Поправка на заб 900 ден, понекогаш прави три заба, но ги наплаќа како за два направени, коронки се 50€, преглед е 600 ден, докторот е специјалист иначе, јас сум мн задоволна
@Annath Ми никнуваат горните умници се повеќе ама десниот многу ме мачи последниве 3-4 дена ме боли непцето и образот кај забот потоа болката слегува надолу кон крајникот изгледа и под долнава вилица ми се направи како топче исто како кога сум настината (а не сум) по моја претпоставка отечена жлезда. Исто така ме боли кога ја отворам устата и не можам да ја отворам многу широко што ми пречи при јадење. Дали е сето ова од умникот и дали е нормално, не знам дали да почекам или да појдам на заболекар да ме проверат?
7 до 8 работни дена со проби односно проба метал и проба дентин и после цементирање ако е металкерамика сепак зависи од ординацијата и техничарите
@Annath Може да те замолам за совет? Значи вака:Во процес сум на вадење на мостови кои ги носев 7 години ама уште од почеток ич не ми се погодија,цело време ми се ронеа забите,половина ми се искршија,непцата ми беа потечени,пиев одвреме на време разни антибиотици и правев гаргара со камилица и течности(оние ко раствори) од Колгејт исто и се плакнев со три постотен хидроген,и му дојде денот да ги вадам тие мостови,деновиве почнав со вадење и повторно мало престружување на моите заби,е муабетот ми е отокот на непцата не спаѓа никако,пиев и Цефалексин и Амоксиклав и џабе,уште сум потечена а утре ќе одам на проба за 4 заби,етапно ќе ги правиме не оддеднаш..неколку дена се мачкав на непцата со гел Генгивал,болката ми ја смири и ми ги обели малку непцата оти ми беа порозеви,ама отокот уште не спаѓа... На оваа заболекарка и отидов испаничена вели нема ништо ќе ти се повлечи отокот,а јас се плашам како ќе биде сега за новиве заби,ем пари давам одново за краток период,ем болки ако имам пак се ќе биди џабе ако не се погодат новите заби,и кажав дека не сакам да ми ги лепи утре веднаш,да ги поносам малку така,дали ќе имаат додатна отеченост непцата да видиме...
Здраво јас имам проблем со непцето еве веке два дена...имам мост кој е поврзан со порцелански навлаки...од вчера цело непце ми е отецено и ме боли пробав со камилица,кантарион ама некако нема ефект...може да ми кажете каква маст или нешто друго да пробам...фала ви
проблемот е шо деновиве немозжам тек од понеделник...затоа за моментална помош прашувам ако знае некој
Со алкохол плакни ја устата ама помешај со малце вода, пече многу, ама ја тоа користам со уште 4 билки ама нема да ги најдеш, не е лошо ни само со алкохол да пробаш, држи така по две минути.
Па гингивалот е 90% составен од камилица, така да исто ти се фаќа, подобро пробај со чај од жалфија и тој помага многу.
Zdr feminki mene na brzo me bolat zabite i mi se rasipuvaat a redovno gji mjam ne e do toa kakva pasta koristite? Nekoe sredstvo za beleenje? A merak sum na blago povekje od se no kakva vrska ima toa sekoj jadi blago☹️
Здраво,јас имам 16 години и имам еден проблем со еден заб,вака,во 4-5 одд извадив еден заб незнам точно кој но се наоѓа до тие двата најголеми што се,ме сваќате хаха,и малку порасна и толку,прекина со растење и многу ми е срам да се насмеам пошо ми е мал,па дали некој имал ваков проблем,и да ми каже што да правам,дали има шанси забот да порасне????
Една моја другарка имаше ваков проблем и на стоматолог и ги мачкаа забите затоа распрашај се и консултирај се со твојој стоматолог.
Другарка оди таму, многу е задоволна. За цена мислам е поскапо малку, ама сепак провери си на нивната страна, мислам имаат ценовник.