Обично не, не се става анестезија, бидејќи чистењето обично оди во двете вилици, ама ако има потреба, може на некои места. Јас лично не ставам анестезија, бидејќи процесот со ултразвук е обично безболен.
Дали помодрена гингива (чинам така ја викаа стручно) како последица на недобро изработени вештачки заби кои се носеле со години, може да се врати во својата здрава првобитна состојба? Ете на пример, со нови вештачки заби кои ќе бидат со правилна изработка?
@Annath Дека е твоја струка би сакала ако можеш да ми одговориш- дали е можно никогаш да не ти излезат 8- те и која е причината за никогаш да не излезат? Благодрам...
Знам за тоа, ми кажа докторот исто. Да ми излегле многу голем проблем ќе сум имала и така имам веќе со тесна вилица, дури 5- те ми се скроз навнатре излезени.
Можно е. Причини - или воопшто да ги немаш, што не е нималку чудно, оти еволуцијата оди во правец на редуцирање на бројот на забите, или пак никогаш да не добијат стимул за растење и да си останат во коска и да не прават никакви проблеми.
Јас имам и ренген снимка направено, не покажуваше и таму дека ги има. Можно ли е генетски да е? Од страната на мајка ми го имаат овој случај, вклучително и таа.
Па секако е генетски. Не е ништо страшно ако ги немаш осмиците, напротив. Нема да имаш главоболки од нив
Луѓе помагајте! Пред година дена имам ставено мостови долу лево и горе десно. Пред 2 дена ми ставија коронки и долу десно и горе лево. Сега, имам порцелански заби, практично... Меѓутоа! Не знам колку е нормално, не можам да јадам како што треба... Ги осеќам како да ми се високи, како да имам камења во устата. Кога џвакам, имам чувство дека ќе ги скршам, дека се гребат едни со други. Многу грозно чувство! Денеска на неколу пати додека јадев, забележав дека дури и вкусот на храната не е ист ((((( На пример, сончоглед лупен не го осеќам дека е печен, само го џвакам (едвај). Дали е ова нормално, со оглед на тоа што ги имам само 2 дена, или треба да постапам алармантно и да се обратам за помош назад во ординација? Ме фаќа паника, не знам, стварно не знам дали некогаш ќе можам пак да џвакам нормално
Не би требало така да ги осеќаш. Ајде дај им шанса до понеделник, ако не бива, оди кај што ти ги правеа и кажи им дека ти се високи, ќе ги стругнат малку да ти олеснат. Одма ти ги залепија, не ти дадоа малку привремено да ги носиш?
Не, директно ми ги залепија. Хмм... А што е со вкусот на храната ????? Еве и денеска некако не е исто Ја не знаев дека тоа ќе го изгубам (((( Мислам, не дека изгубив вкус, ама кога џвакам со забите не е исто како со моите........ Мн се нервирам!
Чудно ми е да е променет вкусот на храната, не би требало тоа да се случува со оглед на тоа дека си ставил мостови, а не протези. Требало изгледа првин привремено да ти ги стават, да видиш како ќе ти биде...
Здраво ке ве молаам за помош ептен сум загрижена значи зимото правев заб со штраф немав никаков проблем ни болка значи тотално ништо кога сега гледам на непцето како потечено а немам болка нити пак сум имала некакви симптоми се јавив кај докторот ми кажа дури во среда да одам оф леле белки нема да го извади што може да е??
Здраво @Annath колку што сфатив од читањето нагоре ти си заболекар па ме интересира мислење Имам еден заб, на кратко, ми падна пломбата, ама не сум во Мк и отидов овде имам здравствено само за итни случаи па ме болеше бидејќи беше отворен забот и добив привремена пломба, ама ми рече дека имам и кариес од другата страна и да отидам кога ќе отидам дома кај матичниот. И отидов и тој почна да го прави, ама ми рече дека живецот е многу високо и дека ќе ми стави лек да се повелече живецот па ќе го доправи кога ќе се вратам дома. Арно ама, тој лек ми падна и пак отидов овде на дежурна и ми ставија пак привремена пломба да не е отворен. И сега одвреме навреме ме боли онака остро и кратко многу трае. И се случува неколку пати на ден. Не на топло или ладно туку така рандом. Отидов денес пак ми рече дека ќе го премачка со нешто па ако продолжи од понеделник да се вратам. Денес ме боли помалку, ама пак одвреме навреме. И сега не ми е јасно дали е од осетливост или ќе треба да се отвара сепак пак. Инаку забите ми се доста осетливи. Се извинувам за рефератот и фала
Осетливост е во прашање најверојатно, убаво е што побрзо да се затвори со трајна пломба, во спротивно може да напредува процесот и да се воспали нервот.