@Annath имав лек на шестка 2 и пол недели за умртвување на нервот. Вчера бев за пломбирање и дури го чистеше немав болка, после ко проба со тие како игла за да го вади нервот осетив малку и ми стави пак од лекот. Како зелена паста, па некое памуче со течност па бело што се суши. Проблемот е што денес ме боли забот на допир. А треба да го чувам до 11 април. Нормално е или да одам утре?
Не би требало да боли. Јас во такви случаи целосно го чистам забот ако може да издржи пациентот и ставам лек против болка и за лекување на евентуална инфекција. Мислам дека таа опција е подобра. Ако утре уште имаш болка, прашај дали може да ти го отвори и исчисти целосно. Инаку до 11 април е многу време, обично при повторно ставање на лек за умртвување се чека најмногу една недела.
@Annath мислам дека целосно го исчисти, зошто рече го спремив за пломба ама на крај осетив болка и скокнав. Таман ќе ги полнеше каналите. И јас се зачудив толку долго што ќе го чувам. Ќе одам утре ако боли, фала за одговорот.
Малку офф топик - што ќе ми препорачате за гадење лошење, ми се случува како паничен напад не можам да се исконтролирам, пред некој голем настан или сл, при нервоза ми се лоши, на пр последно имав закажано операција на заб, кога влегов во салата пола саат повраќав (патем намерно ништо немав ни јадено) не можев уста да отворам, ни да се контролирам и ја одложивме, одкако излегов од болница се ок ништо не ми беше. сега се плашам повторно да не ми се случи истото. Бар да ја издржам операцијата - Хелп ???
Нешто за смирување, а тоа најдобро твојот матичен доктор да ти препоше. Дали е доволен дијазепам, или нешто појако, тоа само докторот знае. Панични напади се јавуваат поради стравот, и не би имало проблем доколку се научиш да ги контролираш, ама за тоа треба време. Евентуално, како што кажав, со терапија да се среди.
P.s oteceno nepce so dlaboki dzebovi taka mi kaza stomatologot.. mi stavi lek i mi kaza deka ke me boli denes seuste... dali da pijam antibiotik mozno e da e nesto poseriozno kako cista ili da ostavam samo lekot da si deluva? Mnogu me boli
@Annath ќе може ли да ми оговориш на ова прашање многу би ми значело?! Двете единици ми се потемнети ради тоа што е изваден живецот, мене ме интересира дали може да се избелат тие два заба некако? Иначе имам 16 години
Може, ако се направи ревизија и пред дефинитивното полнење да се избелат внатрешно. Тоа да го направиш кај некој поасален стоматолог, по можност на приватно. А понатака, ќе си ставиш veneers.
@Annath уште сум со болка на забот што прашував, бев денес кај замената на мојот стоматолог, само дупче направи на лекот за да дишел забот и рече би требало да се смири. На допир со горните заби боли најмногу. Рече на второ ставање лек за умртвување знае побурно да реагира забот. Јас ко хипохондрик и паничар мислам од помислите уште повеќе ме боли, ама не спомна докторката дека може нешто друго да е. Гледаше дали имам оток, нема. Можно е да е инфекција и да се искомплицира нешто? Немам температура.. Прв пат ми се случува ова.
Се случува, не е така ретко. Кога ќе го исчисти целосно ќе биде подобро. Ќе се изгуби и болката. Уште ќе чекаш до 11 април? Подобро немој, да не се инфицира нервот.
@Annath и јас имам едно прашање. Деновиве сум болна, настинка е во прашање. Вчера приметив како тврдо под носот и на допир ме боли. По мое мислам дека му доаѓа над тројката. Ме чеша( надворешно) но не е отечено, веројатно бидејќи пијам антибиотик. Дали е можно да е воспаление некое од самото тоа што имам настинка или се работи за нешто друго? Понеделник секако ќе одам на лекар ама до тогаш што би можела да превземам? Исто така и надворешно ме чеша устата.
Може да не е од заб, да е некоја акничка? Чешањето и оток ме асоцираат на алергија. Кога ќе помине настинката, види со стоматолог, а секако може и сега, за да види дали отокот е од заб или од нешто друго.
Искрено и јас на тоа помислив. Прскам септаназал спреј во нос, и некако откако ќе прснам повеќе ме чеша. Исто така проблемов го забележав после еден ден користење на спрејот
Фала ти. Така ќе направам. Да е од заб би ме болело,ова само на местото каде ме чеша и каде е отечено( како топка внатре само, од надвор нема оток) само таму ме боли.
Ако имаш оток внатре на непцето над забот, може и од заб да е. Затоа најубаво да те види стоматолог. Вака може само да нагаѓаме.
Ти благодарам мноогуу на одговорот. Двата заба ми се пломбирани а едната единица ми ја белеше внатрешно а по темна е од другата која не ја белеше. Иначе која е цената на venеers и дали може сеа да си ставам?
Зависи какви се, и каде ги правиш. Композитните се поевтини, порцеланските поскапи. Точна цена не знам да ти кажам, не е стандардна.
Порцеланските се по добри од композитните? И колку траат порцеланските а колку композитните? А и дали ја на 16 години можам да ставам? Ти се извинувам што ти поставувам многу прашања, навистина ме интересира ради тоа што сум млада и срам ми е вака со потемнети предни заби.