Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    Не ти е тоа од лекот, најверојатно е реакција на забот и околното ткиво поради интервенцијата, а можно е и да имаш гнојна ќеса на врвот на коренот која сега се активира. Често и на топлово време се јавуваат такви проблеми. На рендген снимка може да се види конкретно што е проблемот, па да се среди.

    Invincible, слободно пробај да џвакаш на таа страна, внимателно, но без страв. Не чини да џвакаш само на едната страна, мора и другата да ја активираш, пред се поради механичкото чистење на забите со џвакањето.
     
  2. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Сакам да прашам како се чисти забниот камен? Дали со ултразвук? Имам на шеските од страна надворешно но не знам како би се отстранило, ме интересира. :^)
     
  3. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Мене ми го вадеа со некое проклето машинче(слично на тие другите) што гребе по забите, дури на моменти ме ежеше. И ме болеше негде кај што имаше накај непцата :x .
    Ама ако ти е само на шеските немаш гајле, брзо ке заврши ;)
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сакам да прашам, денес додека ги миев забиве видов крварење на непцата и после некое време ми престана, искрено многу ми е страв :^) :worried: :worried:

    едит-Носам фиксна протеза :^)
     
  5. ivana21

    ivana21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво! До пред година дена тројката ми беше се уште млечна, а трајниот ми беше импактиран... ми го извадија млечниот но сега трајниот ми е внатре зад единицата и двојката, инаку забот целосно израсна и е сосема здрав... ми кажаа дека ова може да се реши со фиксна протеза, и дека постоело протеза која што се става од внатре т.е. позади забите... ако може да ми кажете постои ли навистина таква протеза, кај ја ставаат и колко отприлика чини, затоа што не сакам да го вадам забот и на негово место да ставам порцелани... :)
     
  6. Angela.Descu

    Angela.Descu Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Аннет, веќе 6 месеци ме мачи еден проблем со горна 6ка. 2 пати ми го умртвуваа забот, 10 пати ми ги чистеа каналите, Господ го видов. Бев на забар, ми ги чистеше каналите и ми стави пломба. Другиот ден, вечерта забот ме болеше како никогаш порано. На непцето над забот од внатрешна страна имав нешто што кога ќе го допрам ме болеше премногу, мислам дека е гнојно ќесе. Ми даваа да пијам се од Вентор, Раптен, Наклофен, Десктаметазон за противвоспалителни рекации, Аналгин, Аспирин, Заболек ама ништо веќе не помага. Пломбата е ставен на тој заб, забаров уште ме клука со апчиња. Што може да е работата?
     
  7. sara1973

    sara1973 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    имам проблем со јазикот.целиот ми е испукан,имам длабоки засекотини.чудно ми е што не ме боли ни од кисело ни од солено.дали некој друг има ваков проблем?
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Таква протеза постои. Слична е на стандардната фиксна протеза која се носи однадвор на забите, само бракетките се помали. А дали е исто ефиксана не знам. Сепак, доколку ова ти го има предложено ортодонтист, јас ќе те советувам да научиш повеќе за сите видови фиксни протези пред да одлучиш за која.
     
  9. Maja1993

    Maja1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    од што можит да ме болит деснава стана забиве и јазиков ?
     
  10. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    И јас сум прочитала дека може да е до желудникот, шознам консултирај се со стручно лице.
     
  11. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    [​IMG]
    Вакво нешто ли? Ако е тоа, се вика географски јазик, знам затоа што на дечко ми понекогаш му се појавува. Исто прашував и јас на темава Annath ми предложи редовно пиење на б-комплекс и избегнување на многу зачинета, лута храна. Не е нешто страшно сериозно, ама изгледа лошо, а и секако не е нормално. ОБично поминува за некое време, до сега може и ти поминало
    Инаку мене ме интересира, колку време отприлика треба за да изникне 8мица за да може да се извади обично со клешти, без операција? Осеќам дека пробива, под површината е може со некое делче веќе и надвор. Долните ги извадив со операција ама за горните сакам нормално вадење
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    22.643
    Пол:
    Женски
    Уште не ми се излезени 8ците, имам 20 години. Сакам да прашам, мора ли да се вадат овие заби веднаш штом излезат на површина? Вистина е дека расипани растат и затоа се вадат? Ај некоја со искуство нека каже...
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Пак јас |(

