Од време на време кога јадам нешто ладно, жешко и благо знаат да ме заболат некои заби. Од што може да ми се осетливи така периодично?
ај некој стоматолог на форумов ако има... имав расипан заб, денес бев на заболекар, го бушеа со таа одвратна машина, се стопив на столот, позеленев од мака... Ми го избушија забот и ми ставија лек. Ми рекоа по 2 недели да отидам да стават пломба. Е сега мене ме мачи, дали по 2 недели кога ќе отидам пак за да го вадат лекот и да стават пломба, со таа грозна машина ќе ми го буши забот уште еднаш? Помагајте луѓе неможам да ја поднесам, ќе умрам на столот... Ќе ме бушат пак или само ќе го тргнат лекот на друг начин?
^ Јас не сум стоматолог ама сум паталец! Не се секирај Оффи нема повеќе бушење Лекот едноставно ќе го исчепка и ако е се во ред ќе го затвори забот и готова си!
Умрев, одамна немав толку мака осетено. Имам уште еден за правење, ама не го правам, нема шанси пак да ја трпам таа проклета машина Ќе си го носам расипан, баш ми е гајле. Него, сега ме боли забов каде што стои лекот... Тоа нормално ли е? Цела глава ме заболува, дека е на горната страна П.с. Заболекари - Ве мразам
Јас од сите лекари овие најмалку ги мразам Ќе чуствуваш све и свашта сега околу забот, напи се аналгин или што ти помага за болка! И да одиш и за другиот не зезај, уште поише ќе те боли ако се дорасипе, загнои или пак да треба да го вадиш!
Сигурно ли е нормално да ме боли забов? Цела страна ме боли, ми се плаче дури од болка И 2 недели треба да чекам, како јас ќе живеам 2 недели вака ?
Ајде и јас да те утешам, кога ќе ти го вади лекот, може да употреби машина со која ќе буши , ама не се плаши нема да те боли, бидејќи само лекот ќе го вади и нема што повеќе да ти чепка кај забот бидејќи ти е предходно исчистен и сега само пломба да ти стави треба Тоа што те боли забот и главата ти е од самиот лек, предизвикува такви симптоми, може да те боли 2-3 дена при јадење на таа страна, ама ништо страшно, напиј се кафетин ќе ти помине (ова од искуство ти кажувам ) Едит - Ако те боли повеќе од 5-6 дена максимум, посети го забарот, зашто не дај боже може да не ти го исчистил убаво и така затворен заб убива Ама не верувам дека ти е неписмен забарот, па да не ти го исчистил убаво како што треба А тоа да те боли првите 2-3 дена е нормално, посебно првиот ден, не се секирај
Офи зависки колку ти бил расипан забот. Лани мене еден заб цело лето ми го правеа и се лекови ми ставаа се додека стварно не престана дупчењето да боли. А инаку ми ставија и еден лек кој после тоа ептен ме болеше пиев и апчиња и никако не помиуваше му се јавив на мојот забар и ми кажа да го извадам лекот со чепкалка и утре да идам да ми го смени. Го извадив ама неможев целосно и леле луѓе мили цела ноќ око не склопив и едвај чекав да се раздени да идам на забар. И сега имам еден расипам ана ептен ми е страв да одам кога ќе ми текне на звукот на дупчалотот цела се ежам
^ offspring па ако ептен те боли,кажи му да ти стави анестезија.Ќе издржиш минутка-башка и не боли толку,ама после ништо нема да осеќаш.Од лекот би требало да ти биде подобро,а сега пиј кафетин или вентор-најдобри се,ама ако продолжи болката јави се на стоматологот!
Сигурно? Леле неможам, не одам. Ќе си седам со лек... Не одам да ме бушат со тоа. Или ќе и кажам, како знае нека го тргне проклетиот лек само да не ја употреби таа машина. Неможам звукот да и го поднесам, неможам да смислам дека тоа чудо ми го рони забот, притисокот ми се качува, ќе полудам. Не не, што сака нека прави само таа машина да не ја употреби
Офи, да не те разочарам сега, ама и следен пат ќе те бушат и не е само за лекот, туку да се исчисти забот, а по потреба и каналите ќе ти ги чистат со едни иглички.И не се плаши, зашто лекот ти го умртвува забот и што и да ти прават нема да осетиш ама баш никаква болка И не смееш да седиш долго со лекот, тој и ќе падне и забот ќе ти остане гол и само ќе си направиш плус проблеми.
Да офспринг,сега прочитав дека ти е за умртвување на нервот,и нормално е да боли..јас мислев обичен лек.Знам дека боли,пошто и мене лани ми ставаа и така ме болеше ден ,два.Напиј се вентор ти велам.За 2 недели ќе се умртви нервот и кога ќе ти работат-ќе те бушат нормално,ама нема да осеќаш болка оти нели нервот ќе е умртвен,така да издржи денес и утре машки...
