Епа ете вчера поправив заб, ми стави лек , а денес отидов и ми стави пломба. Арно ама додека ми брмчеше со тоа, му кажав дека ме боли. Пошо си мислам дека не треба да боли после лекот нели? И откако ми ја намести пломбата му викам како да ме боли на моменти не знам, и ми вика нормално е тоа дека чепкан забот и бушен како да кажам. За ден два ќе ми поминело. Е јас не можам да сфатам не ме боли вака, ама по неколку сати си џвакав мастика и кога на тој заб си џвакнав, ептен ме заболе. Или ако јадам од таа страна и кога ке стегнам ме заболува. Не знам дали е нормално или утре пак да му појдам.
Нормално е верувај ми нема ништо за да се плашиш. Мене секогаш ми е така ама гледај не џвакај од таа страна после некое време ќе ти помине. Јас секогаш кога ќе се вратам од заболекар забот не знам што чувствувам дали болка дали уште не ми е опуштен не знам,но поминува, нормално е тоа.
Аннатх а да те прашам дали знаеш нешто во врска со чепови на ждрелото или нешто слично поради што не може да се голта убаво и слично така непријатно чувство при голтање ? Или можно и од кајниците ако имаат така храничка или бактерија да не се голта убаво, ама не е до тоа, бев брис ми земаа и немам бактерија ни на јазик ни на грло/крајници. Незнам поради што би можела да имам вакво суво, непријатно голтање, од кое веќе полудев! Сите ми велат дека било на наервна база, ама не ми се верува дека баш се е на нервна база. Твое мислење?
Lacrimosa, реакцијата на твојот заб е нормална - секогаш кога се работи на заб, тој боли ден-два после поправањето. Не се секирај, нема ништо. Понекогаш може едноставно да ти е премногу осетлив, па да реагира иако нема посебна причина како кариес или воспаление на пулпата. AnuskaNestle, најверојатно ти е на нервна база. А дали устата ти е често сува, или само грлото? Ако ти е сува устата, или често си жедна, јас би ти препорачала да си направиш дополнителни испитувања, посебно за нивото на гликозата во крвта. Освен тоа, дали имаш некои други симптоми? Чеповите од храна обично не предизвикуваат таков проблем, евентуално може да се јави непријатен здив и понекогаш воспаление од нив придружено со болка.
Матичниот штом слушна веднаш рече даја проверам гликозата и во ред беше, тоа беше пред месец, но сеусште имам такво чувство. Мислам дека проблемот не ми е во устата, не ми се суше таа премногу, на почетокот малку да, но пијам ц витамин таблети за растварање, пробелмот ми е во грлото. При голтањето ми е премногу суво, имам плунка но кога голтам не ја осеќам, целото лице го грчам буквално некогас за да голтам убаво. А чудното е што кога јадам, баш и не ми е толку непријатно дури и подобро голтам! Навистина чудно. Навечер не можам да заспијам и заради тоа пијам дијазапам, и воедно хелекс кој ми ги преписа матичниот лекар. Од ова добив и тахикардија, бев на кардиолог, но кревав паника само заради ова чувство, сега сум смирена, срцето ми е здраво. Пред некој ден пак бев кај еден оториноларинголок во кавадарци, бидејќи сум од неготино, и таа ме прегледа и вика според мене нема причина да се грижиш, дури ме праќа да позборувам и со психијатар. Но ми рече ако сакаш да се осигураш до крај ќе ти напиќам упут за во скопје да ме прегледале со некое цевче што се пикало во носот, за да ми го снимат грлото, тоа траело една минута, незнам точно како се викаше тоа, сигурно знаеш на што мислам, но премногу ми е страв да одам тоа да ми го направат и незнам дали воопшто е потребно тоа.... ((
Незнаев каде да го поставам прашањево, ваљда тука е најдобро... Од пред некој ден на едниот образ од внатрешната страна (внатре во устата) кога ќе се допрам со јазик ме боли и како подуено ми е, како жлезда подуена , се нервирам неможам ни убаво да зборам ми фаќа на забите ме боли До сега не ми се десило, а прееска баш гледав да не ми е некоја афта ама нема ништо такво, само како подуено ми стои Што може да ми е ова?
Јас за недела-две, треба да ги стружам забите и да ставам мостови бидејќи ми фали еден заб.. Дали знаете колку е болна процедурата и како се одвива сето тоа..?