    Ова леков од забот ми испушта некој вкус и миризба многу лоша. Има некој горчлив вкус и мириса нешто како ментол. Нормално ли е така? Цел ден ми испушта таков вкус и миризба, и предходниот пат така исто ми беше |( Неможам ни да јадам.
    И што по ѓаволите беа тие игли што ми ги пикаше во забот и вадеше нешто со нив? Гној ли вадеше? Живецот ли го вадеше од забот, ама умрев на столот ми се чинеше во секој момент да рипнам и да си отидам |( И тоа без анестезија, ЗОШТО? А и реков да ми стави нешто за да не осеќам, мислам дека до очите ми ја брцна проклетата игла |(
     
  14. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363

    Исти таков мирис и јас имав кога ми го умртвуваше живецот, е сега јас врска немам од медицинава ама изгледа тоа е...И не се плаши не е толку страшноо, храбра девојка сии :clap:
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Офи, со иглите ти го чисти забот, а мирисот на ментол е од самиот лек и работењето, не се плаши.Ама ме чуди зашто те болеле иглите, после лекот јас не ги ни осеќав, ептен минимално.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyDaget

    LadyDaget Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    23
    ти го лечеле забот и ти ваделе живец а сеа немаш пломба него такво како да го држи лекот и како да се рони од тоа е мене повекето заби ми се така правени :worried: па од тоа е
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски

    Точно е дека се користи ултразвук. Ако правилно се користи, воопшто не боли, само може да се јави крварење од непцата.

    Тоа е последица на фиксниот апарат. Крварењето често се појавува како резултат на воспаление на непцата поради потешкото одржување на оралната хигиена.

    Секако дека ова може да се реши со соодветно апаратче, а какво ќе биде, зависи од ситуацијата, од положбата на забот, од потребната сила која ќе го постави забот на место. Најдобро е да одиш кај некој специјалист по ортодонција, па тој да ги разгледа сите можности околу тоа како да се постави забот во низата и ќе ти каже што треба и колку чини :)

    Најверојатно имаш гноен процес на коренот на забот, кој не е излекуван како што треба, а можно е и да не се убаво отворени и исчистени сите канали - горните шестки се обично тешки за лекување. Најдобро ќе биде да се направи добра ртг снимка и да се утврди што е вистинската причина за болките - јас мислам дека е процес на коренот кој би можел да се санира со апикотомија, но само ако не постои можност за повреда на максиларниот синус. Во принцип, ретки се апикотомиите на тие заби, па многу често се пристапува кон нивно вадење. Каков ќе биде исходот кај тебе зависи од тоа што ќе покаже снимката.

    Најверојатно се работи за географски јазик. Тешко се открива причината, но исчезнува со отстранување на истата (ако се работи на пример за некоја иритација во устата). Се препорачува Б-6 витамини и избегнување на многу зачинета храна.


    Зависи од местоположбата на самиот умник. Ако има доволно место и ако е правилно поставен, не му треба многу време. Ама, како по некое непишано правило, умниците ретко имаат доволно место и се правилно поставени, па најчесто им треба долго време да излезат, или пак воопшто не избиваат целосно. Затоа и најчесто се вадат оперативно, ама тоа е веќе рутински зафат.


    Нема правило за тоа кога никнуваат умниците, кај секого е различно. А може и да немаш умници, и тоа се случува. За да се утврди тоа, треба да се направи снимка. А тоа дека расипани растат - нема врска, туку, поради тоа што тешко никнат и најчесто остануваат делумно покриени со непце, под тоа непце се формира џеб во кој се собира храна, па од нејзиното распаѓање се расипуваат забите и ако сосема никнат, тие се веќе расипани и оттука таа заблуда. Инаку се вадат затоа што прават проблеми (читај хаос) во забната низа, ги туркаат останатите заби поради немањето доволно место за никнење и често предизвикуваат воспаленија на непцето поради џебовите што се формираат под непцето кое што ги покрива.


