пробај со лисертин или колгејт сретство за плакнење на устата два пати дневно јас користам и е доста ефикасно
зошто да не се користи секој ден од кој причини? стоматолозите советуваат користење секој ден од него можеш да имаш само корист а не штета
На последниот стоматолошки конгрес течностите за уста беа спомнати како еден од ризик факторите за појава на канцер во усната празнина. Се што е претерано не е корисно. Како и да е, и јас сум стоматолог, па не го препорачувам секојдневно. Во акутни фази на воспалени непца да, може да се користи секој ден по двапати, а во нормални услови само по потреба. Инаку и јас користам, само не секиј ден, лично од Листерин сум задоволна.
@Annath Каков е ставот за хидрогенот? Не го користам секојдневно ама ме интересира дали може да има штета и од него
Хидрогенот се исфрла од употреба. Кај нас уште се користи, ама лека полека го заменуваат други средства. Тоа за професионална употреба, ама за дома повремено може да се користи. Не секој ден, ги нагризува забите. Повремено е корисен, ама реално, не е неопходен.
Имам бели дамки на неколку заби од кога знам за себе. Во последниве 4 години бев 2-3 пати на стоматолог при што тие дамкички ми ги препокриваше со бела пломба (најверојатно), но некако не сум задоволна од овој метод бидејќи во одредени моменти и покрај што ми се препокриени забите, дамките сепак се познаваат (а и пломбата се рони/крши по малку). Најмногу ми се приметуваат дамките на единицата и затоа сакам да си го решам овој проблем подобро. Дали има некое друго решение за да не ми се познаваат тие недостатоци? Инаку, имам претходно пробано и со tooth mousse, но не приметив некое драстично подобрување. Исто така користев и паста за заби со флуор ама ми изгледаше како уште повеќе да ми побелуваат дамките. Размислував и на тие цирконите што се ставаат на заби, ама некако не ми одговара да ставам такво нешто на првиот заб.
Тие ти се генетски, некое нарушување во минерализацијата на глеѓта и тешко се решава со препарати. Пломби не, ама ламинати можеш да ставиш, вакви. Има композитни и порцелански, првите се поевтини и помалку трајни, вторите поскапи и со подолго времетраење. Нема многу стругање, само површинскиот слој.
Јави се и прашај, овде ги изработуваат оригиналните по лиценца на ДенМат. Цена не знам. http://eternadent.com.mk/Services?id=138
Бидејќи е сабота и мора да почекам до понеделник за да се појавам кај стоматологот, и после истражување на интернет видов дека тука има некои одговори на прашања што не значи дека е правилна дијагноза но сакам да прашам дали знае некој да ми каже отприлика за мојот проблем. Иначе, мене ми се скрши 4-ка заб на десната долна вилица и бидејќи бил косо скршен, ми рекоа дека мора да продолжам со мост со минимум 3 заба. Го извадивме забот, пиев антибиотик една недела зашто почнав малку да чувствувам болка. 5-ката и 6-ката ги истругавме, а тие беа лекувани заби. После една или две недели ставивме мост, но не е зацементиран, чисто онака да го поносам да свикнам. И еве сега неколку дена страшно ме боли тој дел, акутна болка која веќе скоро една недела редовно трае. Пијам аналгин се смирува, пак продолжува да боли после поминувањето на дејството на аналгетикот. Бев кај забарката, вика вадениот заб напредувало ок, 5-та до него е добро исчистен и 2 пати ме снимаше и вика од снимката не се гледа ништо, покажува дека се е во ред. Вчера на допир и кога ме прсна со тоа апаратчето што излегува воздух ме заболе 7-цата. Тоа е лекуван заб со стара пломба, мислевме да не се шири болката од него па ми го иструга и стави лек. Но денеска пак ми се појави старата болка, изгледа не ќе да е од 7-мицата. Болката ја чувствувам на непцата , како удоле во коренот на 5-ката и 6-ката. Што би можело да биде проблемот?
Не ги расклатува, туку ако имаш многу забен камен може првите денови да ти се чини така бидејќи ќе ти бидат чисти.
Дел од ѕидот на еден катник ми се ниша и ме боли,што компликации можат да ми се направат, што да превземам дур да појдам кај стоматологот?
Здраво. Доколку има некој стоматолог во групата го замолувам за мала помош. Пред два дена вадев умник, без операција, како и секој заб. Сега местото ми е отечено и боли и гледам дека во празнината има насобрано гној. Дали можам нешто да сторам околу тоа, дали е нормално и само ќе помине или треба повторно да одам на заболекар? Инаку тој не ми препиша ништо за болки
Ништо не можеш сама, оди да го тргнат скршеното делче и да го надоградат забот. Зависно колкав дел е скршен, ќе се поправи со пломба или може ќе треба да се направи коронка. Јави се кај докторот што го вадел и оди да те види. Ако собира гној мораш да пиеш антибиотик и да го исчисти местото убаво. Ден два да имаш болка и оток е генерално нормално, ама гној сам од себе не поминува.
Ништо, мене 6ката така од кариес ми се направи, коронка ставив и ок ми е сега, дури и сум заборавила дека ми е коронка не ми се познава воопшто а јадам најнормално инаку, не би требало ништо , но секогаш подобро е на време, јас тек после 6 месеци појдов да ми го средат...но мене не ме болеше воопшто.
Здраво Дали некој има искуство со вадење живец на предните заби.Дали боле?И дали се става лек на тие заби?И од прилика колку мин трае тоа?Благодарам