Здраво Пред саат време вадев корен од 6ката бидејќи скршена ми беше и секако со анестезија. Сакав да ве прашам дали смее после саат време да се запали цигара ? Извинете за прашањево
Ми треба помош, ме боли цела лева долна страна кај шо вилицата од увото па се надоле до седмицата. Е сеа умникот ми е изваден нема шанси да е тоа,иам праено операција на циста на тој дел, баев сеа на забар ми вика ни седмицата не е расипана здрав заб е. Утре ме пратија во румунска на снимање на седмицата само па ке видиме шо е . А имам болка и ми смета на вилицата на десната страна кај шо и ми е тоа. Дали некој имал слично нешо и шо би можело да е ? Ме плаши за циста.
Сакам да ве прашам, дали чистењето на канали ви го прават без анестезија? Мојава докторка инсистира без за да види каде ќе сум почуствувала болка но многу се плашам а имам и други заби за таков процес. Ме интересира ваши искуства и колку ви наплаќаат за таа услуга? Фала
Државно на клиника, приватно кај др. Африм пред Ледиком од Битпазар кога одиш накај Чаир од десна страна.
Здраво девојки Нова сум на форумов и се зачленив токму заради убаво објаснетите одговори на Анатх ☺ Па, да си прашам и јас. Вака, ги правев горните 6ки и 7ци, имав кариес ама не ме болеа. И откако ги направив почнаа да ми реагираат на ладно Причина? Стоматологот прво ми викаше имаш осетливи заби па ај се миев со некоја си паста не помогна.После тоа ми викаше имаш џепче таму и го чистеше и пак исто... Сеа ми вика до непцето било... Држи вода ова или да мењам доктор? Друго прашање, може глупо малку ама морам да прашам. Дали е можно од тоа машинката за чистење каменец да ми напукне некој заб? Бидејќи чистев каменец и после забележав дека на кецовите и на една двојка ако погледнеш мн внимателно пд мн блиску иам како вертикални линии... Не знам дали е од тоа или си замислувам ама се си мислам дека ги немав претходно... Извинете на долгиот пост
Доста често се случува забите после чистењето на кариесот и пломбирањето да станат поосетливи. Со самото чистење се отстранува доста забна супстанца и ослабува слојот што ја штити пулпата (или живецот, народски кажано), а со пломбата не може целосно да се надокнади тој слој и затоа некогаш се јавува осетливост, најчесто на температурни разлики (ладно/топло). Во принцип, пред да се стави пломбата се става заштитен слој, особено ако се работи за длабок дефект. Тој заштитен слој најчесто е гласјономерен цемент што ем го зацврстува забот, ем делува како изолатор. Во однос на ултразвучниот апарат за чистење забен камен, да, може да се случи да се оштети забот, ама тоа е навистина ретко. Тие линии се нормални линии на забната глеѓ, ја означуваат поставеноста на кристалната решетка на забниот емајл како површински слој. Пукнатини или скршеници се поинакви.
Значи за линииве да не се секирам? Заборавив да напоменам на едниот заб дека р хоризонтална а на другите вертикална. Нема везе тоа? А за осетливоста чаре нема? Нормално е така и така ке остане? Ти благодарам многу
Со тек на време ќе навикнеш, па и ќе исчезне. Ќе има периоди кога пак ќе се појавува, ама не е ништо страшно освен ако се засилува болката и трае постојано, без прекин. Тоа би укажувало на промени во пулпата. За линиите, вообичаено е да се вертикални. Хоризонталните не се чести, може да е тоа пукнатина, ама не верувам дека е од машината за чистење камен.
Морав да сликнам за да ти покажам и да видам вака на што ти личи! На вториот заб се гледа една линија...
Ова личи на пукнато, да, ама пак не сум сигурна. Не би требало да биде од машината, пошто на тој дел не се поминува со неа.