Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Не сакам кога треба да ми прават заб . Не ми делува анестезија и ме боли лекарот ми става 2 инекции ми шприца со тоа едно за да ми го здрви местото ама пак боли ;(
     
  2. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    И јас имам едно прашање....викендов внука ми беше на гости кај мене и и отече запчето-млечно има 5 год.отидовме на дежурен и таа рече да пие антибиотик,и и го стругна малку и и стави тампонче...потоа рече ќе ставела лек па ќе го затворел со пломба.....зарем нема да и ги чисти каналите и да и го умртви нервот?може прашувам глупости ама знам мене кога ми отече ми го умртви нервот и ги чистеше каналите ....загрижена сум зашто девојчето беше на наша одговорност а докторката е мн млада ,дали правилно постапила,ако има некое стручно лице да ми одговори?


    и уште нешто-умникот ми излезе ама малку ,и мн ми се собира храна и ме боли :worried: ,другиот дел како да е покриен со непцето.докторката рече во скопје да одам ,или да ми го извадат или да ми го сечат непцето -ќе се видело од снимката што како.
    зар мора да одам до ск за тоа,неможе општ стоматолог да го направи или мора кај специјалист?
    фала
     
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.073
    Пол:
    Женски
    Мислам дека можам да ти одговорам од искуство,иако не сум стоматолог,(сепак тоа Ана тх. знае подобро).
    Јас знам по забите на моите деца,на син ми два пати му има отечено млечно забче,па до сега не му ваделе нерв.Тоа лекот што се става,тој има за улога да го умртви нервот,треба да постои во забот некое време отприлика околу десеттина дена,па после се пломбира.Нека си го испие антибиотикот,отокот ќе спадне.
    Немој да се секираш што е млада докторката,јас верувам во младите,тие работат со голем ентузијазам.
    А за твојот проблем,тоа е работа за орален хирург,ако нема таков во твоето место ,затоа те пратиле во Ск.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.784
    Допаѓања:
    202.703
    Пол:
    Женски

    На млечни заби никогаш не им се вади нерв, пред се затоа што имаат кратки корени кои можеби и почнале да се ресорбираат (за да на крај забот испадне и порасне нов). Ако пак мора да се чисти, тоа се прави внимателно, да не се оштети зачетокот на трајниот заб кој се наоѓа под него.

    А за твојот проблем - ти се прави џеб под непцето што ти го покрива умникот. Треба д се направи снимка, да се види дали забот е целосно излезен од коската со коронката или не. Ако е излезен и ако е правилно поставен во низата - се прави циркумцизија - засекување на непцето и ослободување на покриениот дел (се прави со локална анестезија и раната брзо зараснува). Ако пак не е целосно излезена коронката од коската, може да се извади забот или пак, освен непцето да се иструга и коската (ретко се прави). Мора да го прави специјалист - општ стоматолог не го прави тоа. Ако не си од Скопје, барај во твојот град специјалист по орална хирургија.
     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Пред 3 месеци поправив заб, и сега осеќам кога пијам вода и како да ми пецка таму и слушам едно "пуф". Значи само таа секунда осеќам пецка, како мала болка, како да извадила пломбата и пак си се мести сама, не знам како да објаснам. :D Дали тоа значи дека не е убаво поправен, и ќе треба се одново? |(
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Ако ти прави така,можно е да се подизвадила пломбата и кога тогаш ќе ти падне.Бар кај мене се случи така.А знам и дека не е убаво да стои одлепена или да има и најмало просторче зш влагаат бактерии,па ќе се направи уште подлабоко,па и некој процес.Затоа појди нека ти ја сменат ;)
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    И значи ќе треба пак истата постапка да ми го поправа? :?: Или само пломба ќе стави и толку? И пак 8 стотчиња, прекрасно. |(
     
  8. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Воспалување на непцата(забите).

    Луѓе неколку пати ми се случува да ми се воспалат и ете баш сега во моментов ми се воспалени значи од лево и горната и долната вилица,имам болка и не можам да јадам од таа страна ,баш сега за штета само аналгин си имав дома па го истропав и го ставив на забите :sweat: :sweat: :sweat: :sweat:,дајте ми некој совет што да пијам за да ми се смири болката ..позз :sweat:
     
  9. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    Воспалување на непцата(забите).

    Има една течност за непца за бебиња кога имаат проблеми со непцата и забите,а многу е добра и за возрасни,не знам како се вика прашај во аптека сигурно ја има...многу ефикасна е,а исто и gingigel за воспалени непца..
     
  10. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Воспалување на непцата(забите).