Да знам, многу е болна. Имам мост јас на 2 заба. Не ова лето, наредното или зимски распуст ако не ми се воспалат непцата ќе ставам порцелански, сега имам привремени коронки. Болно е, особено мене циста во едниот заб ми најдоа огромна. Трчкарав цел летен распуст тогаш. Со среќа И постојано одам да ми ги лепат и пак не е тоа-тоа, + што колче метално ми ставија во едниот заб па малку се познава дека е темно одвнатре се скрозира у п.м.
Сакам да прашам ако можете девојки да ми помогнете.Утре ќе вадам 8 на левата страна,а на 20 треба да правам операција на синусот од десната страна (на тој синус што се наоѓа под окото)Дали е можна некоја компликација или така нешто некако ми е страв,да не малку време да заздрави или да се случи нешто.Инаку ќе ми го вадат забот на клиника некоја докторка Наташа така со кратка црна коса.Многу ми е страв,кажете ми нешто...
Девојки,јас идев на приватна ординација досега,али стварно сфатив дека истата работа ја прават и во клиника,дури нивната ми се допаѓа повеќе..освен тоа,цените им се надуени,и мислам дека не е потребно да платам 1200 ден. минимум за заб,кога се може 200 ден. Но,сефа имам друг проблем..не знам кај која докторка да идам.. ако може да ми помогнете,бар да ги споделите вашите искуства од клиниката,која според вас има „полесна рака „ ..оти јас сум инаку едно од оние што се плаши многуууу...а треба да извадам 6-ка долна,има гнојни ќеси..дали боли тоа?? секако со анестезија
јас минатото лето ги вадев двете долни 6ки, и многу ме болеше, бидејќи и јас имам многу страв уште од мала и не ми фатија анестезиите, по 2 ми имаше ставено..
а ти ги вадеше во клиника или приватно??Јас вчера дознав дека у клиника не користат многу анестезија,само тој спрејот понекогаш,иако не делува ништо..сепак ќе си платам,ама сега ме исплаши ти..не се осмелувам да одам.. ајј
Хехе ме изнасмеа.Како не ставаат анестезија при вадење обавезно ставаат Може те прскале со спрејот ПРЕД да ти стават анестезија,ама вадење заб без анестезија ретко кој прави.Бар на клиника,обавезна процедура,освен ако ептен ти е разнишан забот,па со еден потег да се извади-нема потреба од анестезија тогаш.
Не мислев на вадење заб без анестезија,туку воопшто не работеле со анестезија..оти секако,имаат право..како ќе знаат инаку во каква состојба е забот..ама мене тоа не ми одговара,па на тоа мислев..и само одолговлекувам..катастрофа
Eпа и тука не си во право-зошто работат со анестезија, а за тоа во каква состојба е забот има ртг снимка-ако мислеше на тоа...стварно не си ми јасна-не работеле со анестезија????
Значи, носам фиксни протези скоро 2 години. Непцата на забите ми се премногу воспалени не ни знам зошто, и нема да ми ги извади протезите се додека не се подобри состојбата. Пробав со една паста мислам дека paradoutox некако се викаше ама ништо. И, сега прашањето ми беше дали можи да се среди состојбата со антибиотици или?
Имаш најверојатно гингивитис поради фиксниот апарат. Има соодветен антибиотик, ама тој се препорачува при напредна фаза на пародонтопатија. Пробај со Lacalut или некоја друга паста против воспаление на непцата, четкај ги забите после секој, ама баш после секој оброк, и можеш да земеш гелови за непца - Гингивал Ц или Генгигел. И внесувај повеќе витамин Ц - го намалува крварењето од непцата и можеш да ја плакнеш устата и со чај од жалфија (не го пиј).
Не може да се вади заб без анестезија, таман работа ако беше така. Без анестезија се работи при поправање (пломбирање) на забот, кога анестезијата само би одмогнала да се одреди до каде се проширил кариозниот процес.
Деновиве почна да ме боли долната лева 6ка. Забот ми е пломбиран пред околу годинаипол - две. Немав проблеми, ама сега ако го притиснам со горните заби, ме боли. Го погледнав во огледало, нема знаци од надвор дека е скршена пломбата или нешто црнко по забот, ама на притисок ме боли. Секако ќе одам кај заболекарот, но што да правам сега? Сабајле од болка се разбудив, се напив парацетамол и додека траеше дејството од апчето, не ме болеше, но подоцна пак почна.