Од вчера ме пукна заб. Интересно е што болката шета горе/долу и не знам кој заб ме боли. Бев на забар сега. Тој доле ми го пломбираше, кажа дека не е многу расипан. Тој горе е доста расипан, ми стави лек, за 2 недели ќе идам пак. А мене еве уште ме боли така. Ми кажа дека од лекот ќе ме боли 2-3 дена, да пијам аналгетик. Дали е можно волку да рефлектира болка? Си правам филм дека нешто внатрешно се случува.Иако горе забот е мн расипан, дури со анестњзија ме болешњ стругањето
Пред неколку денови 6ката долу премногу ме болеше и отидов на стоматолог, ми стави лек и ме прати на рентген да го сликам забот. Испадна дека имам гнојни кеси и докторката смета дека е најдобро да се извади (претходно забот многу пати е поправан). Ке се косултирам и со друг стоматолог, сепак и овде добро би било да добијам стручно мислење.
Без снимка и преглед не може да се даде реално мислење. Ама зависи и од стручноста на докторот. Имам видено еден куп заби со огромни инфекции за кои јас би рекла да се вадат, ама мојот колега специјалист во таа област ги средил и со години со тераат без проблем. Не значи дека твојот заб сигурно може да се спаси, може навистина треба да се извади, ама прашај си и за второ и трето мислење, само лично кај стоматолог со преглед.
Treba da stavam fiksna proteza poradi prednite zabi gore no imam plomba na kecot i dvojkata dali plombata bi precelo za ispravuvanje na zabite
При џвакање ме боли заб, бев на преглед и стоматологот ми кажа дека немам расипан заб, дека ми се воспалени жлебините и ми препорача некоја течност за измивање. Еве помина недела дена, уште ме боли кога џвакам тврда храна. Шо може да е?
@Annath да смее да се мијат коронки со електрична четка? Може прашањево е глупаво, ама ме плаши од постојаните вибрации да не дојде до расклатување или одлепување на коронката.
Не би требало да се случува тоа. Немам искуство со електрични четки, ама не би требало тие вибрации да се толку силни за да има одлепување. Иако не велам дека е невозможно. Многу зависи и од тоа со што е залепена коронката.
Миејќи се заби се замислив некако... Цирконија коронки се и навистина квалитетно направени, ама шубе ме фати. Ќе си прашам и кај стоматологот на нареден преглед, за секој случај Фала ти
@Annath пред некое време, другарка ми препорача да сум ги плакнела забите со 3% хидроген (сабајле и навечер) пошо таа го правела тоа и стварно има бели заби. Е мене некако шубе ми е да го правам тоа,пред да се консултирам со некој стручен. Прашањето ми е дали има негативни ефекти и колку долго треба да се прави тоа? Доколку може да се користи дали треба да се прават паузи? Мене порано неколку пати ова ми се дешаваше,вакви симптоми. Ќе отидев на стоматолог ми викаше забот ти е чист ништо немаш, ни кариес ни ништо. Неколку пати отидов за истиот заб пошо стварно почна да боли. И стоматологот вика епа ајде ќе го отворам забот да видам што е. Чим го отвори малку,испадна дека внатре забот скроз црн расипан. Уште два-три пати се деси истата ситуација. Но,не мора да значи дека ова е случај кај тебе.
Не е препорачливо секојдневно користење на 3% хидроген. Повремено може, за дезинфекција на устата, ама секојдневната употреба може да ги оштети забите. Ние обично го користиме како средство за испирање на џебови, веќе ретко и за каналите на забите. Порано многу повеќе се користеше во секојдневната пракса, ама се исфрла од употреба, оти има многу поефикасни средства.
Имам силна забоболка од синоќа,воспалена жлабина, оток, сабајле во 8 пиев вентор не болката не се смирува, после колку време смеам да пијам ефридол
Колку коштаат тие најобичните навлаки/коронки кои ги ставаат на скршен заб за естетска поправка? И дали има разлика државно/приватно пошто некои ми кажаа 150 евра од заб било што е премногу
Државно коронки нема, само протези. Цената на коронката зависи прво од материјалот, а после од самиот стоматолог и техничар. Бидејќи е приватно, секој си става цена колку што смета дека треба. Има коронки и за 40-50 евра, а има и за 200 евра. Зависи што сакаш и за што има услови да се изработи.
Аууу епа мене кецот ми е скршен како мал и ми ставиле некоја си пломба али како е направен , подолг од природниот гадно изгледа и сега ми текна сакам коронка да ставам али не сум баш многу за расфрлање со пари па затоа прашав... Да не знаеш некоја ординација во Скопје што ги прави обичните тие метални какви и да се со евтини цени?
Бидејки се работи за преден заб, не би ти препорачала цената да ти е одлучувачки фактор. Подобро еднаш да платиш повеќе, и да бидеш задоволен со години. Зависи колкав дел од забот фали можеби би можело да се корегира добро и со пломба. Коронка е секако потрајно и подобро решение, ама ако има услови и со пломба може да изгледа убаво. Консултирај се со стоматолог. Ако веќе мора коронка, не барај каде е најефтина. Не само за естетика дека ќе се гледа напред, ако не се направи добро триста други проблеми ќе имаш.
Јас имам на кецот и двојките. Ги ставав пред 5-6 години и платив 2400 за една. Ептен сум задоволна не сум имала никаков проблем до сега.