За спојување на забите разгледај го ФБ профилот на Др Марие на партизанска се наоѓа, на другарка многу убаво и ги среди.
Дечки веќе неколку дена имам болка на непцето при допир баш позади горните кецови.Не е некоја голема болка,нешто слично како кога ќе се изгорите. Имам проблем до каменец,последен пат чистев пред 4 месеци.Оток не приметувам меѓутоа крварење има. Секако ќе одам на забар,меѓутоа дали знаете што би можело да ми помогне со болката до тогаш бидејќи баш е непријатно особено кога јадам и ќе гризнам?
Воспалена ти е папилата, иритирана е од нешто. Дали си гризела лошо, па си се повредила, или со долните заби си се закачила ненамерно. Ќе помине.
Извадив умник доле десно пред околу 2 недели. Конците ги извадив, отокот и болката поминаа, ама приметувам дека на местото на отокот, од надвор на образот на допир се осеќа тврда испакнатина во вилицата, како топче. Има ли простор за паника, да одам ли на контрола или ќе се повлече?
Не ја гледај цената, види некој што стварно знае да исчисти а не само да те помине ради реда и онака два пати годишно се чистат забите на тој начин , па уште да не биде асално....на приватно е 1.200
Баш оти сакам да ги исчистам утре, имам закажано ама заборавив да прашам за цена. Човекот е експерт. фала
Dali 3 можно од забем џеб да боли цел месец? Заб расипан немам, бев снимав 7 и 8 да не е нешто со нив чисти се. Зедов нбф гингивал така некако беше гелот малце ме смирува и пак од ново, цела вилица од лева страна ме боли. Чистам со конец боли, седам боли, спијам боли и тек тук благо отекувам
Можно е. Мора да одиш професионално да ти го исчистат на стоматолог, некогаш џебот е многу длабок и со четка и конец дома не можеш сосема да го исчистиш. Ако не можеш да го исчистиш, нема да ти помине, затоа трае долго болката.
Здраво дечки, Би сакала да слушнам Ваше искуство со циста на катник? Мојот стоматолог ми кажа дека во Македонија е вообичаено да не се вади циста од катник, поточно дека нема стручни лица во Македонија кои тоа би можеле да го направат бидејќи процедурата е комплицирана кај заб со повеќе корени.
Вообичаено не се вади бидејќи е многу тешко. Дали има хирург кај нас што би се нафатил не можам да гарантирам, ама до сега не сум слушнала некој да го направи тоа.
Значи неколку години немам идено на забар од тоа што уплав фатив од претходниот Препорака за некој заболекар што работи прецизно и се разбира без болка?????(реон Скопје)
Мислев да го сместам овде прашањево бидејќи сепак се работи за заби и непце. Често одам на стоматолог, редовно ги мијам забите, три пати во ден, кога последен пат бев на контрола за забите, немав ниту еден расипан заб. Кога му кажав на стоматологот за тој проблем претходно, убаво ме провери, ми рече дека забот е комплетно здрав, па за секој случај ми направи и снимка. Значи не беше заради реда, се работи за врвен стоматолог и секогаш има задоволни пациенти од него. Е сега, денес чувствувам како да ми е отечена жлебината околу еден заб што дури качив и температура. Пиев и аналгин и ефридол, болката се смирува а потоа пак се појавува. Не знам веќе што да правам.