Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Луѓе, исправни ми се сите заби ама денес мноогу ме боли доле меѓу 3ката и 4ката, мислам дека имам воспалено месо измеѓу забите.
    И увото од внатре ме боли исто цел ден.
    Дали може да е од забоболката?И што да правам со болката?Се напив 2 Аналгина пошто премногу ме болат.До вчера немав ништо.
    @Annath @Spidy
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Мораш на стоматолог. Еден куп причини може да има за болката, и може и расипано да е, а да не се гледа.
     
    На Feminka22 и poppie им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Не би требало, пред месец ипол-2 бев на забар и сите поправени ми ги направија и ги проверија другите.Ми се смири болката од Аналгините, вака на огледало гледам воспалено месо меѓу забите.Како и да е кога ќе се вратам во Скопје ќе отидам на забар, фала ти.
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Од воспалено месо само на едно место не би требало да боли уво. Затоа мислам дека може да има уште нешто, а може и тоа воопшто да не е поврзано. Ако е само месото, убаво исчисти, нека се раскрвари и ќе ти помине. Сепак најдобро е да те види стоматолог за секој случај.
     
  5. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Дали вреди да се поправа 8мица со оглед на тоа дека сите вадат 8мици? Јас немам 7мица и на тоа место ми израсна 8мица, забарката ми рече дека е малце расипана и може да се поправи, дали е точно дека многу често се расипува 8 или?
     
  6. Lacrimossaa

    Lacrimossaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Сакав да прашам веќе скоро една недела имам некое чудно чувство како притисок и тапа болка во пределот на левото уво и коската на брадата од истата страна. Исто така имам и благо отечена жлезда а бев на заболекар и ми кажа дека е од 7цата и дека треба да се вади без предходно да направам снимка. Прашањето ми е дали навистина ваквата болка може да биде само од забот и дали постои некаква шанса да се спаси со оглед на воспалението?

    Ве молам, би ви била бескрајно благодарна доколку некој кој е постручен одговори ;(:*
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2019
  7. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Што да ставам за забите да ми бидат бели и да не се оцртува непцето , фасети? Ламинати? Која е разликата ? Има ли некој асален стоматолог кои ги изработува убаво да изгледаат истите ?
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Можно е да не се поврзани, ама ако забот ти е толку уништен за да доктор каже дека е за вадење само со обичен преглед, забот секако ќе го извадиш. Кога има така очигледен проблем, секогаш прво тоа се решава па потоа се бара друга причина ако сеуште имаш болка и оток, зошто шансите дека седмицата е причина за тоа се големи.
    А дали стварно е забот за вадење, секако ќе си направиш снимка и можеш да се консултираш и со дриг доктор за секој случај. Јас ако можам да кажам дека заб е за вадење само со преглед, тогаш толку е расипан што никаква шанса нема за спас, инаку прво барам снимка, ако има и најмала шанса да се лекува, секогаш прво тоа пробувам.

    Ако сакаш само бели заби, оди на белеење. Многу понеинвазивно е отколку фасети.
     
  9. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    @Spidy сакам и поради естетски причини фасети, имам некои потемнети заби кои со белеење не верувам дека ќе се средат , затоа сакам фасети и убаво изгледаат , само не знам кој кај нас знае да ги направи убаво да личат и која цена се, знам дека се скапи порцеланските ама желба ми е да ставам такви, мене ми правеа со veneers ама повторно забот ми е некако друга боја, дали не пречи тоа ако ставам фасети дека нели и за тоа малце се струга забот? Фала.
     