    Плакни ја устата со 3% хидроген или со вода за случајно да не имаш храна заглавено во непцата и после мачкај се со Gingival C маст по непцата.
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    Воспалување на непцата(забите).

    леле истиот проблем и јас го имам, некогаш ме излудува, но ми препорачаа паста за заби
    [​IMG]
    и поретко ми се воспалуваат, бидејќи пастава има некоја супстанца која ги стега непцата и така се намалува и болката.

    во ред ова што ти препорачуваат феминки за да моментално се ослободиш од непријатноста, но гледај да употребуваш паста која ги штити непцата.

    оваа ми се покажа супер.
     
  12. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    69
    Здраво...
    Имам сериозен проблем, пред 1 месец заврши лечењето на мојот заб 4ка. Значи забарката го извади нервот, ми ставаше лекче сигурно 3-4 пати и се беше во ред, потоа го затвори со пломба... но еве неколку дена упорно ме боли тој заб, го чукам со ноктот и ме боли... ве молам да ми кажете дали сте имале слично искуство и како сте го решиле ова ... поздрав до сите
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.784
    Допаѓања:
    202.703
    Пол:
    Женски
    Мора да се поправи, т.е нова пломба да се стави, најверојатно има некоја луфта.

    Можно е да имаш џебови на таа страна, оди на стоматолог да ти ги исчисти убаво, а после ќе се мачкаш со гингивал ц или генгигел. Може и да користиш од медицинските пасти како Лакалут (спомната е претходно) за миење на забите.

    Да направиш снимка и да се види да не имаш процес на коренот. А можно е и да не се убаво исчистени каналите (може да има еден, а може и два), па тоа да ти прави проблем. Во секој случај, мора прво да се сними забот.
     
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Annath те молам за одговор, видов дека и погоре пишале, значи мојот дечко има проблеми со јазикот т.н. географски јазик. Му предложиле да пие само б-комплекс ама мислам дека не е доволно. Е сега не му е стално таков, ако е настинат обавезно, ама се случува и кога не е. Некогаш не е мн, но најчесто е цел јазик како со рани, тогаш осеќа и блага болка и надразливост.. не знам како да објаснам. Можеш ли да ми предложиш нешто вака на слепо или сепак треба да отиде повторно на стоматолог?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.784
    Допаѓања:
    202.703
    Пол:
    Женски
    Истото и јас би ти го рекла, Б витамини, може и фолна к-на. Да не јаде многу зачинета храна (солено,луто, кисело) и да работи на подобрување на имунитетот, посебно затоа што велиш дека му се јавува кога е болен.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    мене ми излегува умник и ме боли, пред некој ден околку увото ме болеше мислев ќе пукнам, сега гледам умник ми излегува и ме боли месото околу.

    Па да прашам некој кој има искуство со умници, да ми каже после колку време се расипуваат и вадат, наводно бргу се расипувале, исто така слушнав дека околку умникот има многу матични клетки кои се бараат во медицината и за нив многу пари давале, ако некој знае да ми каже дали кај нас се откупуваат и каде.

    Фала однапред!
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.784
    Допаѓања:
    202.703
    Пол:
    Женски
    Може да го вадиш умникот веднаш, посебно ако ти прави проблеми, ако нема доволно место да излезе или ако притиска на соседните заби и околни структури. Не мора да чекаш да се расипе. За да знаеш дали треба да го вадиш или не, оди кај матичниот стоматолог, па тој ќе ти каже кога ќе те прегледа и евентуално ќе направи снимка.

    Што се однесува до матичните клетки, да, точно е дека се земаат матични клетки од умници, но никој не ти ги откупува, туку ти си плаќаш за нивно сочувување, не дај Боже да ти притребаат некогаш. Но не сум слушнала дека кај нас има фирма која ја применува оваа процедура, сочувување на матични клетки од умници.
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Има во Битола стоматолози кои соработуваат со грчки фирми за зачувување на матични клетки од умници. Не се откупуваат, туку ти сам си ги зачувуваш за не дај Боже, како што кажа Анатх. Иначе сигурно знам за Битола бидејќи мојот матичен стоматолог ја изведува оваа процедура.
     
  19. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    фала за одговорот но уште нешто а за што може да притребат матични клетки?
    Инаку во странство откупуваат матични клетки една моја тетка доби пари за тоа, така барем кажа ако не преувеличува, па затоа мислев дека тука истото го прават.
     
  20. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    Матични клетки може да ти притребаат од умниците,бидејќи тие во современата медицина се користат за лекување на многу болести.Мислам дека ти треба да дадеш пари за да ти ги чуваат исто и како матични клетки од папочна врвца.