Во принцип не би требало да имаш покачена температура, ама изгледа имаш голем инфект. Можеби е само коинциденција. Ти дадоа антибиотик да пиеш?
Ако веќе си почнала со антибиотик, не е препорачливо да се прекине. Треба цела доза да се испие. А кажи ми, ти вадеше заб на отечено? Или отокот се појави после вадење?
Отокот се појави после вадење,сега е спаднат ама пак имам болка,не многу јака повеќе е како непријатност ,синоќа и температура 36,9-37 ми е страв да не е инфицирано и на таа страна осеќам жежење.Докторката рече после тоа што ти го правевме дека е нормално да има болка бидејќи многу беше тешко вадењето ама не знам ..
На тешко и комплицирано вадење понекогаш е пожелно да се испие една доза антибиотик. Нормално е да боли, ама оток, жежење и температура укажуваат на инфекција.
@Annath Извини што ќе ти додевам,ама ми треба стручно мислење.... Значи вака,двојката од горната вилица ми се скрши на половина,уште лани,матичниот стоматолог ми го надогради забот со пломба,ама еве ми се скрши сега пак забот,дури уште повеќе од првиот пат,почна да ми гнои,вечерва бев на брза помош ми дадоа Алмацин да пијам,е сега треба цела доза да ја испијам за да го вадам забот или како,не ми кажаа ништо... А искрено,не сакам да одам повеќе кај матичната,ќе барам друг стоматолог,само сакам да знам дали да ја испијам цела доза и да се фрлам во потрага по друг стоматолог? Инаку,имам мостови,ставив 11 заби пред 7-8 години,и не знам зошто,но цело време ми се кршат сите по малку и ми гнојат а матичната крева раце!! Понекогаш имам јаки болки и во очите дури,се си мислам дека е од загноени заби,се испирам со камилица и со течност од Колгејт,гледам подобрување кратко,после пак исто.
И јас имам еден проблем, еден заб во долната вилица почна да ми пожолтува, од што може да е (не пијам кафе) и чаре некое?
Сними го и барај нов стоматолог, да видиш дали може да се спаси, не секогаш мора да се вади. Ако имаш оток, пиј го антибиотикот, една доза е пожелно. Забите ти реагираат на стресот како и целиот организам, ако не грешам, се бориш со анксиозност, па од стресот се намалува имунитетот и забите реагираат баш вака. Ни прва ни последна си, напротив, има доста случаи каде што губитокот на забите е последица на ваква борба. Забите може да се спасат, само треба волја, трпение и упорност. Да не е умртвен забот?
@Annath NBF gingival гелот го користам веќе одредено време ама па не гледам некоја разлика во непцата. Го користам еднаш до два пати дневно, го мачкам со стапче за уши и не пијам/јадам после користење. Да не правам нешто погрешно? :/
Од што може да боли заб кога ќе стиснам со забите и од време на време да има некоја чудна болка? Може да има некој процес под забот? На топло/ладно не боли.
Ме болеше заб подолго време. Кога отидов на заболекар, ми кажаа дека нервот е веќе мртов. Правев панорама, но некако нејасно изгледа беше и мислам дека рекпа дека нема некаков процес, а има непријатен мирис. Ми ги чистеа каналите на една недела и ми ставаа лек. Немав болка. Е сега, требаше да идам од последниот пат после 2 месеци, ми рече стоматологот ако немаш болка ќе го пломбираме. Но, јас со обврски натаму наваму не отидов. Го носам лекот плус месец дена од кога требаше да одам. Оваа недела прв пат почнав да чувствувам мала болка на притисок. Утре ќе одам, туку прашањето ми беше дали е страшно што го носам лекот подолго отколку што треба? Вознемирена сум поради тоа, а со забот ќе видиме што ќе биде, има шанси и да ми го извадат.... Благодарам однапред. @Annath те молам за мислење
Не правиш ништо погрешно, ама чудно ми е да нема промена, макар и минимална. Јас за афти и ранички го користам, ептен е ефикасен. Од џебови може да биде, не мора да значи дека има процес, може и до организмот е. Забот имал гангрена, што не значи дека имало процес. Тоа успешно се лекува, ама посетите мора да бидат навремени и редовни. Во спротивно, се губи дејството на лекот. Не си единствена, за жал. Многумина истото го прават, затоа што немаат болка, па свесно ја одложуваат посетата на стоматолог. Најчесто следна фаза е болка во забот поради повторно активирање на инфекцијата или кршење на истиот. Не е дека не може да се спаси, може, ама може да има компликации и лекувањето да трае подолго од предвиденото.
Тогаш најверојатно има процес на забот. Не мора да се вади, може и да се лекува. Ако е забот мртов, еднаш лекуван, убаво е да се направи ревизија на полнењето, да се исчисти повторно целосно и да се затвори убаво. Ама таа процедура за да биде ефикасна не иде на товар на ФЗО, исклучиво е приватно и кај стоматолози кои работат микроендодонција.