Не мора да има надворешно знаци дека нешто не е во ред со забот. Болката е доволен показател дека има некое воспаление, најверојатно се работи за пулпитис, а можеби и за процес на коренот. Ќе се покаже на РТГ снимката за што се работи. Може да биде и џеб, на ова топлово обично се активираат џебовите.
Неодамна ми го вадеја нервот горе на 6 ката и не не боли,јас мислев кујзнае колку ке ме боли,но ништо од болката Откако ми го умртвија нервот потоа без анестезија ми го вадеја но нели бидејќи е умртвен не чуствуваш ама баш ништо,затоа уживај,немој да се секираш,не е страшно воопштоо
Мене ќе ми го вадат на 4ката и тоа ми кажаа уште пред 2-3 месеца, ама јас само си го одложувам и одолговлекувам колку што можам
Срцка ич да не се секираш...најпрво ќе ти стават токсавит-средство за умртвување на живецот ,ќе стои 2 недели,потоа ќе одиш на стоматолог и за тоа време нервот треба да е умртвен и ќе ти го отворат забот, ќе го извадат потоа ќе ти ги исчистат каналите,ќе ти ги наполнат едно 2 недели така ќе стојат-привремено наполнети,потоа ќе одиш ќе ти ги наполнат за дефинитивно, ќе ти го пломбираат забот -и решено Ич да немаш гајле и да-никако не одложувај,да не се искомплексира нешто,да не ти отече и слично...побрзај!
Мене многу ми се воспалени непцата,особено во горниот лев дел каде што имам расипан заб којшто во моментов го лечам. Два пати бев на лекар,вториов пат ми ставија лек во каналите и сега забот ми е затворен со лек.Ми кажаа дека мораат да ми ги чистат непцата и забниот камен бидејќи толку многу ми се инфицирани што може да фатам некоја болест како парадентоза.Е сега тоа чистење треба да се случи за пет дена и сакам да прашам дали боли? Исто така морам да кажам дека пијам антибиотик алмицин на секои осум часа,но местото каде што имам ненормални болки кај непцето ми е отечено целото и дури на левото око ми пречи отокот. Дали има некој начин да го симнам тој оток или да ми помине непцево пошто не можам повеќе,два дена имам непрекинати болки.
Обично не боли многу, повеќето тоа чистење го чувствуваат како еден вид олеснување, бидејќи се намалува притисокот од отокот поради воспалението кое се јавило на тоа место. Забниот камен се чисти со ултразвук и тоа е целосно безболна процедура, додека џебовите се чистат со специјални инструменти. Очекувај дека ќе има доста крварење, ама не е ништо страшно, така излегува гнојот и нечистотијата (така да се изразам) насобрани во џебовите, па и полесно ќе заздрави местото. Убаво е да пиеш антибиотик, тој се дава и превентивно за да не се прошири инфекцијата. Можеш да држиш ладни облоги на образот за да се намали малку отокот, евентуално може дома да ја плакнеш устата со чај од жалфија или со 3% хидроген (го има во аптеки). Ама со дејството на антибиотикот очекувај дека и отокот и болката ќе се намалат.
