Здраво дали може некој да подели искуство за поправање заби и квалитет на пломбите Бисер дент - Ченто или Ендомак
Јас треба да носам протеза пошо малце ми се криви забите но не се забележува толку.Но,имам проблем со еден заб кој е многу многу помал од другите и тоа уште од пред 5-6 години ми беше паднал,па нов ми израсна е сеа овој новиот ми е многу помал од другите.Па да ве прашам како може да порасне како останатите,некое чаре да ми кажите,дали е до исхраната,каква треба да внесувам и слично.Или може доградба на забот да се направи и колку чини??
Имам вадено заб пред 7год, имам прави заби, па ме интересира дали може да ми се искриват другите заби поради недостатокот на тој заб? Дека веќе поминаа повеќе год не ми се искривија, неодамна кога бев на забар ми рекоа може да ти ја искриви цела вилица, вистина ли е??
Здраво сакам да се консултирам хитно со некој доколку знае да ми помогне едниот умник ми е изваден на долната вилица сакам да го извадам и другиот но еве имам големи болку е сега не знам дали ми е од умникот или од забот кој го пломбирав пред 2 дена болката ми се јавува некогаш и под јазикот а и ме боли главата премногу а и на десната страна над градите имам не можи болка али некој како благо со некој убод да ме боцка и сето тоа ми е поврзано малку и на вратот дали е можно сето тоа да го предизвикува Умник кој ми ги турка забите на вилицата зато и треба да го извадам ?
Ispij sega nekoj tablet protiv bolki analgin,paracetamol ili nalgesin s bilo sto samo da ti pomine pa utre idi na doktor
Пломбирав заб. По посетата на стоматолог, забот почна да реагира на ладно и притисок, силна болка. Докторот ми кажа дека е реакција на пломбата ( кај други доктори досега не ми се случила таква реакција ), да почекам да се смири. Помина 2 3 месеци, се смири минимално. Направив снимка, се е во ред. Ми ја отстрани пломбата, ми стави лек, додека беше аплициран лекот, немав болка. Го пломбира повторно заедно со друг заб, болката пак се појави, на ладно и на притисок. Расипани заби не ме болат, пломбиран испадна да ме боли.
Разгледував во која тема да ја напишам поракава, па овде ми се виде како посоодветно. Дали можеби имате искуство-при ставање на анестезија за вадење на заб, мене секогаш ми се слошува до тој степен што губам и малку свест. Сите ми викаат од страв тие, да ми е страв, но сепак кога почнува да осеќам дека анестезијата делува, мене почнува срцето брзо да ми бие, рацете ми се потат и ми се приспива -значи буквално се онесвестувам. По некоја минутка ми поминува тоа чувство, чувствувам како ми иде за повраќање, и пак почнува. Кога поминува дејството ми се средува се, но се осеќам како претепана целата. Дали можеби сте поминале низ вакво нешто, не знам дали треба да барам безадреналинска анестезија...Досега немам поправано заби со анестезија, само вадено. Три пати истото ми се има случено...Некои сознанија дали имате? Благодарам
На горната вилица ми расте осумка и колку што видов немам место. Ме боли непцето на тој дел и кога ќе ја притиснам седумката со јазикот ме боли и седумката. Пиев аналгин ама го чуствувам непцето на тој дел како под притисок.. Незнам што да пијам да ми мине болката.
Можеш да пробаш со безадреналинска анестезија, ама и јас се согласувам дека најверојатно е од страв. Еден куп пациенти сум имала со истото искуство како што го опишуваш. Ништо страшно не е, јас обично им препорачувам Б комплекс да пијат пред да дојдат. Ако е од забот што расте мораш да издржиш дури порасне или хируршки да го извадиш. За болката би ти препорачала Вентор, многу е појак од аналгинот.
Преголема паника, суицидни мисли си го прават своето. Јас пак после долг процес пак имам страв ама минимално. Во крв ти е врежан, јбг. Тоа е процес кој сама мораш да го надминеш. Опушти се, верувај му на докторот и се ќе биде во ред. Еве ти пример: Мојава докторка си замина на специјализација, а таму кај што одев работеа две, помлада и постара. Помладата си замина, на неа највеќе и верував, таа ме оперираше и се. Со постарата немав соработка,арно ама имав заб за пломба и отидов. Седнав и почнаа мислите, треперењето,стравот. Помина и процесот со инекцијата(ми става со најтенка игличка)оставивме да делува и почнавме. Се помина во најдобар ред. Сакам да ти кажам треба да дадеш шанса себе си а и на докторот. Се е психа.
мене ми се случило. каква глупост дека е психа хаха тоа се ефекти од анестезија луѓе! некои луѓе си чуствуваат некои не! јас кога сум најадена не осеќам ништо ,кога идам гладна итекако ми се слошува и имам срцебиење и се препотувам и ми се врти од анестезијата. срцка иди секогаш најадена и избегавај да одиш наутро на забар. види дали така ќе имаш пак проблем. и нека ти стават најмала доза кажувај им. не се плаши. и мене ми се случило неколку пати, ама па и многу пати не ми се случило..Верувај дека не е од психа и од страв, јас сум со филери во уста и со ботокс во лице, сите 8мици ги извадив, и одам на чистење на заби нон стоп верувај дека немам АМА АПСОЛУТНО НИКАКОВ СТРАВ нит од игли нит од анестезија па пак ми се има случувано. Од адреналинот ти е, секој нормален забар одма ќе ти каже дека е тоа, често се случува, не е ништо чудна твојата реакција на анестезијата. btw суицидни мисли се мисли кога размислуваш да се самоубиеш односно SUICIDE да извршиш.Оттаму и изразот. Мислам дека членката не сака да се самоубие.
Јас така си ги нарекувам тие мисли т.е. мои мисли, бидејќи стравот мисли дека ти од една игла може да умреш т.е. дека одиш да се убиеш. Може ти имаш такво мислење ама да велиш дека е глупост "се е психа" ми е апсурдно бидејќи "никој не умрел од идење на забар" не е баш утеха. Така да, сум идела и гладна и јадена и не сум имала напади. Секој е индивидуа. Ти може имаш извадено сите 8мици ама јас имам извадено многу повеќе и операција правев. Едноставно се е психа, не умираш на стол.
Следен пат пробај со безадреналинска анестезија, ова е ефект на адреналинот најверојатно. Макар што адреналинот не тера на дремка, напротив, те става во состојба на максимална будност. Сепак количината на адреналинот во анестезијата не е толку голема за да има таков ефект, веројатно адреналинот што го лачи твојот организам поради стравот кој се појавува е причината. Пробај со безадреналинска анестезија дали ќе биде поинаку, ако не е, секогаш пред одење на забар пиј нешто за смирување за да се наамли стравот. Б6 не е доволен, дијазепам повеќе би завршил работа.
Девојки имам многу чуствителни заби,бев на лекар и ми кажа дека немам расипан заб, ми препорача лакалут, ама еве 2 месеци и нема никаков ефект. Ако може да ми препорачате паста за чуствителни заби?
Меѓу двојката и тројката горе иам кариес, дали стоматолог би ми ставил анестезија за да ми го прави, пошто мн ми е страв..
Бев на забар денес и ми стави лек за умртвување, ама почна да ме боли сега еве. Дали е нормално да боли додека не се умртви, или да одам на забар?
Sensodyne total repair или Sensodyne rapid relief. А може и навечер да ги премачкуваш забите со tooth mousse, многу помага во десензибилизација на осетливи заби. Да, ако си побараш. Нормално е. Напиј се нешто за болка, до утре ќе прекине. Ако не се случи тоа, оди на дежурен.