4ките ми се извадени од мала кога бев. Носев протеза(не фиксна). Си дојдоа тројките на место,ама си остана мал простор после нив. Сега планирав да ставам навлака на двојката горе зато шо потемна пломбата после гангрена. Ама ова-шок! Можи ќе треба протеза. Се гледам, десната единица како изместена од лежиштето нагоре и надесно,а не беше така. Ај ќе видам утре шо ќе ми кажат. Фала ти многу @Annath Ете не знаев дека со текот на годините може да се јави простор. Јас па мислам, се' само мене ми се појавува
Зошто не се движат кога имаме криви заби и извадиме макар и здрав заб (нели се добива простор) па да се придвижат, исправат без протеза?
Каква паста користите и каде го купивте? И дали користите некој раствор за против бактериски инфекции итн?
Не оди кај сите со иста брзина, обично кај помлади е побрзо, бар што имам забележано во секојдневна пракса. Ама се средува тоа, без гајле. Кривите заби не се исправаат сами од себе. Кога ќе се извадат заби, се придвижуваат сами, ама никогаш во посакуваниот правец и насока. Изротирани заби не може да се наместат сами без протеза. Здрави заби никој не вади ако не носиш фиксен апарат, а и не се вади во секоја ситуација, само ако ептен има потреба.
@Annath Бев на преглед. Поради забниот камен имам воспаление на гингивите, што предизвика поместување на забите. Ми го исчисти, ми даде Ровамицин и петок пак треба да одам. Се надевам дека ќе делува. Веќе ги почнав. Рече дека може и да се вратат забите во првобитната положба откако ќе се смират. Прашањето ми е, дали смеам да се напијам Еглонил покрај Ровамицинот? Денес цел ден имам некое лошење, омалаксаност, можеби некој вирус
Ќе се умешам во муабет. Нема шанси да се вратат забите назад ако се смири воспалението. Реално и не се поместуваат заради воспаление, туку ако веќе си во почетна фаза на пародонтопатија може полесно да се движат, ама не е работата дека воспаление на непцето предизвикува движење на забите. Ќе се придвижеле секако ако умниците туркале, или има изваден заб некаде во забниот низ. Забен камен секако треба да си чистиш, и да го одржуваш здравјето на забите и непцето, ама ако сакаш да се исправат забите, освен со протеза не постои друг начин.
Да,имам извадени заби. Ама ова баш сега се поклопи со гингивитот. Којзнае, не се разбирам многу. Нека се смири, па ќе видиме. Ако треба и протеза. Само да се реши.
@Annath Здраво, ќе дадам малку подолг вовед: Јас имам многу нездрави и бргу расипливи заби. Имам вадено до сега три заби од кои 5ка и 6ка на едната страна и 6ка на другата страна. Млада сум и решив да си ја разубавам насмевката. Отидов кај мојот матичен стоматолог и реков дека сакам буквално да си ги средам забите вклучувајки дека сакам и мостови. Тој ми кажа дека е потребно прво да го напрвиме останатите неколку расипани заби (од кои 7ца и 5ка од двете страни), па за на крај да ставиме мостови. Се согласив бидејки сметам дека докторот најдобро знае, но едно што ме мачи е тоа што знам дека за ствање на мостови резултира со стругање и на соседните заби. Имам две прашања: 1.Дали забот носач може да биде пломбиран заб? 2. Дали имаше потреба од пломбирање на соседните заби до извадените, бидејќи секако ќе се стругат,(т.е. Дали сум финансиски изманипулирана од докторот?)
Здраво. Незнам каде да го поставам ова прашање. Се надевам не ја згрешив темата. Ми треба сериозно мислење за добар стоматолог, т.е најдобра стоматолошка ординација во нашата држава. Од искуство или од искуства на ваши познаници, искрени мислења. Проблемот поточно: Имам 4 порцелански заби, но сакам да ги сменам поради тоа што изработката е катастрофална и не изгледаат убаво на мене. Таму кај што ми ги правеа ме промашија ептен. И бојата и формата на забите. И плус се начекав 1ипол месец додека да ми ги стават. Знам дека несмеам да одам кај било кој стоматолог за ваков зафат, затоа ме интересира кој во Мк најдобро работи со таа техника, пред се квалитетно но и естетски убаво. Очигледно бев кај луѓе што немаат појма од естетика. Што мислите за Ендомак? Предложете ми ваши мислења и искуства.
Може да пиеш, ама зошто баш Еглонил? Подобро пробиотик напиј се. Иаку, @Spidy ти објаснила убаво, од воспаление на непца не се поместуваат забите. А ако има почетна фаза на пародонтопатија може полесно да се придвижат. Ти одоговорив во пораката. Секако дека може носачите да бидат пломбирани, а дали треба или не, зависи од тоа колку се расипани.
Неколку вечери со ред осеќам чудна болка како да ме боли цела лева страна и горни и долни заби и не можам да откијам од каде точно доаѓа болката бидејќи шета де горе де доле и бидејќи ме боли цела лева страна... како од непцта да ми доаѓа си мислам.. Што би можело да биде?
Убаво си кажа, од непцата. Можно е и од умник да е, ама почесто е од воспалено непце кога е во двете вилици болката. Ќе одиш на чистење кај стоматолог, ќе се смири.
Здраво имам проблем со јазикот, веќе скоро една недела ми вжарува и трпне незнам како да го опишам чувството. Но не е во ред. Некој совет доколку можед, од што може да ми се случува ова, дали е опасно, и како се лечи
Здраво. Дали некој има правено заби во Близнак Дент во Тетово? Сакам да ставам метал порцелан мост и ме интересира дали има некој искуство ?
@Annath морам да те повикам, гледам дека си главна во темава. Два саати и нешто осеќам студ во непцата, забите, не знам што ми е. Не при јадење и пиење туку цело време. Непријатно е и ме мрдна мислам, ќе полудам. Не знам што да направам и од што е. Може ли да ми е од забите или друго потекло има проблемов? Еве сега чајче пијам и го држам за бар малку на момент да ми дојде топло.
Може да имаш забоболка, ама да не знаеш од кој заб потекнува, убаво е да појдеш утре до забар да те ѕирне. Првпат некој ми опишува ваков симптом, па на ова ме асоцира. Не е исклучено и да си се преладила.