    Последна измена: 21 август 2019
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Фасети, veneers, lumineers, се тоа се една голема група на изработки што повеќето стоматолози го претставуваат како исто, а и пациенти така го доживуваат, ама има огромни разлики. По ова што го кажуваш, не ти ставиле veneers, бидејќи и за нив се струга забот. Lumineers се единствени протетски изработки за кои воопшто не се струзаат забите. Ако веќе не те стругале, не е тоа тоа. Исто така има и различни материјали. Порцелански фасети за кои се струга малку од предната страна на забите (veneers) и се цементираат за забот мислам дека се околу 200-300 евра по заб (не ме држи за збор, оваа цена ја знам од муабет со колеги, може да сум грешка, ама дефинитивно не се ефтини). Композитни фасети за кои не се струга од забот и се прават од истиот материјал како што се пломбите се нешто што често го гледам, и претпоставувам дека тоа е тоа што моментално го имаш, и затоа немаш добра боја на забот. Тие се функционални во многу случаеви, ама можеби за тебе не било најдобриот избор.
    На потемнети заби тешко дека ќе добиеш убав резултат само со фасети од било каков вид. Не дека е невозможно, ама е тешко. За таков заб најдобро е коронка, и за предни заби најдобро е целосно порцелански коронки, а не металкерамички (што исто така е околу 150е по заб, повторно не е ефтино).

    Што е најдобро за тебе лично, на форум не можам да ти кажам, еден куп фактори има, а и јас лично не работам протетика за да можам да ти дадам соодветен одговор. Ова што го кажувам е чисто теоретски. Направи снимка на забите и оди на повеќе места, побарај повеќе мислења, со преглед да ти дадат предлог што е најдобро да се направи за да го добиеш резултатот што го сакаш.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lacrimossaa

    Lacrimossaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот:*.Денес оток немам баш но болката е присутна. Направив и снимка, но во секој случај треба да слушнам и друго мислење. Несакам да го вадам зошто веќе имам 6ка извадено али ако толку мора..
     
  12. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на објаснувањето , јас веќе имам снимка на сите заби и вака не ми е лошо во споредба со предходно како ми беше , се гледа разлика ,ама пак сакам убави заби, ќе се распрашам што е најдобро, за наш стандард е прескапо тоа да, ама долго време се мачам со ова и инат ме фати да ги средам, пари како пари, ѓавол нека ги носи, ќе се заработат:devil: Фала ти уште еднаш:D
     
    На piksooki и Spidy им се допаѓа ова.
  13. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    15.773
    Пол:
    Женски
    Dali koga se izlezeni umnici celosno se stesnuvat vilici i deformirat zabite?
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Кога излегуваат умниците, ако нема место за нив, присокот се пренесува на сите заби и со тоа ги поместуваат. Значи не ги стеснуваат вилиците, туку тие веќе се премали за да ги собере сите заби, и не ги деформираат забите туку само ги поместуваат/искривуваат.
    И не мора да значи дека мора тоа да се случи. Има многу луѓе што имаат никнати умници без никаков проблем, ако имале доволно место во вилиците за тие заби.
     
  15. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Извадив умник сабајлево. Немам вака некои болки, едвај тапо малку, ама докторот ми рече да ја отварам вилицата за да не ми се укочи, да ја мрдам. Е сега јас не можам до крај да ја отворам бидејќи стварно ме заболува и се осеќам како да ќе ги скинам конците. Морам ли широко да ја отворам или доволно е да ја раздвижувам малку од време на време?
    Знам дека е глупо прашањево ама сакам што побрзо да се опоравам без да ми се искомплицира нешто.
     
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Треба колку што можеш повеќе да ја отвораш. Напорно е ама пробувај колку што можеш, и почесто.
     
    На Leviosa2503 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    259.880
    Умник, осмица за вадење, бидејќи нема простор кај да излегува. Имам страшни болки, пијам алмацин и сераптетазеза откот и воспаление. Трети ден со страшни болки. Денес ми ставија дрен и мислам дека повеќе ме боли. Да го извадам може ли?
     
  18. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Паа вака ме мачат некои прашања во врска со забите..
    Од едната страна што има малку простор меѓу нив и дали може нешто таму да се корегира, протеза ли не знам што..Да изгледаат споени така еден до друг.
    Иии дали на малолетник можат да му стават импланти? Фала однапред :)
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    За просторите прашај ортодонт, може со протеза, иначе може и со коронки (или ако се мали просторите со естетски пломби) да се затворат, ама со тоа ззбите ќе бидат пошироки, може да не изгледа убаво. Импланти се ставаат најрано на 18 години, ама подобро е и некоја година покасно зошто телото уште расте во тој период и поголема е шансата да има компликации.
     
    На BrokenWings16 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Ти Благодарам многу