1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Препорака стоматолог за пломба на двојка ? Локација Скопје и околни градови, цена не ми е многу битна (Пишав и во друга тема, но нема активна дискусија)
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Ординација Д-р Ковачевска , од таму барај ги Д-р Саше или Д-р Силве
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  3. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Луѓе другарка има проблем со гнојно ќесе не знам дали и е од немиено овошје или од нешто слично, местото и е малку отечено,а денес почнало да ја боли. Јас не сум имала и некој што има ако може да сподели дали се вади забот и за колку време заздравува?
     
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Гнојна ќеса нема врска со немиена храна. Се јавува од инфекција на заб. Да направи снимка и преглед и ќе и кажат дали може да се лекува или мора да се вади.
     
    На Annath и idktbh им се допаѓа ова.
  5. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Imam kako crveni damki na jazikot na interntet pisuva ran simptom na rak na jazikot imal li nekoj vakov problem?
     
  6. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    На интернет 90 посто од симптомите се рак. Не се вознемирувај, најверојатно не е ништо.
    За промени во уста правилото е ако не проаѓа само од себе за неколку недели да одиш на лекар. Можеш на стоматолог, па ако сметаат дека е потребно ќе те препратат на специјалист за болести на уста.
     
  7. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    И дадоа нешто за да и спадне отокот па после ќе го лекуваат. За колку дена отприлика би требало да спадне отокот?
     
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Минимум два дена за да почне да делува антибиотикот, после тоа зависи колкав е отокот, до една недела може да треба сосема да се повлече. Да испие цела доза антибиотик и одма после тоа да почне со лечење на забот. Да не биде еве ми помина, сега не мора да го правам.
     
    На idktbh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Ќе и пренесам:D
    Фала ти многу
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  11. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Здраво, би сакала да прашам дали е можно од растење на умници (горе и доле од десна страна) да ме боли увото? Но не е постојана болката, туку само кога ќе се напијам нешто ладно или пак топло и потоа одма престанува.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Можно е, ама оваа болка ти е од некој заб. Оди провери да не имаш кариес на некој од катниците. Болката од растење умници не е на ладно или топло, туку е постојана.
     
    На I.want.to.sleep му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Дали гелот GENGIGEL е добар за воспалени непциња? Ставам од вчера нема резултат. Колку време смее да се користе?
     
  14. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Повеќе чај од жалфија ќе ти помогне од колку гелов што не вреди за ништо.
     
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Значи непотребно дадени 670ден. |(
     
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Кога непцата се воспалени прво треба да се отстрани причината зошто се во таква состојба. Професионално чистење, подобра хигиена, нова четка за заби, корекција на пломба или расипан заб, што и да е. Џабе гелови ако има некоја механичка иритација (а најчесто има).
     
  17. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Често пати правам чистење, хигиената мислам дека ми е добра, заби расипани нема. Многу фаќале забите забен камен тоа ми го напомнаа, редовно го чистам и пак се отечени и црвени незнам што е причината не ми кажале.
     
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Или не четкаш правилно, па постојано има храна која го иритира непцето, или имаш слаб имунитет и во устата ти се изразува најмногу. За хронично воспалени непца, освен при пародонтопатија, во пракса 99% е хигиена во прашање. Имаше некоја паста, мислам колгејт, што се продава со плак детектор. Или можеш со метиленско сино да провериш. Четкаш нормално заби, се мачкаш со тоа и се бои заостанатата храна што не си ја исчистила. Така ќе видиш каде пропушташ при четкањето. Мека густа четка, правилно четкање, забен конец обавезно, може и листерин за дезинфекција.
    Ако не е хигиена во прашање, мора да има друг проблем. Во здрава и чиста уста не може постојано да се воспалени непцата.
     
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Колку пати треба да се миат забите дневно? Кога бев последно да ги чистам ми кажаа дека треба да се примаат антибиотици за оваа состојба бидејќи многу крвареле. Со конец чистам, но ќе земам и листерин. Овој проблем го имам веќе 4-5години.
     
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Чим трае толку долго, веќе сигурно се работи и за пародонтопатија. Се третира и со антибиотици за да се стопира, ама не се лекува и не се враќа тоа што е веќе оштетено. Најдобро да одиш на специјалист пародонтолог.
    Четкање треба минимум 2 пати дневно, идеално е после секој оброк.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.