Вчера внатрешно ми чистеа циста во горната усна шуплина која е споена со носот,имам конци во устата но имам и оток од усната до обравчето,како да се смали освен со ладни облоги? Пијам антибиотик но сеуште е тука отокот
Kapsuli Serrapeptase 1×1 na gladno 1 saat pred jadenje se pijat, na parce se prodavaat zemi sedum na Health Aid se najcisti i kje ti spadne otokot.
Здраво, сакам да прашам нешто. Носам фиксна протеза и беше потребно да ги извадам долните четворки. Кога ја извадив десната веднаш другиот ден ми се направи коагулум и веќе наредниот ден падна. Кога ја извадив левата ништо не ми се направи, дури денес т.е. по недела и пол ми се направи. Дали е нормално или јас нешто ја повредив раната?
Нормално е да има оток после операција. Се додека добро зараснува се, не се секирај ќе спадне само од себе.
Пред три години ја извадив шестката долу, ме интересира кога е препорачливо да ставам заб на тоа место за да не ми се искриват другите заби?
Што побрзо тоа подобро, оти поминале три години. Ама сега никој нема да ти стави заб, ќе почекаш да помине кризава.
Јас не знаев дека може да настане проблем дури сега дознав а постепено се криват забите или наеднаш?Затоа што моментално во ред ми е се но некако се испаничив кога дознав што може да се случи... И колку време отприлика трае целиот процес?
Постепено оди, додуша кај некои побавно, кај други побрзо. Ставање на заб ако е имплант оди нешто побавно, пошто после всадувањето на имплантот се чека одреден период на осеоинтеграција, т.е коската да "го прифати" имплантот, па се става заб. А ако се става мост, без разлика дали металкерамички или од безметална керамика, најбрзо за неколку дена би имала заб. Под услов да се добри забите носачи.
Девојки,дали некоја има извадено заб од предните заби?И дали се чуствувате малку непријатно заради тоа,кога се смеете.Јас имам долго време извадено еден,ама кога се смеам малку ми е непријатно,иако баш и не се познава?
Познавам луѓе од кои и јас еве 20 години веќе имам извадено заб, исто и мајка ми од пред 30 год па ниту и се искривиле другите заби ниту ништо, исти случај и со мене а имам многу проб со забите, познавам и други луѓе кои исто така ваделе заби па не им се искривиле другите, нема правило, ниту пак некој ќе ти го предвиди тоа, со сета почит кон стоматолозителе ама цел живот го поминав по забари, искрено не знам кај кој не сум била, никој не знае да ми ја каже причината за толку проб со забите, така да не ми се верува дека баш им држи вода тоа тогаш ќе ти се искриват забите, бидејќи немаш еден заб тогаш и тогаш. Сепак мое искуство.
Ти кажуваш искуство од еден човек, или тројца. Ние стоматолозите кажуваме искуство од илјадници пациенти. Само затоа што тебе така ти било не значи дека истото ќе биде и кај другите. Тоа што тебе не ти се искривиле забите те прави исклучок од правилото.