Ајде и за мене една дијагноза. Редовно ги мијам забите, но непцат често ми крварат (не кокретно од некој заб или од џебови во кој се собира храна) . Што да правам? :geek:
Прво ме интересира колку траат порцеланските пломби или немаат одреден век? Е сега имам пломби на два заба и едниот како да ме подзаболува понекогаш кога џвакам, а вака не можам ништо да видам како кариес или слично. Ќе треба да ми го пробушат забчето за да видат да не има нешто под пломбата или? Не ми е страв ни малце од забар туку ме интересира дали е чисто некоја реакција на забот нормална или пак можно е да има нешто под пломбата? Затоа што ако отидам секако ќе ми бушат за да ми земат плус пари за нова пломба најмалце, ако не „откријат“ и нешто друго Едит: Најдов поназад слично прашање со одговор, е сега кај мене не е таква болка под притисок, воопшто и немам потреба од апчиња, туку ете понекогаш додека џвакам нешто ме сецка
драги мои. Јас пред 10 тина дена бев на заболекар поради тоа што на ладно ме болеше доолната десна 6 ка и докторот ми направи рентг.снимка исе виде дека е инфециран и треба да се исчисти само не е многу сигурно , ако не се исчисти скроз тогаш ќе мора да се прави. Ми стави анестезија и ми го правеше колку може и ми го затвори со лек и ми каша за 10 тина дена да одам пак да видиме до кај е забот, дали ќе треба да се вади или не . И пак ми направи уште една ретг.снимка за да види што сме направиле, ама не ми ја покажа ми вика ќе ја види тој и наредниот пат кога ќе дојдам ќе ми каже што треба да паравам. Откако ми стави лек мене забот не ме болеше уопште. Одам пред 2, 3 дена пак да видиме што ќе правиме со забот и ми вели дека на снимката се видело дека не може добро да се исчисти треба 100 % да се вади. јас се исплашив и не бев спремна и му реков ќе го вадиме друг ден и тој ми вели ок , но немој многу да чекаш оти се заразуваат и другите заби од него. Денес по оправдани причини не можев да одам на забар и со мм одиме кај друг забар да видам и друго мислење пошто некако чудно ми беше толку бргу да ми каше да треба да се вади, а мене забот не ем боли и овој доктор ми прави снимка и гледа дека претходниот забар кога ми го отвори да ми го чисти му се скршил еден инструмент акко игличка што се тие и тој не успеал да го извади и затоа ми виакше после дека треба да го вадиме за да не се открие што ми направил Значи јас се стаписав откако ми кажа денес овој доктор вториов и ми виак дека може да се спаси забот, се умртвува живецот и може да се направи, а оној другиот ми викаше не може, плус тоа туку така не се вади заб, сепак 6 долу е многу потребен и голем заб и хранат сета преку него оди и ми вика штета е да го вадиме , ќе проба прво да ми ја извади игличката што ја скршил оној другиот доктор и не ме информирал и направи мноооогу голема грешка со тоа , па ако моше да ја извади ок, ако не краен случај ќе го вадиме. И зборот ми беше дека ако не отидев на второ мислење ќе го вадев забот кај првиот доктор и тоа по негова вина и така немаше ништо да се разбере, баш се изнервирав денес и во среда ќе одам кај другиот па ќе видием што ќе направи
Имаш гингивитис (воспаление на непцата). Покрај миењето на забите можеш да користиш и конец за заби, и да ја плакнеш устата со антибактериски течности. Внесувај повеќе витамин Ц и одвреме навреме, при поизразено крварење, мачкај ги непцата со Гингивал Ц или Генгигел. Јојоба, мислиш на оние, т.н бели пломби? Тие не се порцелански, туку составот им е различен, зависи за каква пломба се работи. Поновите се доста поквалитетни, а со тоа имаат и подолг век на траење, за разлика од постарите. Ако имаш некој проблем со забот, најдобро е да го снимиш, на снимката искусен стоматолог може да види дали има нешто под пломбата (ако има кариес, се гледа на снимка), или дали има процес на коренот. Понекогаш може да има болки во забите без никаква причина, ама тоа е ретко.