    Оффи, лекот за умртвување мириса ептен одвратно, како мртво месо (прости ми на споредбава, ама мене така ми мириса), нема никаков мирис на ментол, тоа најверојатно е од цинк оксидот кој се става како завој. Иглите се користат за чистење на каналите, поточно за вадење на нервот и неговите остатоци и убава обработка на каналите да не остане ништо, оти остатоците знаат да направат проблеми. Ако ти бил умртвен забот, не би требало ништо да чувствуваш, ама се си мислам по описот на болката, дека најверојатно ти има пробиено со иглата низ периапикалниот отвор (секој коренски канал го има), за да го лекува процесот кој можеби го имаш на врвот на коренот.
    А инаку, болката понекогаш ни е репер, водич за тоа каде одиме со машината или иглата, па затоа се избегнува нејзино давање.
     
    На Jojoba, happygirl и Offspring им се допаѓа ова.
  18. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Annath може малку помош :( значи ќе полудаааааааам од овие мои заби
    Ај шо се криви и пожолтени ама колку многу ги одрзувам хигиена не можааааааааам веќе.
    постојано ми е страв за предните заби бидејќи почнаа да ми се расипуваат
    и двете 1 ми се пломбирани ама првиот пат ми ги пломбираше една неспособна шо 8 месеци секој месец идев да ми ја поправа пломбaта и више не можев ја сменив
    сега од овој лекар сум позадовлна ама пак нешо чудно ми се случува
    тој ми ја поправи пломбата на кецот и поубаво естетски гледано ми ја направи ама сега гледам ми поцрнува. Ми рече да се мачкам со гингивал ц ама порано го користев а не сум задоволна(инаку непцата ми крварат, помалку од порано бидејки ги чистев ама пак има)
    Имам чувство дека ке полудам не можам веќе
    Како да не мислам дека ке ми се случи нешто живеам со тој страв повеќе од порано откако почнав да ги правам
    Мислиш дека моите стравови се оправдани или?
    Како да не мислам на тоа
    Се надевам дека не те збунив премногу :$
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    22.643
    Пол:
    Женски
    Ај пак јас да прашам нешто :$
    Горе лево 7цата ми е за вадење. Требаше да ја извадам уште пред годинаипол, ама се немам храброст јас. Кога ми ја лечеа, кога и да имав лек на забот, ми отекуваше вилицата од внатре. И веднаш ми го вадеа лекот, и на крај заболекарката утврди дека мора да се извади забот. Значи отворен ми е цело време. И цело време ми е отечена вилицата од внатре. Е сега, последниве неколку дена забележувам со јазикот кога го допирам, дека имам нешто како мевце внатре, во празнината на забот. Кога го допирам со чачкалица, ме боли. И тоа ли е оток или нешто друго? Исто сакам да прашам, колку корени има 7цата? Лесна ли е за вадење? Бидејќи имам траума од вадење заб, и ептен се плашам :sweat:
     
    На Ognena* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    Душо, не зависи од нас самите какви заби ќе имаме, ама од нас зависи какви ќе ни бидат во текот на животот, дали ќе успееме да ги сочуваме или не.
    Ако се криви забите, тоа лесно се исправа, а пожолтуваат од цигари, кафе, чај и пигменти во останатата храна. А бојата на забите е и генетски одредена. Инаку за добра хигиена е доволно четкање два пати дневно по три минути и користење на забен конец после секое јадење.
    За пломбите на предните заби, поточно, општо за белите полнења, посебно оние од постарите генерации, познато е дека се контрахираат (собираат) и може да се јави потемнување на истите, поради тоа што рабното затворање попушта. Ако имаш можност, можеш да ги средиш забите со порцелански навлаки и да си го решиш проблемот. А за крварењето од непцата, повеќе Ц витамин, генгигел или гингивал Ц (овие мастиве само ако имаш изразен оток и крварење, инаку не секојдневно) и често плакнење на устата со течност за уста (има и во поголемите маркети).

    Имаш процес на забот, кој изгледа дека е прилично раширен (дифузен периапикален процес) и најверојатно имаш полип (тоа како мевце). Не е страшно, ни опасно, ќе се извади ако го вадиш забот. Обично не е нешто сложен процес, само треба да се внимава на близината на максиларниот синус, и да се утврди да не е отворен после вадењето на забот. И горните 7 обично имаат три корени, а тоа обично не е проблем при вадењето ;)