Пред два дена ми умртвуваа нерв на двојка напред, пломбиран е и не чувствувам болка, ама при ладни пијалоци кога ќе ја допрам горната вилица со долната чувствувам чудно, не е болка ама некако чувствителен ми е забот. Има место за паника или нормално е?
Малку глупаво прашање ама кога ги чистам забите со забен конец, редовно ми се заглавува на истото место т.е. меѓу долната 3 и 4. Гуглав сега и гледам дека тоа се случува оти можно е меѓу забите да има камен или наслаги но баш пред скоро бев на заболекар во мојот град и се' беше ок. Правам нешто погрешно? Да барам друго мислење? Патем, немам расипани заби но имам тенденција за кафени наслаги (како пигментација) од задната страна и забниот конец ми е единствен начин да ги држам под контрола, така да, важно ми е да ги чистам правилно.
Ако имаш пломба на 4 може да заглавува, на работ на истата. Не дека не е можно да имаш камен, тоа се чисти само со ултразвук. А меките наслаги не се пречка за конецот.
Немам, имам само 2-3 пломби назад и една на кецот горе, затоа ми е чудно. Не знам овде дали имаат ултразвук, дали влијае тоа на осетливоста на забите? Затоа што од тоа woodpecker-от имам трауми, со недели имам проблем после. И покрај Парадонтакс и Курапрокс четка и течност за плакнење и конец.
Па тоа е ултразвукот, некој Woodpecker користи, други нешто друго, фирми има различни. Штом немаш пломба, камен е. А може и кариес да е, скриен.
Имам заб кој беше привремено полнет, значи каналите не се наполнети, мртов заб е. Цела бременост го носев така, така ми кажа и заболекарот, дојди откако ќе се породиш. Е сега, пред 1 час ми падна тоа, закажав за сабајле да одам. Дали е опасно што ќе биде отворен до сабајле? @Annath те молам за мислење
@Annath те молам за мислење,денес ја извадив горната осмица десно,лесно вадење без проблем,докторот после вадење провере со затворање на нос и диши диши за отворен синус кажа свее ок,го извадив денес околу 12ч,болка немам некоја голема се немам напијано аналгетик ама осејкам некоја тежина во носот незнам како да објаснам дали е нормално или нешто што би требало да ме загрижува. (Смеам цигарче) Извини што ти досадувам ама стварно ценађ твое мислење.
Цигара не. Барем до утре. Иначе не знам зошто би осеќала тежина, не би требало така. Ако не се смени до утре, оди нека те ѕирнат.
Solcoseryl dental gel или NBF gingival gel. Без овие афтата ќе трае 7-10 дена. Со овие се скратува времето бидејќи помагаат за брза епителизација на местото.
И јас имам прекрасни заби ги миам редновно, но имам проблеѓ со лош здив и мислам дека нема начин како да го спречиме тоа. Па затоа постојано џвакам мастики..
Моите заби се прави, освен еден заб на горната вилица (двојката), издаден е напред и многу стрчи. Имам 17 години и не сакам да носам фиксна протеза воопшто не ми се допаѓа. Мобилна носев но немаше резултат. Па дознав за Bonding-от и сакав тоа да го направам, но мојот стоматолог не ми препорачува бидејќи половина од мојот здрав заб ќе биде иструган за да се стави бондингот,и дека тоа бргу паѓа. Дали некој има искуство да сподели?
Имам извадено заб горе и долу на иста страна. Пред некое време долниот заб ме болеше, тоа вратот од забот ми бил надвор. Пред некој ден забележав дека и горниот заб почнува истото да го снаоѓа. Секаде непцата ми се нормални, само кај овие два како да снемува мепце (којзнае како објаснав). Има ли чаре некое? Почнува да ме нервира, на ладна храна и ладна вода ме болат. Ваљда нема вилици да носам за брзо @Annath те молам за мислење Не знам кој крај да го фатам, како да го средам ова? Всушност, до двата заба имам изваден заб. Дали со мост ќе се спречи и дали би помогнало?
Има врска тоа што си извадила заби. Коската се израмнува и се ресорбира делот што ги држел забите, автоматски се намалува коскениот дел кај вратот на соседните заби. Затоа и се соголува тој дел и забот станува осетлив. Со мост можеби може да се среди ситуацијата, но нема гаранција дека ќе се спречи соголувањето. Генерално нема повлекување на непцата, успорено е после ставањето на мост, но со еден преглед и снимка ќе може да се каже што и како е најдобро да се направи.
Благодарам многу А постои ли некој друг начин освен со мост? Многу се плашам да не се прошири и на другите заби
Не мора да значи дека ќе се прошири на другите заби, ама не е исклучено. Што побрзо оди на стоматолог, да видиш што ќе ти понуди како решение за овој проблем. Може и ласерски да се коригира, ама после мора да се стави нешто, дали имплант, дали мост, сеедно.