Анатх те молам за помош!!!! Мојот проблем е јазикот. Ти имам пишено претходно но еве сега пак, не можам да издржам. Прво да кажам дека мојот матицен мисле дека сум анксиозна и пиев хелекс 3 месеци, сега повеќе не, само демитрин по потреба. Јас многу често, секој ден, во некој дел од денот, осеќам трпнење на јазикот, не го чувствувам како мој, и како да ме боцкат со нешто по него, имам плунка, но ја чувствувам сува устата, пијам по 1 литро вода на ден секако, пиев б витамини, ц витамини. Пред 3 месеци имав габа на јазикот, ставав нистатин капки, но не ми помогнаа, па си го триев јазикот со сода бикербона, зашто не можев да издржам, цувството е одвратно, како јазикот наназад да ми одеше и трпнење секако, па ми помина габата од содата. Но, мојот проблем не запре тука, јазикот, значи незнам што да правам повеќе за да не ми трпне, да не чувствувам бодежи во него, порано на крајот од јазикот, а сега напред се повеќе...Незнам зошто вака, бев на оториноларинголок и таа ми рече дека се ми е на нарвна база, ми го гледаше јазикот и грлото, дека многу често и тоа ме стега, нонстоп имам вирус или бактерија на него, но само по себе поминува, но јазикот, ми е главен проблем и ме кочи ептен во животот. Искрено, не можам ни да зборам навечер посебно, ме стега, и се мислам дека ќе си го голтнам, до толку многу што ми го унижтува секој ден или ноќ, зависи кога ме стега и трпне, невозможен проблем ми стана ова, те молам кажи ми, што би можело да биде, ама не ми викај и ти дека е на нервна база, сите само тоа ми го викаат..Во Скопје бев и кај доктор Цекиќ, оториноларинголок е, на проватно, ме гледасе со едено како ласер, стартоскоп или нез како се викаше, во грло ми г пикна, и на камера ми го гледаше, ми рече на грло немаш тумор само ждрелото ти е црвено, и поради тоа може малку незгодно ти е при голтање. Но јазикот, и тој рече на нервна база, и ми рече да сум направела магнетна резонанца, уште тоа остана да провериме за некој нерв што се наоѓал, и што заради тоа би можело сето ова да ми е...Кижи миииииииииииииииииииииииии те молам што би можело да е? Дали е можно да имам рак на јазикот и да не може да се виде, нешто внатрешно. Премногу ми е страв, ќе полудам. Слушшнав некаде за гастроскопијата немам појма што е тоа, и како се праве биопсија на јазик, дали е непријатно или језиво. Те молам одговори ми на се, зашто ти си ми едниствена надеж.
Во најголем дел твојот проблем е на психичка база. Ми велиш да не ти го велам тоа, ама друга причина на твоја возраст не гледам. Може да си го провериш шеќерот во крвта (понекогаш кај дијабетичари се јавува трпнење на јазикот, кај нив е честа кандидијазата која ти си ја имала), евентуално да ја направиш таа магнетна резонанса за да исклучиш постоење на невропатии, нема потреба да правиш биопсија на јазикот, бидејќи сигурно, 100% немаш рак. Гастроскопија можеш да правиш ако имаш проблеми со желудникот, малку е непријатно, ама не е страшно. Ако имаш панични напади и анксиозност, голема е шансата да ти е тоа проблемот. Значи, нема органска причина за трпнењето на јазикот, само психичка. Немој да мислиш премногу на тоа. Освен Б-комплекс може да пиеш и Магнезол за опуштање (тоа е само магнезиум во форма на шумливи таблети). Штом стручњаци ти рекле дека немаш органски проблем, значи го немаш. Знам дека ова не е тоа што сакаш да го чуеш, ама толку можам да ти кажам вака, преку форум.
Фала ти многу Анатх, шеќерот ми е супер, проверен ми е. Значи на нервна база е се... Магнетна ќе направам и ќе те известам. Не мислам веќе на тоа, игнор му ставам. Поздрав
Феминки ај ако може некој да ми помогне...вака јас имам ставено мост али нон топ го чувствувам како да мрда и лабав да е нормално ли е ова на почеток или треба да одам кај стоматологот да види лелее умирам од нервоза
Јас денес бев за стружење на забите и по 1 недела ќе треба да одам да ми ги намести мостовите. е сега ми рече дека требало да ми намести некое метално колче како потпора за едниот заб. дали знаете што е тоа и каде и како се поставувa, и дали е болно?
Се мести со анестезија и не е болно, појезиво е сега како ќе јадеш со стружени заби кои се преосетливи на топло и ладно. Се става за да го прикачи мостот на тој заб
Јас бев на стоматолог и вели дека ке се зацврсти... али сомнително ми е нешто што да правам? плус не може повеке да се зацврсти туку само нов да се прави дали некој што имал порцелански заб на поцетокот не го цувствувал лабав па после да е во ред ???