Јас одам на 6 мес на забар за чистење камен на Клиника. Ама повеќето чекаат, како маж ми на пр, да ги здоболи па да одат. Инаку во Државна се ок забарите.
Ахаха да да, супер е некој да ти каже е ајде де, згради се рушат ти па за два заба што ти се скршиле , за вицови се топ
Не знам што да ти кажам, ама таква ти била среќата. Не е можно дека тројца на 1000 се добри, бар кај нас имаш голем избор на забари. Не се секогаш докторите криви, иако не велам дека нема такви што не сакаат да работат. Има и мрзи, има што одат на факултет само поради титулата и не знаат ни инструменти да држат, ама ете, имаат ординации. Ако не ти се добри докторите во државна, тогаш оди кај приватен забар. Можеби тој/таа ќе ги задоволат твоите критериуми.
@Annath ili koj drug znae, vo petokot staviv koronki/navlaki za prv pat, redovno gi mijam zabite i gi cistam so konec, no pomegu koronkite nemam mesto da pominam so konec?! Taka treba ili?
Не е мост, значи треба да разговарам пак со забарот, бидејќи немам ич место измеѓу, фала на одговорот
@Annath Изгледа ми раснат две осмици во исто време, десните. Е сега малку сум отечена и имам болки, дали да земам нешто да пијам? Страв ми е да не отечам уште повеке, а забарката ми е на одмор.
Kapsuli serapeptaze 1×1 na utro 1 cas pred jadenje (7 dena) za otok. Za bolka mozes ventor zemi ili bilo koi analgetik.
За болка она што вообичаено ти помага, а за отокот химорал форте, 3х2 на гладно. Нека те види хирург, можеби и антибиотик ќе треба. Ако се за вадење (тоа ќе процени хирургот), тоа од септември ќе договорите.
Вака јас сум моментално на одмор и од вчера на крајот на долната вилица кај умникот кој што ми е веќе испаднат местото ми отече ли не знам што како вишок месо незгодно чувство е многу нема болки само го чувствувам дека е таму цело време. Иначе вчера пред легнување самп малку почна да боли и се напив ефридол. Што би можело да биде ?? Стварно страв ми ако ме боли што ќе правам каде ќе одам...
Девојки дали некој има искуство со овие? Никогаш не сум сакала да носам протези но ова ме заинтересира. Која е цената и кој стоматолог е најдобар за ова?
Invisalign како бренд во Македонија го нема. Постојат некои други, ама овој оригиналниот што ја смислил техникава го нема. Алајнери иначе општо се викаат овие пластики ако сакаш да побараш кај ги има, ама ги нема многу зошто само лесни случаеви се решаваат со нив. Функционални се, си ја вршат работата, ама нема техники и стоматолози со многу искуство со нив. Ако минимално ти се криви забите, можеби ќе завршиш работа, ама ако е покомплицирана ситуацијата, најдобро е класична фиксна протеза.
Ти благодарам многу! Навистина не ми се носат протези, мене забите ми се искривени ама предните најмногу ме нервираат, малце поголеми се и сакам да ги скратам, ако некој има искуство со ова нека ми каже
Ако се само долги и сакаш да ги скратиш милиметар-два, тоа и на обичен стоматолог се прави, јас тоа на факултет на вежби кога одевме го направив пред 10 години и никаков проблем не сум имала. Секако не може многу, ама ќе се чудиш 1мм колку менува. Сепак збори со стоматолог, најдобро ќе ти каже кои опции ги имаш и што може да се направи.
Здраво јас пред четри-пет месеца ги павев предните заби единиците горе ми беа расипани сега после неколку месеци десниот заб малце ми се искриви дали некој имал вакво искуство со кривење на забот ?
Колку години имаш? Додека сеуште расте телото, до 18 години, некогаш и 20, можно е да се придвижуваат забите. Или ако си носела протези, па да се враќаат забите во старата положба. Или можеби е само субјективно чувство, од кога се ставени пломбите поинаку го чувствуваш забот. И евентуално ако ти никнуваат умници, и тоа може да ги поместува предните заби.
Знам дека не е паметно ,ама си имав проблем со раздвоени заби (предните) , носев протези и пак се вратија Имам пишувано на темава за тоа. Си нарачав ластичиња од една онлајн страна , забите кои беа околу 2мм разделени , се споија конечно. Е сега друг проблем , кога ја носам мобилната се раздвојуваат по малце , а потоа во текот на денот се спојуваат
Здраво. Имам проблем горна десна 8ца. Отворена ми е, искрено на моменти имам непријатен здив. Кога ќе му направам вакум ( шмукнам ) на забот имам малце крв. Е сега дали е од непцето ( кое што го поклопува остатокот од скршениот заб ) или од самиот заб ми тече крв.. И друго, кога ќе се удрам по челото, имам притисок во забот... Може е поврзано нешто со синусот..?
Имам 21 година,не сум носела протези, а пломбите ми се ставени од пред околу пет месеци и ми растат умници на левата страна ама само на едната ме боли непцето изгледа од тоа е