Нема правила. Кај секого е различно. Може да немаш умници, да никнат подоцна, или воопшто да не израснат, да си останат во коската без да прават проблеми. Кај мене лично, долните ми излегоа кога имав околу 20-22 години, а мислев дека немам горни. Едниот ми излезе пред две години, на мои 35. Другиот, ако го имам, нема абер.
@Annath додека си тука да те прашам нешто. Интердентални четкички се користат за сите заби или само за молари и премолари?
Фала ти. Имам многу збиени предни заби, посебно долните и никако не можам да ги користам, иако купив најмала величина.
А конец можеш? Ако можеш да протнеш конец меѓу нив, тогаш користи само за предни заби. Ама како што кажав, внимателно.
@Annath ми рекоа пред некое време дека 6 горна ми е поврзана со синус (а за вадење е забот) и дека треба операција, па се исплашив и баталив. е сега веќе крајно време е да го извадам, утре ќеодам панорамнска слика да правам на горната вилица, така ми рече стоматологот, па да видиме каква е ситуацијата. Страшна лие таа операција и може ли да има последици?
... ртг слика на одреден заб во горна вилица во споредба со панорамска ртг на цела горна вилица , не е исто многу работи во второто ,,не се гледа,, и тоа баш не е така дека е поврзан со синусот таман работа... и ниеден добар стоматолог не може да однапред предвиди дека треба операција... не знам каде се лечите?
Не се раствора никако, така се користи, и тоа само ако има потреба по препорака од стоматолог. На своја рака не, и не секојдневно. Не мора да значи дека треба операција. Ако е коренот во синусот (и да не е, ама може коската што ги одделува синусот и коренот да биде тенка и при вадење да се скрши), вадењето е пожелно да го изведе орален хирург и на лице место да реагира ако се отвори синус, а тоа не е операција. Мене во пракса ми се случило неколку пати да ми се отвори синус, правам тампонада и праќам на хирургија. Ништо страшно и комплицирано во секој случај. Не би требало да има последици. Ако не се реагира на време може да се јави инфекција на синусот. Панорамската снимка не е толку пожелна за утврдување дали корен е во синус или не, подобро се гледа на мала снимка ако е добро направена. Во секој случај, послушај го стоматологот, прави што ќе ти каже, нема да имаш никакви последици.
Јас имам проблем со воспалено непце. Горната шестка долго време ја лечев, бидејќи ми беше расипана и требаше прво да се умртви непцето, но сега ми е пломбирана и притоа се случувало да ме заболи и матичнава да ми стави дренче. Проблемот е во тоа што ставив фиксна протеза, а матичната ми рече дека воспаленово непце нема да биде проблем. Пред неколку дена кога јадев, најверојатно силно стиснав и шестката почна да ме боли и ми отече образот. Матичнава ми даде антибиотик и ми рече откако ќе помине отокот да направам снимка на забот, но мене многу ми е страв да не е нешто сериозно, поради тоа што протезиве ги носам 5 месеци, а на таа шестка имам прстен. Можно ли е да имам проблем поради прстенот и да треба да се вади протезата предвреме? На Интернет читам разни симптоми, како и поврзаност со синуси и премногу се исплашив. Ве молам доколку е некој стручен во оваа област да ми даде совет. Ви благодарам.
Ме радува тука што има кој да ти даде стручен и добар совет зашто јас сум опседната со здрави заби. Со години имам проблем со забен камен. Ми се појавува само на долната вилица и тоа на единиците, двојките и тројките. На друг ниеден заб немам ваков проблем. На стоматолог одам редовно да ми го исчистат. Досега никогаш не ми дале некој совет што да направам за помалку да ми се создава забен камен. Ми велат склони ти се забите, доаѓај на чистење. Дали воопшто постои некое средство или паста за заби со кои би ја намалила појавата на забен камен? Spoiler Некогаш не сум во можност да отидам на време на стоматолог и многу неубаво изгледа ако не ми е исчистен забниот камен. Како да не сум ги измила забите сто години, а јас им посветувам преголемо внимание - само еднаш сум имала расипан заб.
@Annath Единиците напред ми се криви, еден над друг. Не многу, ама се. Пред некоја недела бев за чистење џебови и реков на докторката дека прочитав на интернет за ламинати и ми рече не е тоа добро, никако. А баш некако едноставно изгледаше... Зошто? Стварно не е добро? Нели малку се струга забот (не се оштетува скоро ич, така пишуваше) и се лепи тоа како лушпа? Болна процедура е тоа? И после ќе може се нормално да јадам или ќе треба да внимавам? Фала. И јас исто. На 2 месеци џебови и на 6 месеци камен и полирање. Паста пародонтакс и листерин течност и редовно одење на стоматолог.
Често воспаление на непцата обично има причина, најчесто неправилна хигиена. Непцата не можат да се умртват, само нерв на заб се умртвува. По ова што го пиша, шестката ти била лечена, ама недолечена, т.е нервот не е умртвен и исчистен. Прстенот од фиксната протеза придонел за поголемо воспаление и најверојатно појава на процес (формирање на гнојна ќеса) на забот. Тој заб мора под итно да се лекува ако сакаш да го зачуваш, и тоа кај некој подобар специјалист на болести на заби, што ќе го отвори и исчисти убаво, па ќе го дезинфицира и затвори така што процесот со тек на време ќе исчезне и забот ќе заздрави. Значи ти треба стварно добар стоматолог, па макар и приватно. Многу фактори влијаат на создавање забен камен. Пред се, составот на плунката е таков, што наслагите од храна се калцифицираат побрзо кај некои луѓе, отколку кај други. Освен тоа, и бактериската флора во устата не е кај сите луѓе иста, и секако дека и таа има влијание врз многу од процесите кои се одвиваат во оралната шуплина. А тука е и генетиката. За жал, нема начин да се спречи создавањето на забен камен, можеби само малку да се ублажи. Правилна орална хигиена, редовно користење на конец/интердентални четки, и повремено користење на средства за дезинфекција (по потреба), јас Листерин го препорачувам, од лично искуство. Цигарите, кафето и чајот се особено влијателни фактори во создавањето на наслаги, камен и пребојување/пигментации на забите. Ламинатите не се баш трајно решение за проблеми со забите. Обично имаат естетска функција и не гледам зошто не би ставила ако навистина ти пречат искривените заби. Да, ќе треба да внимаваш со нив, ама не е толку тешко. Меѓутоа немам лично искуство со нив, па не можам да ти препорачам дали да ставаш или не.
@Annath Не сум пушач, кафе не пијам никогаш, чај само кога сум настината (значи ретко). Користам квалитетна четка за заби и ги четкам минимум по 10 минути на сабајле и на вечер. Конец за заби и Листерин 97% користам скоро секој ден. Ќе пробам со друг вид Листерин и ќе си одам редовно како до сега на стоматолог и тоа е Ти благодарам многу за одговорот.
Тоа е, едноставно нема како да се спречи. А се создава само на конкретни места, како што кажа, на долните предни заби од лингвалната страна, како и на горните 6 од надворешната страна кај образот. Тоа е затоа што во тој дел се отворите од изводните канали на плунковните жлезди (долу подјазичните, а горе задушната или паротидна плунковна жлезда). Редовното чистење ќе ги спречи последиците од создавањето на забниот камен.
Пред многу години ми ја пломбираа 6та извадени живци и пред некој ден требаше да се смени бидејќи беше поткршена пломбата а сега осеќам мала болка и сигурна сум дека е тој кога го удирам забот , од што може да биде?