Ај и јас да прашам нешто. Имам проблем со тројката на горната вилица ми расте однадвор, а на долната имам неколку криви заби.. мојата докторка рече дека можам да поминам со мобилна ,а кога отидов у државна да ми земат мерка ми рекоа дека морам да носам фиксна . И сеа што да правам? Фиксна нема шанси да носам! Има негде приватно кај што ставаат протези? Па да видам и таму што ќе ми кажат..
Види, секаде различно ќе ти кажуваат. Затоа прави како што мислиш ти. И мене ми викаа дека треба фиксна, ама не сакав, си носев мобилна, и ми ги исправи забите. Ма да, секој случај индивидуално, не мора да значи и за тебе. Зависи и до степенот на деформацијата. Ако е нешто во поголем степен, сепак фиксна треба, иако не сакаш..
Ќе пробам прво со мобилна па ќе видиме.. А ти на колку години носеше мобилна? Пошто во државна ми рекоа дека сум требала на 10-11 години да носам мобилна али ја тогаш немав мислам седмици
Епа јас двапати носев мобилна ( ама јас бев проблемот, дека не ја носев редовно ). Првата ја ставив некаде на 11, ама кратко ја носев.. И после негде 13, 14 години почнав да носам пак. Вреди да пробаш со мобилна, не е скапа, ништо нема да изгубиш..
Каков апарат ќе носиш зависи од целокупната ситуација. Ако специјалист ортодонт ти рекол дека треба фиксен апарат, тогаш таков треба, матичните доктори сепак не можат секогаш правилно да ја проценат ситуацијата, башка ортодонтот има повеќе искуство, бидејќи нему тоа му е работа. Ако сакаш со мобилно апаратче да ги исправуваш, биди спремна на многу упорност и доследност и долготрајно носење. А со фиксен апарат побрзо може да се средат забите. Скапо е, ама секако и за мобилното апаратче плаќаш барем 100 евра ако имаш повеќе од 18 години - фондот ги признава мобилните апаратчиња кај малолетни деца.
Annath уште нешто Што мозе да биде причината за да имам чувство дека забите ми т.е. непцето ми "трне"односно отрпнува нз како да се изразам? Дали дека ми е воспалено или дека има недостаток на витамин Ц? И како да го совладам психички проблемот? Не можам ми пречи во секојдневието се се плашам дека ке им се случи нешто на предните заби, да не полудувам? Дури и срцето почне да ми чука како лудо? Да не е анксиозност или нешто сл? Знам дека е до мене, до мојата психа ама како , како да го надминам стравот?Heeeeeeeeeeeeeeeeeeeelppppppppppppp
Девојко, жал ми е што ќе ти кажам, но иста си како мене, и мене истото ми се случува, значи плус и јазикот ми трне, гадно чувство, но се е во нашата глава, до нашата психа... Мене пред 4 месеци матичниот ми кажа дека сум анксизона, но сега сум мн подобра, знам дека се ми до психата и дека сама ис правам, од сресови и нервози, и нем у обрнувам мн внимание на тоа. Немаш недостаток на витамин ц, се е во најдобар ред, јас милион пати се проверувам и пак трне трнеше, значи се е до нас, мора да си ги средиме мислите и психата Ако имаш време зирни ја темата Анксиозност на Фемина, има многу девојки со истиот проблем.
До Annath или било кој постручен на темава. Во мала недоумица сум..имам закажано белење на забите со пескарење (без ласери и чуда само тоа пескарењето и некоја крема што ќе ја мачкам по дома после тоа) ама некако на два ума сум..иако читав на нет дека тоа не ја оштетува глеѓта на забите дури ја намалувало сензитивноста на топло ладно на забите, некако незнам. Имате ли некакво искуство за можни последици и резултати? И исто ако се решам да одам, пломбите на предните заби (кои треба да ги сменам поради деколорација) да ги сменам пред белеењето или после тоа за да одговараат со новата боја? Или во процесот на белеење и тие ќе обелат? (може ми е глупо прашањево ама стварно немам појма!)
На горната вилица oд левата страна изгледа ми расте осмица . Сабајле кога се прозевав осетив болка кога ја отворив устата и со јазикот напипувам и набабрено ми е некако. После и со прст го напипав местото и мислам дека ке ми излезе осмица. Е сега работата е тоа што мислам дека нема доволно место за осмици на вилицата. Некако ко криво да ми расте, како навнатре да е...(така ми изгледа) И што ќе биде ако ми изникнат накриво? Ќе треба да ги вадам ?
