Ако е никнат во уста, исто како и било кој друг заб, и чини околу 300-400 ден. Ако е заглавен во коската, мора на хирург. Има некоја разлика во цена ако е покомплицирано, ама не е нешто прескапо. Јас вадев умници на максилофацијална, многу лошо поставен, преку 2ипол саата го вадеа, исечен на триста дела, 800 денари платив. Приватно за споредба вадење на умници е од 50-150 евра, зависно колку е тешко вадењето.
Сабајле ми извадиа 6ка заб, кој беше многу расипан и стоен така подолго време. Ги извадиа корените, и нешто дури до коската работеа..Ваљда дека сега не делува инекцијата или не знам што ама имам остри болки на местото каде што е изваден забот... Дали има причина за паника??
Што мислите за др. Милена Јованова во аеродром? Искуства? Или да ми препорачате некој добар забар со нормални цени.. Јас од раѓање одам кај ист, ама во последно време не сум задоволна, воопшто не се замара и не работи како што треба и во потрага сум за нов. Ве молам предлози
Јас вадев во ск на приватно кај доктор кој што работи со фондот платив само 250денари а операција правеше, 4 ден денес ништо немам компликации одличен е !
Еве овде види. Спремен е ептен и стручем секоја му чест! Сега за сега немам никакви проблеми ама ештен ми беше крив умникот ептен значи. За некој месец и другиот ќе го вадам кај него.
Здраво, имам проблем со здивот во устата. Редовно ги мијам забите и немам расипани, но сепак здивот и понатаму ми е лош, незнам што да направам. Најчесто сум со мастика или бонбонче, но и покрај тоа се чуствува. Ајде ве молам за ваш совет и мислење. Поздрав
Дали некој имал проблем со сува уста, односно недоволно лачење количество плунка. Препорачајте некое чаре тие со ваков проблем, или доколку има стручни лица од област стоматологија на темава нека препорачаат некои апчиња, нешто за пиење, зашто проблемот е внатрешен. Сите алтернативни методи се пробани безуспешно.
Можеби имаш џебови, па од нив ти мириса. Редовно треба да користиш конец за заби и да го четкаш и јазикот кога ги миеш забите. Ако и покрај тоа мириса, тогаш може да е од грлото, поточно крајниците кои имаат како вдлабнатини во кои се собира храна и се распаѓа. Евентуално од желудникот може да биде, ако имаш рефлукс, гасови или лошо варење. Да се отстрани проблемот што го предизвикува тоа. Со апчиња не се решава, ако е тоа што мислам дека е. Дали и со очите имаш проблеми, со кожата?
Имам проблем со недоволно лачење на плунковите жлезди, затоа ми требаат апчиња кои би ја убрзале нивната работа и функција. Ми имаат кажано за пилокарпин хидрохлорид, дали си запознаена, или со други алтернативи? Фала
Дали чистењето на забен камен е пожелно и задолжително? До сега не сум чистела во мои 33 год. ниту пак заболекарот ми е препорачал или укажал дека имам таква потреба иако често го посетува поради заби лесно подложни на кариес.
Сум слушнала, ама не сум детално информирана за долготрајна терапија. Секако, прво треба да се одреди причината за сувоста на устата - дали се работи за преголем стрес, анемија, дијабетес, автоимуно заболување, употреба на одредени лекови, воспаление на непцата... Ако нешто од ова е причината, треба соодветно да се третира, т.е да се отстрани, оти апчињата не се долготрајно решение. Ако имаш забен камен, да, пожелно е. Ако немаш, нема потреба. Има луѓе кои немаат проблеми со создавање забен камен. Еве, и јас имам скоро 40 години, досега ниеднаш не сум чистела забен камен, оти го немам. Со редовна хигиена и употреба на забен конец, се одржува ситуацијата под контрола.
Редовно идам на заболекар ако имало џебови валда ќе ми кажел, а јазикот ми е грозно да го чистам но ќе почнам. Инаку лани проверував и имав хеликобактерија во желудник и имам проблем со некоја храна ми прави киселина и болки во желудникот па може да е и он проблем но тука незнам како да си помогнам бидејки идев на лекар и не ми дадоа некоја терапија само ми рекоа да се пазам што јадам. Приметувам дека после кафето здивот ми е ужасс, а кафето смета кога ја имаш таа бактерија, но неможам без него насабајле.
Не ви требало да ти е грозно да го чистиш јазикот. На четките има од задната страна рапав дел кој е баш наменет за тоа. Не сите четки имаат, ама во секој случај, и јазикот мора да се чисти, оти собира храна, бактерии и мириси. Можно е непријатниот здив да доаѓа од желудникот. Нема трајно решение за бактеријата, дури и тројната терапија не е ефикасна ако не внимаваш на исхраната.
Дали некоја членка има искуство со забни ламинати/фасети? Имам ставано ламинати од нано пломби но сега сакам порцелански фасети. Искуства?
Ме болат горните и долни предни заби и цело време ми иде да ги стискам или да ги посипувам со кока кола. Што може да ми е? Не ми се случува прв пат. Е сега не знам дали забите или непцата, дали и двете.
Преку ноќ ми се појави простор помеѓу предните заби на горната вилица. Wtf? И дури мислам дека има и мало искривување на другите заби. Сношти забележав. Пред една недела бев на стоматолог, ја немав оваа промена. Можно е за кратко време или малку по малку се случи без да забележам? И која е причината не ми е јасно? Можно е од преголем стрес?Ептен сум загрижена Утре ќе одам кај ортодонт.
Имаш празни простори, па поради тоа е придвижувањето на забите. Често се случува предните заби да се раздвојат, други заби да се искриват, извртат, трети да се издолжат. Забите се движат постојано во текот на животот, не се фиксни. Кога има празни простори имаат тенденција да ги пополнат.