Во петокот вадев заб, шеска - долу. На докторот му требаше поголем физички напор од вообичаено за да го извади забот бидејќи се работеше за заб со огромни корени. По вадењето го видов забот, навистина беше голем, но прав и правилен. Пред да го извади се обиде да го прави, па кога почна со бушење забот почна страшно да мириса, докторот утврди дека е гангренозен и дека мора да се вади. Е сега, денес е трет ден, а мене сè уште ме боли. Имам тапа болка, како некој постојан притисок, дури и околните заби (петката и седумката) ме болат кога ќе ги стeгнам забите или ќе ги притиснам со јазик или прст. Дупката е полна со крв и на површина има фатено бели парталчиња, најверојатно храна. Колку да пазам, храната си наоѓа пат да стигне до раната. Друго што ме загрижува е тоа што смрди. Значи за многу кратко време по миењето на устата осеќам дека почнува да мириса. Бев денес на дежурен стоматолог, ме притискаше околу забот и под вилицата. Рече дека нема инфекција, бидејќи ако имало ќе било потечено и загноено. Ми стави јод во устстата да го почувам една минута и да исплукам. Меѓутоа мене тоа не ми го реши проблемот. Истражував на интернет и секаде пишува дела болката треба да се смири до 24 часа. Не ми е првпат да вадам заб, вака не ми било. Дури и воопшто не ме болело по пуштањето на анестезијата. Ќе ја замолам @Annath за совет или ако има некој со слично искуство да сподели...
Во декември бев на рутински преглед, заболекарката ми поправи два заба, 5ка и 6ка доле. Првиот пат кога ми ја поправи 6ката немав болка во забот, кога ми ја поправи 5ката почна голема болка во вилицата. Бев кај заболекарката ми кажа дека можеби е повисоко при што ја истружи пломбата и ми кажа да пијам магнезиум и б6. Болката не ми се смири ни по две недели. Отидов кај друг стоматолог, направивме снимка, па утврдија дека можеби затоа што двете пломби немале подлога се јавува болка. Ги отворивме двата заба, ми ставија лек и болката се намали во тие две недели, при што кажуваше дека забите се во ред. Ми ставија повторно пломби, болката се врати на 6ката само што овој пат и кога џвакам цврста храна 6ката ме боли. Бев на заболекар ми ја истружи пломбата, болката не поминува ни по две недели. Во меѓувреме ми најде и џепче кое го лекуваше, меѓутоа не даде бенефит. Ми го премачкаа и со некаков гел а и дрен ми ставија. Болката на ладно, болката кога џвакам, и болка на рандом моменти е сеуште тука. Повторно се јавив на забар, ми кажаа дека не знаат што е работата единствено да ми го умртват нервот иако не гледаат причина за тој чекор. Па сега после 3 месеци не знам што понатаму? Кој чекор да го превземам?
Сакам да прашам во врска со чистење забен камен и полирање дали после ова процедура на дел од забите на пример мене на предните долни 4 заби од задната страна осекам грапавост само малце накај врвот не, од што можи да е тоа навистина многу иритира и ме фаќа нервоза пред тоа забите така не ми беа ве молам ако знаи некој да ми одговори и дали се средува тој проблем
Се ти направиле како што треба. Некогаш едноставно забите реагираат на самата работа, бушењето со машината и болат отпосле. Ако не помине само од себе, ќе треба да се умртви. Не е ничија грешка, едноставно некогаш се случува ова. Зависи што точно чувствуваш. Ако површината на забите е рапава, значи не се дочистени како што треба и рапавото е забен камен. Но поверојатно е дека претходно од забниот камен ѕи биле споени предните заби и се ти било рамно, сега ги чувствуваш просторите мегу забите, тоа е нормално да е така и ќе се навикнеш со тек на време. Често се случува кај пациенти со многу забен камен, едноставно не се навикнати на формата на забите кога допираат со јазикот.
Не сум имала забен камен јас на средината на предните заби бели ми беа и сега пак се бели ама грапави, јас и порано сум чистела забен камен го немав овој проблем, сега после оваа постапка вака осекам грапаво дали ова може да се среди многу ме иритира
Глеѓта на забите е мазна како стакло, ако нема дефекти на забот, треба да биде мазна на допир со јазик.
Разбирам мене ми се здрави предните заби но после третманите јас осеќам рапава површина пред тоа ми беше све мазно сега ме иритира ме фаќа нервоза незнам дали може да се среди и на кој начин ме интересира тоа прв пат мо се случува вакво нешто послечистење забен камен и полирање ве молам за одговор ако знае некој да ми одговори ви благодарам однапред
Па оди кај стоматологот да ти ги дочисти забите. Кај комплицирани и тешки вадења болката може да трае подолго. Раната според описов е ок. Стрпи се, ќе помине.
Мене ми се чисти бели ми се забите само на предите долни од задната страна осеќам грапаво и ме нервира ме интересира дали може да се среди тоа и како? Сакам да ми бидат како и предходно мазни
Како се средува воспалено непце од кое секој ден тече крв? Четкам повеќе пати во денот и пијам 1 грам вит. Ц по препорака на стоматолог ама не поминува голем проблем е веќе
Па да одиш да ти ги дочисти остатоците, тие се рапави и нерамни. После ќе ги исполира уште еднаш. Да се најде причината и да се отстрани. Редовно чистење и дренажа на стоматолог, добра орална хигиена, редовно користење на конец за заби. Витамин Ц, плакнење на устата повремено со 3% хидроген, чај од жалфија, евентуално Листерин кога има потреба.
Да се дочистат убаво, нема друго што да се прави. Мора и друг проблем да има. Криви заби, стара пломба, длабок џеб, или техниката на чистење не ти е добра. Користиш забен конец или интердентални четки, или некоја водичка за плакнење? Ете сме со @Annath со конзилијарно мислење
Фала многу на двете. Користам листерин, а конец не, ги раскрвавувам со конец и стоматологот ми рече да не користам. Пломби немам околу тие заби. За жалфија не знаев, ќе земам од денес.
Дарлинг, со жалфијата нема да погрешиш. Два пати во денот е добро за почеток. Јас пред да ги ставам протезите имав оток на непцето. По две жабуркања со жалфијата мене ми помина отокот. И да, би ти препорачала Лакалут паста за заби. Од кога ја користам заедно со жалфијата немам проблеми. Со среќа.
Доколку го има некој истиот проблем како јас само со полирање се средува тој проблем туку што се вратив од стомотолог и ми е подобро