Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    403
    Дали знаете некој што решава проблеми од типот асиметрична вилица (со длабок загриз) во Скопје?
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Зависи колкава е асиметријата, ако е значително тогаш тоа се решава исклучиво ортодонтски-хируршки (фиксна протеза плус операција). Ако не е многу, би можело да се среди и само со ортодонтска терапија. Оди на консултација на повеќе места.
     
    На Shaya му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    403
    Па не е за мене, но според тоа што е видливо со око мислам дека станува збор за средна асиметрија (левата страна на целото лице е малку поиспакната нанапред од десната). Сакам да препорачам места на роднина која наскоро се враќа во МК (се разбира бидејќи кај нас е 100пати поевтино), но бидејќи немам искуство со вакви зафати се прашував дали некој тука знае топ 3 места за ова, за консултација.
     
  4. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски


    Лачите доволно плунка, или имате сува уста ?
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Сите пациенти кои ги знам со овој проблем се оперирани надвор од Македонија. Ако не е значително, можеби може да се маскира со пластична операција, за тоа има повеќе избор кај нас, и тоа нема врска со фиксни протези.
    За сериозни вилични малформации во Македонија хирурзи нема.
     
    На Shaya му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolitaspurgatory

    lolitaspurgatory Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2019
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    па прилично сува
     
  7. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    216
    Иии решение за ова, доколку имаме сува уста? Дали ако пиемеповеќе течности ќе го решиме проблемот со сува уста?
     
  8. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски


    Повеќе течности сигурно помагаат, но не го решаваат проблемот. Не сум доктор, ама сум со истиот проблем, и според мене коренот е во недоволно лачење на плунковите жлезди. Не мора да е од ништо предизвикано, едноставно така функционира организмот, и тоа е, мора да го прифатиме како таков.
    Е сега, постојат разни медикаменти и препарати кои го потикнуваат работењето на овие жлезди, ама повеќето се јаки, и се користат во случаи кога пациентите се без плунка останати како резултат на хемотерапии, зрачења итн., значи многу подрастични и озбилни дијагнози. Ја до таму не би идела, да пијам такви лекови, зашто едно ќе поправам, на друго ќе наштетам. Најдов едни на природна база, Инсадент се викаат, ги земав пред пола месец отприлика, почнав да ги пијам по 1 течна капсула 2 пати дневно во текот на 3 месеци пред јадење. Е сега дека се на природна база, пишува требаат 3 месеци за да имаат дејство, така што уште е рано да кажам дали се ефикасни, ама ќе ги терам 3 месеци па ќе видам. Во Виола аптеките се најевтини, околу 300 и нешто денари. Изгледаат вака:

    [​IMG]


    Мислам дека можете да пробате, на природна база се, никакви штетни или несакани последици не може да имате. Ја искрено сум решена да го средам овој проблем, сега се надевам на ова, ако не помогне и после 3 месеци нема никакви промени на подобро, ќе пробам со некое друго чаре.

    @Annath да каже мислење или некое друго стручно лице совет за халитоза и ксеростомија?
     
  9. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Имам порцелански навлаки на 4ка и 5ка горе. Ставени пред повеќе од месец цена. Последнава недела имам повремени но големи болки, ми се чини на непцето. Ме болат и на допир тие два заба. Посебно на ладно, топло.
    Редовна хигиена одржавам секогаш. Е сега зошто ми е вака незнам. Многу боли. Живецот е умртвен.
    @Annath
     
  10. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Јас колку што сум информирана имаат гаранција навлаките, појди до протетичарот ако се викаше така и ќе ти среди.
     
  11. lolitaspurgatory

    lolitaspurgatory Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2019
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    каде ја има оваа аптека?
     
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Немам проблем со забите и протезите моментално туку нешто ме интересира. @Annath и сите што носеле протеза сакам да ги прашам.
    Денес бев на контрола за забите, севкупно ме чинеа 700 евра протезите и ми кажаа дека за контролите не се наплаќа. Меѓутоа ми наплати 450 денари за нешто што го промени кај протезите, како го нарече, заборавив, на л му почнуваше името, дали лаици дали нешто друго.
    Се изненадив бидејќи мислев дека во севкупната цена за протезите стои сиот материјал
    Дали сте имале таков случај да ви наплати?
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.478
    Ластиците на протезата?
    Јас ги платив протезите 500 евра и секоја контрола ја плаќам 500 денари. Ми кажаа дека бесплатни ќе ми бидат поправките на забите, но си плаќам и јас. Ама мене Ортодонтот уште на почетокот ми кажа дека секое менување на ластичињата ке се наплаќа 500 денари.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    А колку често ги менуваше ластиците? секој месец?
     
  15. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.478
    Да. И бираш во различни бои, можеш и проѕирни.
    Ластиците се менуваат бидејќи така се стега жицата.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Се менува нешто што се вика лејсбек (lace back). Тоа е делче кое се додава на протезата, ама ако не плаќаш контроли, не би требало и тоа да плаќаш.
    Ако мислеле на ластиците, тие се менуваат секој месец како и да е, не може да не се сменат.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски

    Mислев на ластиците да, затоа што ми беше чудно во тие 700 евра да се наплаќаат плус, ама како и да е фала што ми разјасни и ти.
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Можно е да се наплаќаат плус, има ортодонти што наплаќаат контроли без разлика која е цената на протезите. Сакав да кажам дека промената на ластичињата и сите други елементи е дел од контролата, и ако веќе ти рекле дека контроли не се наплаќале, не треба да ти наплаќаат и за ова. Единствено ако изгубиш брекет, па да треба да стават нов, тоа може дополнително да се наплаќа зошто не е дел од редовна контрола.
     
  19. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Кецот доле ми е искривен, пола над другиот кец. Ваков ми е одсекогаш. Како помала му барав на матичниот забар да ми даде протеза за да ми се исправи, но не знам од која причина не сакаше да ми даде. Не ми се приметувало. Но сега се повеќе и повеќе ми смета и ме нервира бидејќи кога зборувам ми се гледа и сакам да го средам некако. Не се разбирам многу што би можело да се направи, доколку некоја од вас е поупатена со ваков проблем нека ми пише, или препорачајте ми добар доктор каде да се обратам низ Скопје. Благодарам
     
  20. ivanchos

    ivanchos Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    18.997
    Пол:
    Женски
    Девојки дали е нормална привремена осетливост а топло/ладно после ставање композитни ламинати?