Мислев да го сместам овде прашањево бидејќи сепак се работи за заби и непце. Често одам на стоматолог, редовно ги мијам забите, три пати во ден, кога последен пат бев на контрола за забите, немав ниту еден расипан заб. Кога му кажав на стоматологот за тој проблем претходно, убаво ме провери, ми рече дека забот е комплетно здрав, па за секој случај ми направи и снимка. Значи не беше заради реда, се работи за врвен стоматолог и секогаш има задоволни пациенти од него. Е сега, денес чувствувам како да ми е отечена жлебината околу еден заб што дури качив и температура. Пиев и аналгин и ефридол, болката се смирува а потоа пак се појавува. Не знам веќе што да правам.
Пред еден месец поради болка во десната седмица доле отидов на заболекар. Откако направив ренген снимка заболекарот рече дека ќе ми ги лечи шестата и седмицата. Шеската предходно не ме болеше, но откако ми стави лек имав ужасни болки. За среќа болката во седмицата за која и отидов на заболекар исчезна. Со болки во шестата се мачев до пред една недела. Сега забот е наполнет со меко полнење. Откако докторот ја наполни шестата, почна со чистење на седмицата, да напоменам дека болките од седмицата престанаа со ставањето на лекот за умртвување на живцот.При работењето на заболекарот почувствував ужасна болка но заболекарот рече дека тоа е нормално бидејки според него кај некои заби нервите потешко се умртвуваат. Забот го наполни со антибиотик но болката и понатаму е неподнослива и за жал проширена во десниот дел на главата и увото. И понатаму одам на заболекар а докторот ми вика дека тоа е нормално но дека јас претерувам со тоа дека ме боли. Во принцип сум личност која трпи болка но оваа е неподнослива. Ќе ве замолам за совет што понатаму.
Decki go pravev kecot napred I sea problemot e sto plombata mi dvoi malce od zabot(mislam vo boja) Ima sansi da mi se izednaci toa nekako?
Ако е правена деновиве, почекај малку, некогаш знае да промени (има такви материјали што се адаптираат за некој ден ако не е голема ралзиката). Ако е поодамна правена, само да се смени, друг начин нема.
Da antibiotik e i treba da se ispie cela doza, inace amociklav,koalmacin i panklav e ist sostav samo razlicna fabrika
Ако не го испиеш цел, џабе го пиеш. Тоа важи за сите антибиотици и за сите инфекции. Венторот се пие по потреба, ако немаш болка не мора да го пиеш.
При чистење на забите со конец забележав дека 4ката ми е од страна напукната. Вертикално колку да влезе конецот. Не ме боли, не ми е осетлив на ладно, благо. Ке треба да се пломбира така? И дали задолжително се прави ренген, бидејќи правев панорама пред 2-3 месеци.
Валидна ти е таа панорама, ама тоа напукнатото може и отпосле да се случило. Ако ептен треба, локална снимка направи само на тој заб, нова панорамска снимка не ти треба.
Од што може да се расклати катник, горниот на десна страна? Не е расипан, ама очигледно има нешто. Редовно одам на стоматолог, ги чистам и со конец. Ќе одам и за ова, само сакав мислења. А мислам дека и умникот до него ми се клати малку. Можно ли е да е гингивитис? Одамна ми крварат непцата при четкање, не секогаш, ама крварат. Некогаш се и со доста црвена боја. А пред околу два месеца имав оток околу овие што се клатат сега, дури како плуска беше. Едвај јадев. После тоа ме болеше дури и вода кога пиев, како да ми шеташе болката на горната десна вилица, не беше на едно место. Веројатно ќе треба да ги вадам?
Немаш болка на тие заби? Клатењето е видливо, со прст ако допреш се клатат? Дали ги осеќаш како испливани, излезени од местото? Тоа што спомна дека си имала оток, можно е поради тоа да се клатат забите. Дали беше на стоматолог? Клатењето може да биде предизвикано од локализирана пародонтопатија (гингивитисот е значаен симптом) или од гноен процес кој обично е придружен со јака болка ( не мора да има болка ако има оток во мекото ткиво). Стоматолог ќе процени најдобро зошто се клатат, и ако има потреба ќе се направи снимка.
Ти благодарам. Ќе одам секако да проверат што е. Болка немам, кога се допирам на тоа место, мала болка осеќам, вака не. Се клатат ако ги допрам со прст, да. Отокот кога го имав не бев на стоматолог, се повлече после некој ден. Однадвор немав ништо видливо отечено, само околу забите.