Носам фиксна протеза веќе 5 месеци, почнав да осеќам силна болка кај двојката, горе десно. Забите ги четкам редовно, наутро и навечер. Дали е можно болката да ми е од што се мести забот? Исто така имам и воспаление на забот и никако да го решам. Дури и повеќе време поминувам со четкањето на таа страна. Мислам дека ваква голема болка не осеќав кога ги ставив протезите.
Девојки ми треба совет. Имам 25 год и до сега забите ми биле супер. Последнава година дена почна многу кариес да ми се појавува и тоа на предните.. Одам на забар ми го чистат ама еве помеѓу кецот и двојката пред 6,7 месеци ги правев и сега повторно гледам се појавува.. Многу се нервирам кога се работи за заби поготово тие што највеќе се гледаат и не знам што да правам за да го спречам кариесот.. Секако редовно ги мијам, ги чистам со конец ама џабе..
Ми вадеа заб, т.е корен, непцето на тој дел ми беше воспалено, крвареше постојано и имаше "диво месо" барем така го нарече докторката, го исчисти непцето и пиев антибиотик. Помина недела но непцето сеуште е црвено на тој дел каде што бил забот, ми изгледа на воспалено. Некое решение за ова? Дали е нешто сериозно?
Може такво да биде додека да се затвори дупката целосно. Ако немаш болки и оток, не се секирај. Ќе помине и ќе се израмни. Не.
Се е до начинот како размислуваш, подобро да издржиш дали 10 минути да ти ги средат од колку да си направиш проблем, а вака уште не отиден мислиш негативно и само полошо правиш
Правев заб денес , 5ка со анестезија и еве сеа после 3 саати чувствувам тапа болка (не е неиздржлива ама сепак ме боли и главата од забот ). Дали е тоа нормално ?
Јас три дена не си ја осеќав устата од 5ка. Пред 3 недели правев, требаше да одам за уште неколку заба, ама не ми текна да се вратам од страв
И тебе те болеше ? Не ми е јасно како може правен заб да боли. Или па дека со анестезија па сега реагира живецот
Мене не ме болеше пред да го правам, ептен малку беше расипан и ме болеше само од пиење и јадење (жешко/ладно), затоа знам дека е од анестезијата, бидејќи си добив 2 пати повеќе од нормална доза.
исто е како и за други заби нема врска дали е умник ама мојот стоматолог ме прати на орална хирургија за умник и ми зеде 400 денари
Ако е никнат во уста, исто како и било кој друг заб, и чини околу 300-400 ден. Ако е заглавен во коската, мора на хирург. Има некоја разлика во цена ако е покомплицирано, ама не е нешто прескапо. Јас вадев умници на максилофацијална, многу лошо поставен, преку 2ипол саата го вадеа, исечен на триста дела, 800 денари платив. Приватно за споредба вадење на умници е од 50-150 евра, зависно колку е тешко вадењето.
Сабајле ми извадиа 6ка заб, кој беше многу расипан и стоен така подолго време. Ги извадиа корените, и нешто дури до коската работеа..Ваљда дека сега не делува инекцијата или не знам што ама имам остри болки на местото каде што е изваден забот... Дали има причина за паника??