Штом ти ставиле лек за умртвувавње нормално е да боли. Башка дека е работен забот. Ама и болката си има граница. Мене така ми ставија лек, ама неиздржливо ме болеше, и отидов уште ноќта на забар. Ми го извадија лекот, забот имал некаква инфекција, не требало да стои затворен, па пиев апчиња да ми се смири, па потоа го доработија. И ако ти го уртвуваат забот има и тоа многу работа. Треба да се прошират каналите, а тоа не е баш пријатно. Побарај да ти стават анестезија, нема да чувствуваш ништо потоа, па колку сакаат нека те бушат
Офи, доколку чувствуваш болка, напиј се нешто против болка или јави се кај стоматологот, а и кога ги поправаш, ако чувствуваш болка, нека ти ги поправат со анестезија.Подобро среди ги тие што ти се за поправање, после ќе немаш проблем, ќе ти биде полесно Мене кога ќе ми текне колку се плашев порано од забар жив циркус сум била, сум бегала ама се од пусти страв, а сега гајле немам,ако има нешто за поправање одам правец на стоматолог и ич не му ја мислам, зошто подобро да го решам проблемот веднаш, отколку да се мачам, стравот не постои, откако човек ќе се соочи со него Затоа ти викам така
мене пред неколку денови конеЧно ми го пломбираа. 2 месеци ме акаа, ке ставеа лек и нов термин по 2 недели, после 2 недели пак исто... а на нервна база па не само забот па и непцето околу кога ке ми поцрвенесе, отеЧесе..посебно навеЧер нека мине побрзо... и безболно
Фала девојки, веќе се напив аналгин малку ми потпомина, кај и да е ќе си легнам, утре ако продолжи ваква болка ќе одам и ќе и речам што знае да прави само да прекине да ме боли, и да не ја употреби машината. Што сака друго, ако сака и нека го вади, само таа машина - НЕ. А инаку забов ми беше здрав, ама на Велигден го крцнав со пуканка, од тие недопуканите, и ми се направи дупче во средина, и тоа делот што се скрши си остана во дупчето. Потоа го исчепкав делот и си остана празна дупка во забот, неможев да џвакам на таа страна, ни да пијам ладна вода одма реагираше и му ставав кафетин во дупчето за да престане. Вчера многу почна да ме боли и ми закажала мајка ми на заболекар па отидов, и ете сега, цел ден сум потресена од машината, цел ден ја мислам. Уште ова леков ми смрди во устава, ми се повраќа За другиот расипан треба да смогнам сили, психички да се припремам и да отидам, ама ќе и речам, без инекција да не ме чепнала, не планирам пак да бројам ѕвезди. Фала многу уште еднаш на советите.
Оффи, штом ти ставила лек за умртвување на нервот, не би требало толку да те боли, напротив и да има болка, таа е присутна само на почетокот, за брзо време се губи. Немој да трпиш, оди, бидејќи средството за умртвување е доста јако, и обично се препорачува ако има силни болки да не се чека да поминат, туку веднаш да се оди на стоматолог за да се види дали е добро ставено. А освен тоа, може да се работи за некој процес на забот, па да мора забот да стои отворен - макар што не верувам дека кај тебе се работи за такво нешто. А за бушењето и за машините - јасно ми е дека сите од машините имаат страв, и мене тој звук ми беше језив на почетокот, ама после се навикнав. Кога нашиот стандард ќе се покачи (ако некогаш се случи тоа) веројатно ќе можеме и ласер да си дозволиме
annath пред година дена на левата страна осетив голема болка во 7мицата горе и неиздржливо многу ме болеше ..отидов кај мојата забарка и ми го правеше месец дена ...и на крај дигна раце од мене и се префрлив кај друга ...кога ме виде другата забарка полуде незнаеше што да му прави на забот(коренот ми гноел ) и го чистеше може 2 месеца идев нонстоп секоја недела скоро и на крај ми го пломбираше и све ...сега после година дена ...уште не јадам на левата страна ..........се нервирам мноогу што неможам да јадам таму а сакам да пробам ама уште се сеќавам на таа болка никогаш во животот не ме болело нешто толку многу .... ми е страв да пробам да гризнам на таа страна иако забарката ми кажа дека слободно треба да јадам таму....... сакам твое мислење ...дали е можно било како да се јави таква болка повторно ......забот ми е затворен и пломбиран пред година дена ... хеллпп
Пак јас Вака сега. Вчера имав некоја тапа болка од проклетиот заб, и непцата ми отекоа околу. Денес ептен малку ме заболува и тоа одвреме-навреме. Сега прашањето е, да не престанал лекот што ми го ставија да дејствува?