Е вака сега не ми е првпат вака да ми се случува Ме болат заби кои се правени пломбирани, едниот е умртвен живецот а на другиот е изваден и плус е направен со две колчиња бидејки ми беше скршен но забиве ме болат страшно док ми вели такви ти се забите дали е можно оваа што ми се случува И предходно со два заба така направени пломбирани на крај ме болеа многу и ги извадија Ако е така тогаш јас треба сите заби да ги извадам Плус имам за правење уште 4заби но незнам дали да одам пак таму колку време го лечат со лекови па пломби најмалку 2000ден за заб и на крај пак ке го извадат Некој да сподели дали е оваа можно Еве ке ја тагнам @Annath што мислиш ти?
Да смениш стоматолог? И на другото место да маправат снимки да видат што се случува. Заб со изваден нерв не боли, може околината да боли ако нешто не е како што треба. Бтв. умртвен живец треба да се отстрани од забоѕ по умртвувањето.
Ако се добро направени не би требало да болат. Снимка обавезно за да се види причината за болката. Инаку кај нас генерално така оди, умртвување живец, лекување, пломба, па вадење кога пак ќе заболи, оти најчесто коската е инфицирана. Ретко се прави ревизија на претходното лекување, оти е скапа и е само на приватно, само кај оние кои работат микроскопска ендодонција. А нема многу ординации кои го работат тоа. Ако си спремна да платиш, а сигурно ќе чини многу повеќе од 2000 денари по заб (најмалку 100 евра), можам да ти дадам препорака.
@Annath имам за попладне закажано но пак кај мојот стоматолог да видам тој што ке каже Иначе од синока околу забот почна да ми отекува жлебината од едната страна на забот и како да ме чука Дали е можно и до жлебината да е да не е до забот Ич несакам да го вадат,тој заб има и две колчиња бидејки ми беше скршен
Од што може да ме болат правени и пломбирани заби? Ги правев пред 2 недели, но еве пред 2 дена јас не можам да се напиам вода од што ме болат од ладно? Што може да е?
Правени заби и пломбирани, после 2 недели почнаа да ме болат ужасно од ладно, од што може да е? Хелп?
Како нормално? Јас не можам да се напиам вода или надвор на отворено не можам да зборувам од ладниов воздух. Ме болат ужасно посебно кога пиам вода. Не може тоа да е нормално зошто не можам да функционирам. Топло не ми преставува проблем, но од ладна вода или воздух буквално очите со солзи ми се наполнуваат од болка. Сето ова почна да ми се случува после 2 недели од правење.
Не не, после 2 недели почнаа да ме болат и затоа ми е чудно. Првите две недели немав никаков проблем, сега 2 дена не можам да функционирам.
3 стоматолози сменив, пукнав веќе аман. Како и да е споделив чисто да видам мислење ако имал некој слична ситуација зошто губам доверба. Сепак фала...
Појди кај стоматологот.Можеби нешто не е поправено како што треба.Можеби е само осетливост. Штом ти се случува после 2 недели од поправката,појди да видат да не е пропуштено нешто.
И јас пломбирав заб и ставав лекови. Истиот проблем го имав и докторката ми кажа дека нормално било да реагира пошто забот се лечел, ама ако те боли постојано ваљда нерв ќе треба да ти умртвуваат или вадат.
Моите конкретно само ми ги чистеше и пломба им ставаше не ми ги лечеа. Ми беше се океј две недели и сега 2 дена имам не издржлива болка од ладно. Сепак ќе се јавам утре да закажам, фала.
Пломбиран заб значи мртов заб. Членката пиша дека и е пломбиран и ја боли. Може затоа што не ти ставил лек за умртвување може затоа те боли сега. Мене ме болеше за време на тој процес и закажав преглед,веднаш ме пратија на снимање и после ми го пломбираа.