓу долните 6ка и 7ца. Има оток, црвенило и прилична болка како пулсирање. Совет за домашен лек, првенствено за ублажување на болката? И што би можело да биде причината за вакво локализирано воспалување?
     
  16. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    82
    @Annath бев на забар за чистење камен и полирање (поминаа 6 месеци), а на 2 месеци одам на чистење џебови.
    Бидејќи имам пародонтоза почетна фаза користам пародонтакс, листерин и гингивал.
    Докторката ми кажа дека на 3-4 заби сум имал рецесија, повлекување на непцето. Што значи тоа? Се лечи некако?
    И после камен чистење забите ми се ептен осетливи. Дали треба да не чекам 6 месеци за чистење камен? Да одам на 4-5 месеци? Ќе има некое подобрување? Ептен болат, ни може да јадам ни да пијам, а немаше многу камен...
    И докторката ми кажа за една недела да одам на киретажа на непца...
    Фала ти многу однапред на одговор ☺
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Повлекувањето на непцата се случува како резултат на таложење на забните наслаги, но во некои случаи се случува само од себе, лек нема. Чистењето забен камен е препорачливо на 6 месеци или на година, зависно со кој интензитет се таложат наслагите. Почесто од тоа нема потреба, поточно не се препорачува, бидејќи ултразвукот може да ги оштети забите ако пречесто се користи. Осетливоста е сосема нормално, особено во деловите кои биле покриени со забен камен, соголувањето ја предизвикува таа осетливост и треба да се повелче за неколку дена. За такво нешто, барај пасти со назнака sensitive. Зелената Лакалут е со таква намена, за осетливи заби. Ако ти чистеле забен камен, не ми е јасно зошто киретажа на непца? Јас обично истовремено го правам тоа, се смируваат и џебовите после чистење со ултразвук.

    Џеб полн со храна е најверојатно причина за отокот. На забар ќе ти го искиретираат местото и ќе ти стават дрен, би требало да се смири од едно ставање, ако има потреба, ќе се повтори процедурата.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Девојче ти имаш сигурно парадентоза , ке треба да применуваш лакалут паста и Curasept Gel ads 350 се применува глеот 6 дена 2 пати во денот со прст се масира непцето тоа се прави само 6 дена и така на секои 6 месеци ке го ипотребуваш тоа.

    Треба на секое четкање да ги четкаш забит 15 минути . И обавезно да појдес на стоматолог бидејќи парадентозата е сериозна работа со тек на време можеш да ги изгубис забите и да имаш сериозни проблеми.
    Сепак моја препорака да појдеш на стоматолог и да разговараш со него се надевам имаш одличен стоматолог ако немаш под итно да го смениш
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    82
    Ми рече ќе користиш стоматидин 10дена и ќе дојдеш на киретажа. Имало насобрани џебови морало да се чистат и ако не се чистат ќе била во полоша фаза пародонтозата. Појма немам зошто не беше во исто време, утре треба да одам за киретажа.
    И пак истото ќе каже утре, на 2 месеци киретажа и на 6месеци камен и така цел живот....
    Фала многу уште еднаш
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Е па така ќе правиш, немаш избор. За да не напредне пародонтопатијата, мора да се чисти камен и џебови редовно.