Самата си свесна дека тоа ти е на нервна база, мораш малку да се релаксираш. Зошто да се плашиш дека ќе им се случи нешто на предните заби, немаш причина за тоа, но да не си имала некоја траума во детството поврзана со забите? Може да се работи за симптоми на анксиозност, но не сум компетентна да поставувам таква дијагноза. Во секој случај, мораш да си ги оттргнеш мислите од тоа дека нешто ќе им се случи на забите - сепак тие не се незаменливи Ако се двоумиш за белеење, пескарењето ти е подобра опција отколку класичното избелување, воопшто не е болна процедура, не трае долго, а ги избелува забите за една нијанса. Пломбите нема да обелат со пескарењето, а новата боја нема да ти трае којзнае колку долго време - сепак забите попримаат пигменти од храната која секојдневно ја внесуваме. Ако ти никнат накриво, најчесто се вадат. Обично умниците прават проблеми во забната низа или пак пречат во загризот, па се вадат. Ама се зависи како навистина е поставен забот.
Annath и јас имам едно прашање за тебе... ...Значи при миењето на заби имам заприметено дека непцата ми крварат, а особено кога ги мијам со потврда четка за заби ? А, да напоменам дека носам фиксна протеза...
Сонце, ти напишав и претходно, побарај една страна поназад. Од фиксниот апарат ти е тоа, затоа е важна хигиената. И користи медиум четка (со средно тврди влакна), меките не ти вршат работа, а тврдите се многу груби.
Дали може некој да ми препорача добар стоматолог за ставање на вештачки заби на цела горна вилица и се разбира да не е екстремно скап П.С. Дали можеби знаете како се движат цените за поцелански заби
Aна, пак јас со мојава 7ца Денес бев кај 2ца заболекари. Едниот не ме ни седна на столот оти имаше гужва и онака од нога ме виде, и ми рече 7 дена да пијам Вибрамицин за да ми спласне отокот и да се вади забот потоа. Отидов кај заболекарката што ме лекува со години, и објаснив дека не ме боли забот, само во споредба со 7цата на др страна, забележувам оток. Таа ми вика нема оток, само хронично воспалена вилица, и ја покажав снимката од забот, ми кажа имало мала циста ама ништо страшно. Таа вели кога сакаш може да го извадиме. Сега се двоумам, да пијам апчиња или не? Едниот ми вели така, другиот онака
Па мислам дека нема потреба да пиеш апчиња, штом немаш болка и штом отокот не се зголемува. Јас би го послушала вториот совет, со оглед на тоа дека првиот стоматолог воопшто не те ни прегледал како што треба. А мислам и дека Вибрамицинот не се пие 7 дена, една доза има 3 или 4 капсули, ако не сум грешка. И да имало гноен оток, ќе требало да пиеш Ампицилин или некој сличен антибиотик, а не Вибрамицин. Ако има циста, секако забот ќе мора да се вади, оти цистите знаат да се прошируваат, па да настане поголем оток. Затоа, извади го забот побрзо. Ама не се препорачува во жештиниве да се вадат заби, или оди рано наутро или пак почекај до септември.
Вчера го вадев седмицата на левата страна...а додека осумката сеуште не е излезена , осеќам болка на местото на раната на извадениот заб и не можам да заклучам ама мислам и дека околу него.....Оваа се случува првите неколку дена додека да зарасти раната или ????
Ќе те боли овие неколку дена, сепак вадењето на забот не е мала работа, тоа е траума за околното ткиво. Ако болката се засилува, ако отече местото или прокрвари, оди на стоматолог за да се провери раната.
Вчера ми рече дека рааната е чиста крварење нема...ептен малку ..ќе почекам до утре..пиев аналгин..ја смири болката..а мислам дека нема да продолжи да боли....Ти благодарам Многу.
Што е тоа забна гангрена? Читав нешто на Интернет и испадна дека е распаѓање на забниот живец. Знам дека се лекува со отварање на забот,вадење на нервот и чистење и на крај полнење на каналите. Она што ме интересира е колку ваквата постапка е успешна? И колкави се шансите да се спаси забот? Дали понатаму би се познавало дека тој заб е всушност мртов (без нерви) т.е дали ке ја промени бојата -да потемни. И дали заразата/кариесот кој ја предизвикал гангрената може да се пренесе на соседните заби?