Колку долго може да трае дејството од анестезија?Денес вадев заб, но поминаа веќе 3 ипол часа, а сеуште ни малку не е поминато дејството.
Eдно прашање до @Annath, дали може умртвен заб да боли после неколку години? Умртвен ми е пред 3-4 години ама осеќам некое чудно чувство во забот, дури и болка
Не знам каде да го поставам прашањево за да биде најсоодветно пошто ми треба некоја добра паста за заби, ама не за избелување туку за заштита на заби кои лесно се кршат. Од лакалут ич не сум задоволна, колгејт не памтам коа последен пат имам купено зашто не ми се допаѓаа. Некој предлог што не е овие два бренда?
Да пробаш со Curaprox? Ниедна паста не им е наменета точно за твојот проблем, но сметам дека во комбинација со четка од истиот бренд би имала добри резултати. Затоа што јаките пасти и грубите четки дополнително ја оштетуваат глеѓта на забите. Јас сум презадоволна од Curaprox и се што користам за орална хигиена ми е од таму. Инаку пастата е околу 330 ден, а и четките се тука некаде.
http://tamidental.com/produkti/pasti-za-zabi/ Мал им е изборот, ама супер се Не знам дали ги има во Зегин. Во Веро ги нема, јас обично во ДМ ја купувам.
Enzycal на Curaprox, или Lacalut Teens (за деца од 4-8 години). Нема врска што вторава е за премин од млечна во трајна дентиција, помага за зацврстување на трајните заби одма после никнувањето. Помага и во санирање на белите флеки кои се појавуваат понекогаш поради слаба минерализација.
Количината на флуор. 950 е просек, 1450 за екстра заштита, а zero е без флуор.Тебе може било која да ти заврши работа, ама 950 би ти била добар избор за ова што го бараш.
Се напив ладна вода пред неколку часа и ме здоболеа малку забите што ги имав направено пред неколку месеци, за прв пат. Сега ми реагираат сеуште на топло/ладно. Од што би можело да е после толку време, нормално ли е?
@Annath извадив 6ка долу во многу лоша состојба забот ми го вадеа 1 час и имам конци од околу ,но местото (дупката на забот) сеуште по малку крвари,дали е тоа нормално или ? И плус имав процес на коренот што ми ги чистеа и ми ставија газички најверојатно со антибиотик (дренчиња ги нарекоа)