@Annath имам парадонтоза, заболекарката ми има кажано често да одам на контроли, два пати во год.,да мијам заби со лакалут, и секојдневно да употребувам еден ѓел и една вода за плакнење затоа што со нив имав одлични резултати. Последната контрола ми беше во октомври, не ми ги чистеше рече дека се добри, и сега сакав да одам ама сум во почетокот на бременоста и имам многу мачнини, не би издржала да ги чисти..прашањето ми е дали ако чекам пример до август за да идам би можела да си направам проблем, или ништо не е ако почекам?
девојки за изработка на мостови будејќи фаќа негде 500 евра(10 заби) дали забарот дозволува плаќање на рати?
Здраво. Имав проблем со горната 6ка и ми го лекуваа забот со такви лекови кои се менеа на 2 недели. Тогаш одев редовно. После тоа ми ставија нешто привремено внатре и ми кажаа после 2 месеци да отидам за доколку нема реакција да ми стават пломба. Докторот ми кажа дека тоа внатре не е од тие лекови кои мора да се извадат за 2 недели. Јас немам никаква болка во забот, а помина подолго време. Дознав дека сум бремена и не отидов од страв. Сега веќе сум во 4ти месец и сакам да одам, а ми е страв. Дали доколку немам болка значи дека е во ред и дека немам некој процес? Значи го носам 6 месеци сигирно веќе вака. Ви благодарам
Мислам дека не. Половина од парите одат за протетичарот. Јас кога ги ставав забите морав да платам во готово. И тоа уште кога заболекарот ми зема мерка.
Требало да одиш. Не значи дека ако немаш мака, дека нема да ја имаш. Да одеше кога ти рекле, ќе беше пломбиран и немаше да го мислиш. Вака, може да остане мирен, ама постои можност да заболи.
Ќе одам оваа недела, само ме интересираше дали тоа внатре што го носам може или веќе ми направило некоја компликација. Чекав да помине првикт триместар, бидејќи сум невиден паничар и ми беше страв да не му наштетам на бебето Annath ти благодарам на одговорот.
Ништо не може да му наштети на бебето, освен инфекцијата. А дали направило компликација тоа што го носиш, не знам. Никој не може да ти каже точно.
@Annath ако може да ми препорачаш некое средство за плакнење уста. И што да направам за да не ми крварат непцата при четкање на забите. Ова се однесува на оној дел од непцата кај што имам ставано други заби.
@Annath kako se vika ovoj tretman i dali stomatolog go pravi ili oralen hirurg i kolku e cenata od prilika?
Ми се имаше направено едно како ќеса од немцето спуштено заради тоа што ми крварело и бев на стоматолог и ми го исчисти и мо рече дека тоа било како мртво ткиво и требало на хирургија да се изгори..е сега прашањето ми е дали е нешто комплицирано и дали е болна постапката?